За утре најавен повторен бојкот на онлајн наставата во Македонска Каменица

Како родители на учениците од четврто и петто одделение информираме дека со бојкотот во текот на утрешниот ден продолжуваат сите ученици, додека од 5 до 9 одделение одреден број родители на учениците се вклучуваат. 

Родителите на учениците кои учат во четврто и петто одделение при деветолетката ,,Св.Кирил и Методиј” во Македонска Каменица, за утре најавуваат продолжување на протестите против онлајн наставата и бараат настава со физичко присуство за своите ученици. Во информацијата од родителите, се вели дека на оваа иницијатива им се приклучуваат и родители од останатите одделенија.

– Како родители на учениците од четврто и петто одделение информираме дека со бојкотот во текот на утрешниот ден продолжуваат сите ученици, додека од 5 до 9 одделение одреден број родители на учениците се вклучуваат. За утре е најавена и посета на државни инспектори за образование во Каменица, така што треба да покажеме единство во одлуката за игнорирање на онлајн наставата, велат родители на учениците од 4 и 5 одделение.

Спротивно на ова, во дел од текстот на МОН и последниот допис до родителите, се вели дека одлуката за онлајн настава мора да се почитува.

– Образовниот процес мора да продолжи. Клучно за секое дете е да ја следи наставата без разлика дали е онлајн или со физичко присуство. Апелираме до сите да останат посветени и доследни на одговорноста која секој од нас ја носи во однос на здравјето на децата, но и на јавното здравје, се вели во дел од текстот на МОН во однос на досегашниот бојкот на наставата во Македонска Каменица.

Околу 50 родители заедно со своите деца во училишниот двор на деветолетката ,,Св.Кирил и Методиј” на почетокот на учебната година изразија протест против реализирањето онлајн настава. Сметаат дека онлајн платформата е нефункционална, поради што побараа од надлежните настава со физичко присуство за учениците. Како најголем адут за своите барања тие посочија дека училиштето и просторно и технички во целост ги исполнува условите за одвивање настава со физичко присуство.

Мадона го остави 37 години помладото момче: Кога завршија патувањата, ја снема возбудата (ФОТО)

Поп иконата Мадона го остави своето момче Акем Морис, 37 години помлад од неа.

Според извор близок до пејачката, парот тивко се разделил кон крајот на октомври, само неколку месеци откако таа ги споделила првите заеднички фотографии како уживаат за време на прославата на четврти јули.

– Мадона со оваа „играчка“ наиде на ист проблем како и со сите нејзини неодамнешни мажи – изјави ексклузивно за DailyMail извор близок до ѕвездата.

- Разликата во години стана проблем - продолжи изворот.

- Тие доаѓаат од различни временски периоди. Кога патувањето низ светот престанало, престанала и возбудата, открил изворот.

Да потсетиме, иако нивната врска неодамна стана позната, Мадона и Акем се познаваат веќе некое време. И двајцата учествувале на снимање за списанието Paper во 2022 година. Заедно го прославија и Денот на американската независност, пишува Daily Mail.

Акем е роден на 2 мај 1996 година во Јамајка и моментално живее во Њујорк. Дипломирал политички науки на Универзитетот Стони Брук, а претходно играл фудбал. Мадона неодамна раскина со 30-годишниот Џо Попер. Пред тоа беше во врска со 35 години помладиот Ахламалик Вилијамс, а претходно се бакнуваше и со 41 година помладиот скејтер Андре Дарнел.

Ѕвезда на Барселона, иако повреден, им помага на погодените во поплавите во Валенсија

Минатата недела, Валенсија беше погодена од огромни поплави, а ураганот Дана на крајот однесе преку 200 животи, заедно со голема материјална штета.

Многумина ѝ доаѓаат на помош на шпанската покраина која е во катастрофална состојба, а меѓу нив е и фудбалерот на Барселона, Феран Торес (24).

Шпанскиот интернационалец во моментов е повреден и не учествуваше во вчерашниот пораз од 1:0 против Реал Сосиедад поради повреда на тетивата. Сепак, тој успеа да скокне на критичните места и да им помогне на луѓето на кои им е потребна. Феран е роден во Фоус, лоцирана во општина Валенсија, каде што ја започна својата кариера.

@beckhamfoot7

Ferran Torres s'est rendu à Valence afin 𝗱’𝗮𝗶𝗱𝗲𝗿 𝗹𝗲𝘀 𝘃𝗶𝗰𝘁𝗶𝗺𝗲𝘀 𝗱𝗲𝘀 𝗶𝗻𝗼𝗻𝗱𝗮𝘁𝗶𝗼𝗻𝘀 ! ❤️🩹👏🏽

♬ son original - Priince Beckham🇨🇩🇲🇱

Тој треба да се врати на теренот на почетокот на декември. Торес пристигна во Барселона од Манчестер Сити за 55 милиони евра во јануари 2022 година. Пред тоа играше за Валенсија. За шпанската репрезентација има 48 настапи и 21 гол, а минатото лето со Шпанија беше европски првак.

Снимка ја разбесни Шведска: Мигрант турна бабичка по скали, ја ограби и си замина (ВИДЕО)

Мигрант од Сирија, кој побарал азил во Шведска, ќе биде депортиран откако било откриено дека турнал 91-годишна бабичка по скали, а потоа ја ограбил.

Карам Кањо (26) е снимен како напаѓа и ограбува несреќна бабичка, која отишла да го посети гробот на нејзиниот сопруг. Нападот се случил на 29 август годинава, објави Дејли Меил.

Тој ја нападнал жртвата во близина на станицата Солентуна, десетина километри северозападно од Стокхолм. Бабата се обидела да се спротивстави и го фатила, па заедно се тркалале по скалите. Карам потоа ѝ го скинал ланчето од вратот на старицата и ѝ нанел бројни повреди. На видеото се гледа како минувачите бегале во страв, а крадецот мирно си заминал откако го скинал ланчето.

На помош на бабата дошле двајца минувачи. Бабата додека давала изјава во полиција рекла дека крадец ѝ ги украл ланчињата кои ги добила на подарок пред повеќе од 40 години. Таа исто така истакнала дека во својот живот од девет децении никогаш не почувствувала вакво насилство и дека била преплашена.

Како што е соопштено, Карам пристигнал во Шведска во 2015 година, а денеска бил осуден на пет и пол години затвор и му е наредено да биде депортиран во Сирија. Исто така, треба да плати и отштета од околу 7.000 евра.

Медиумите јавуваат дека Карам Кањо е осуден силувач, кој извршил најмалку 19 кривични дела пред да пристигне во Шведска во 2015 година.

Тој претходно бил осуден на две и пол години затвор за силување жена во 2021 година, но бил ослободен една година пред да му истече казната.

По депортацијата, Карам ќе добие доживотна забрана за враќање во Шведска. Кањо ја обжалил одлуката на судот да го депортираат, но официјалните лица кои одлучуваат за азил наведуваат дека тој „не воспоставил контакт со Шведска“ во сите овие години.

„Живее во лоши социјални услови, нема сопствено сместување, ниту работа“, рекле пред судот.

Карам на судењето рече дека доколку биде депортиран ќе биде подложен на тортура и нехумано постапување дома.

притисни ентер