МакедонијаЗа шест часа казнети 600 возачиВо периодот од 15 до 21 часот вчера, полицијата санкционирала 600 возачи за брзо возење, од кои 349 во населено место. Дополнително, 251 возач ја пречекорил брзината надвор од населено место.- Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на РепубликаМакедонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 600 возачи. Од нив 27 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 349 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 251 надвор од населено место, соопшти МВР. Полицијата најави дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.Тагови: пребрзо возење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СветПреговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници? Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник. Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина. Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 НоемвриНа денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата. Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна . Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“. На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот. Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање. Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеБесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во ЖелезничарВо здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата. Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20