За шест месеци Еко-патролата во Скопје врачила 709 записници за неправилно исфрлање отпад

Седумстотини и девет информативно-едукативни записници за граѓаните што на терен се затекнати дека го прекршуваат Законот за јавна чистота изготви Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена" – Скопје во првите шест месеци од оваа година.

„Комунална хигиена" денеска реализираше едукативна акција за правилно и совесно постапување со отпадот за граѓаните на скопската општина Аеродром.

Едукативните активности, како што се наведува во соопштението на ЈП „Комунална хигиена" беа спроведени поради зачестените случаи на неправилно одлагање комунален и кабаст отпад во оваа општина. Неправилното одлагање на отпадот резултира со создавање диви депонии и ја загадува животната околина, нагласуваат од Јавното претпријатие.

Претставниците на Еко-патролата и одделенијата за едукација, квалитет и развој и професионална одговорност ги информираа граѓаните дека според Законот за јавна чистота, комуналниот, кабастиот и градежниот отпад не смеат да го исфрлаат на јавни површини, како и за можноста што претпријатието им ја нуди отпадот од електронската, електричната опрема и стариот мебел бесплатно да ги депонираат во центрите за селекција во Карпош и во Вардариште.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер