За упис на средношколци во дуалното образование 269 дуални паралелки и 6.725 слободни места - Канал 5

За упис на средношколци во дуалното образование 269 дуални паралелки и 6.725 слободни места

Од речиси 28.000 места во учебната 2025/2026 година за учениците кои ќе можат да се запишат во средните општински училишта, од нив 18.500 места се предвидени за упис во средните стручни училишта.

За упис на средношколци во дуалното образование 269 дуални паралелки и 6.725 слободни места

Од речиси 28.000 места во учебната 2025/2026 година за учениците кои ќе можат да се запишат во средните општински училишта, од нив 18.500 места се предвидени за упис во средните стручни училишта, од кои 6.725 места се во дуално образование во 269 паралелки.

За таа цел Владата и Министерството за образование и наука го зголемиле бројот на стипендии за дуално образование на 1.570, а зголемен е и бројот на компании кои покрај теоретската настава во училиштето, на средношколците запишани во дуалните паралелки ќе им овозможат и практична настава во 550 компании.

Како што денеска соопштија од владината прес-служба, ова значи дека учениците додека се школуваат, ќе стекнат и практична вештина, ќе се квалификуваат за пазарот на труд и ќе добијат можност за вработување веднаш по завршување на образованието.

- Обезбедени се 50 милиони денари, односно месечна стипендија од 3.500 денари за 9 месеци во годината, ќе добијат учениците кои ќе се запишат во дуални паралелки и ќе ги исполнат условите од конкурсот кој ќе биде објавен за доделување на стипендиите. Нашата заложба како Влада е да го реформираме и подобриме образовниот систем и да создадеме млади кои наместо да се иселуваат, ќе можат да ја градат својата иднина во Македонија. Се обврзавме на промени, тоа и го исполнуваме. Создаваме иднина и ја развиваме Македонија, се наведува во соопштението од прес-службата на Владата на РСМ.

Без струја дел од општините Сопиште и Карпош

 Без електрична енергија денеска ќе останат дел од општините Сопиште и Карпош, соопшти РЦУК Скопје по добиено известување од Од ЕВН Македонија АД.

Без струја дел од општините Сопиште и Карпош

Како што се наведува во соопштението, без струја во периодот од 08:00 до 12:00 часот, ќе видат дел од корисдниците од с.Сопиште на главен пат околу „Давидоф“, а во периодот од 12:30 до 14:30 часот, дел од ц.Долни Нерези во Карпош.

На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата

На граничните премини утринава, според информациите на Авто мото сојузот на Македонија, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. 

На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Најмалку двајца загинати во серијата земјотреси во Гватемала

Најмалку две лица загинаа во серијата земјотреси што синоќа се регистрирани во Гватемала.

Најмалку двајца загинати во серијата земјотреси во Гватемала

Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Гватемала, со епицентар на околу 60 километри од главниот град. Потоа уследија серија земјотреси со магнитуда од 3,9 до 5,6 степени според Рихтер.

Земјотресите предизвикаа и материјална штета, што дополнително ќе се проценува.

притисни ентер