Шоу бизЗа речиси 600.000 долари е продадена гитарата која Курт Кобејн ја скрши на сцена Гитарата која фронтменот на Нирвана, Курт Кобејн ја скрши на сцената е продадена за речиси 600.000 долари, објави вчера аукциската куќа Julien's Auctions, иако очекувале да добијат десет пати помалку за инструментот.Гитарата на крајот била продадена на аукција во кафулето Хард Рок во Њујорк за точно 595.000 долари, што аукциската куќа го прогласи за „неверојатно“. Црниот Fender Stratocaster е повторно склопен, но веќе не може да се свири на неа. Гитарата го носи потписот на тројца членови на култниот гранџ бенд: Кобејн, басистот Крист Новоселиќ и тапанарот Дејв Грол. Гитарата сè уште покажува пукнатини што ги направил Кобејн, изјави Коди Фредерик од Julien's Auctions за агенцијата Франс прес. „Кога беше на сцената и свиреше, Курт Кобејн беше машина. Беше лут и се чувствуваше тоа. Особено во начинот на кој ракуваше со неговите инструменти“, рече тој во мај. Фредерик верува дека оштетената гитара симболизира „оштетен музичар“ и „сурово и бурно време“ во музиката. Нирвана е основана кон крајот на осумдесеттите во северозападната американска држава Вашингтон. Групата се здоби со поширока слава во 1991 година со објавувањето на нивниот втор албум, Nevermind, кој беше продаден во повеќе од 30 милиони копии. Фронтменот на групата стана русокос идол и глас на новата генерација, но во текот на животот се бореше со зависност и здравствени проблеми. Тој изврши самоубиство во Сиетл во април 1994 година, на 27-годишна возраст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: 8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во ГостиварУште еден човечки живот е загубен од западнонилска треска. Бројот на починати се искачи на осум.Осум жртви од западнонилска треска и осум недели без извештај за водата во Гостивар. Две здравствени кризи, ист модел на однесување на власта на Мицкоски и Клековски: задоцнета реакција, институционален хаос, молк и никаква одговорност. СДСМ со недели предупредуваше дека власта задоцни со превенцијата од западнонилската треска. Задоцни со прскањето против комарци, задоцни со системските мерки и со навремената заштита на граѓаните. Бројот на заболени и починати расте, а одговорност нема. Истото се случи и со здравствената криза во Гостивар. Околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош, а осум недели подоцна јавноста сè уште го нема целосниот извештај за водата. Што кријат Мицкоски и Клековски осум недели? Цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните – со своето здравје, а за жал и со своите животи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПанел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“Во Вила Водно утринава се одржува и панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“.На оваа панел-дискусија претседателката Сиљановска-Давкова и поранешни политичари, државни функционери, пратеници, новинари и јавни личности ја споделија својата перспектива за политичките,институционалните и општествените процеси што доведоа до создавањето на независна македонска држава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСе преврте товарно возило на Битола-ПрилепОд 07:40 часот, сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Р1101 Битола – Прилеп е во прекин, соопшти АМСМ.Товарно моторно возило излетело од патот Битола – Прилеп кај селото Беранци. Засега нема информации за повредени. Според СВР Битола сообраќајот е во прекин за товарни возила, додека патничките возила се пропуштаа наизменично.Тагови: Битола-Прилеп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook