За термин за конзилијарно мислење за помош и нега од трето лице се чека и по пола година - Канал 5

За термин за конзилијарно мислење за помош и нега од трето лице се чека и по пола година

Пациент од Пробиштип цели шест месеци чека да добие термин за преглед за конзилијарно мислење од лекари кои ќе потврдат дека и годинава, како лани, потребна му е помош и нега од друго лице. 

За термин за конзилијарно мислење за помош и нега од трето лице се чека и по пола година

Дека огромен е бројот на вакви случаи потврдуваат и од Здружението на матични лекари, бидејќи токму тие чекаат да се пуштат термини за да можат на пациентите да им дадат упат. Доктор Лилија Чолакова Дервишова појаснува дека пациенти кои се тешко болни или со инвалидитет се препраќаат во други градови за да завршат работа бидејќи ловот на термини за конзилијарно мислење може да трае со месеци.

Проблеми нема само со термините за нега, туку и по пандемијата, слободен термин, на пример за мамографија во Скопје „нема ни за лек“. Исто е во повеќето градови, но во некои, за месец дена од сега може да најдете еден слободен термин. Само во еден град, во Кичево, има термин најрано задутре. Матичните велат дека оние кои немаат пари за на приватно, чекаат со месеци.

Матичните лекари апелираат дека неоходна е целосна реорганизација на здравствениот систем со цел да им се овозможни навремена помош на пациентите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Винисиус и холивудски актер со порака до Халанд: Те чекаме (ФОТО)

Репрезентативецот на Бразил и ѕвезда на Реал Мадрид, Винисиус Џуниор, објави на својот Инстаграм фотографии од тренинг со Тери Круз, холивудски актер. 

Винисиус и холивудски актер со порака до Халанд: Те чекаме (ФОТО)

Винисиус и Круз му порачаа на Халанд: „Те чекаме“. Затоа го повикаа Норвежанецот да одговори на нивната објава, бидејќи тој почна да одговара на бројни луѓе во последно време. Халанд забележа најголем пораст на следбеници на Инстаграм за време на последното Светско првенство. Токму тој со Норвешка го елиминираше Бразил на Винисиус во осминафиналето.

Кој е Тери Круз?

Тери Круз (57) е поранешен професионален американски фудбалер кој стана актер по спортската кариера. Тој беше ѕвезда во рекламите на „Олд Спајс“, а подоцна и во сериите „Бруклин Најн-Најн“ и „Сите го мразат Крис“. Познат е и по своите улоги во филмовите „Бели пилиња“ и продолженијата на филмот „Експендблс“.

Круз имаше кратка кариера во НФЛ. Тој беше драфтуван во 1991 година од Лос Анџелес Ремс, а се пензионираше од професионалниот спорт во 1997 година. Покрај Ремс, тој играше и за Сан Диего Чарџерс и Вашингтон Редскинс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филмски грабеж во Словенија- од комбе за превоз на пари украле 100.000 евра, полицијата во потера

Разбојници во Изола во словенечка Истра украле голема сума пари од комбе бидејќи тоа утро собирале приходи од продавници, што е повеќе од вообичаено со оглед на тоа што моментално е главната летна туристичка сезона.

Филмски грабеж во Словенија- од комбе за превоз на пари украле 100.000 евра, полицијата во потера

Неофицијално, акцијата се одвивала како во филм, објави 24 Ур.

Комбето што ги транспортирало парите било паркирано пред влезот на голема продавница. Потоа, чуварите влегле во просторијата на задниот дел од продавницата, каде што се наоѓа голем сеф.

Во тој момент, наводно, се случила брз грабеж во комбето преку страната на возачот на возилото. Од ова може да се заклучи дека чуварите биле набљудувани долго време, а планот бил добро подготвен.

Полициската управа во Копер потврди дека се украдени повеќе од 100.000 евра. Иако брзо биле поставени сообраќајни блокади, сè уште не е откриено кој го зел богатиот плен. Полициската управа во Копер побарала од полициите од соседните земји да ги пронајдат сторителите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огромна кражба во подстаницата Драчево, вредна 5 милиони евра- уништена е железничката инфраструктура

Во електровлечната подстаница Драчево, лоцирана помеѓу железничките станици Лисиче и Драчево, е извршена кражба од големи размери.

Огромна кражба во подстаницата Драчево, вредна 5 милиони евра- уништена е железничката инфраструктура

Во електровлечната подстаница Драчево, лоцирана помеѓу железничките станици Лисиче и Драчево, е извршена кражба од големи размери, при што е предизвикано целосно уништување на значаен дел од електроенергетската опрема на железничката инфраструктура.

При кражбата биле насилно превртени два големи електроенергетски трансформатори, секој со тежина од над 30 тони. Од трансформаторите било испуштено и истурено трансформаторското масло, додека бакарните намотки и другите вредни компоненти биле целосно отстранети и украдени.

Од подстаницата се украдени бакарни жици, бакарни шини и прачки, како и практично сите уреди и елементи неопходни за нејзиното функционирање. Со ваквото противправно дејствие, објектот е доведен во состојба на целосна нефункционалност.

Според првичната проценка, директната материјална штета изнесува околу 5 милиони евра.

Овој настан не претставува само кражба на бакар и опрема, туку тежок напад врз критичната железничка инфраструктура и врз имотот на државата и граѓаните.

Оштетувањето на објекти од ваков вид може да предизвика сериозни последици за безбедноста, стабилноста и редовното функционирање на железничкиот сообраќај.

Апелираме до надлежните институции случајот да биде темелно и итно истражен, сторителите и сите лица вклучени во кражбата, транспортот и понатамошното отуѓување на украдените материјали да бидат идентификувани и да понесат соодветна одговорност.

ЈП МЖ Инфраструктура

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер