3Ѓорѓиевски: Да оставиме пример, не ѓубре - Скопје повторно се обединува во најголемата еко-акција досега!
Најбогатиот човек на светот, милијардерот Илон Маск живее во куѓа од само 50 000 долари, која изгледа како скромна викендичка
Клековски во Белград: Соработка со референтните институции во Србија и зајакнување на капацитетите дома
1Најбогатиот човек на светот, милијардерот Илон Маск живее во куѓа од само 50 000 долари, која изгледа како скромна викендичка
2Клековски во Белград: Соработка со референтните институции во Србија и зајакнување на капацитетите дома
МакедонијаЗа Рамазан Бајрам јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред Јавниот превоз сообраќа по неделен возен ред за време на продолжениот викенд поради верскиот празник Рамазан Бајрам. Денеска дежурни билетарници и центри за персонализација се оние кај Транспортен центар и кај Зелен пазар. Утре дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација кај Транспортен центар, Зелен пазар, Автокоманда (Дирекција на ЈСП „Скопје“) и во Ѓорче Петров. Жичницата денеска ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а утре нема да работи. Од вторник (1 април 2025 година) жичницата ќе работи еден час повеќе, од 10 до 18 часот. - Согласно со Одлуката за возен ред во април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот. Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот за жичницата се неработни денови, се вели во соопштението од ЈСП Скопје.Тагови: Жичницата ЈСП Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
ЖивотНајбогатиот човек на светот, милијардерот Илон Маск живее во куѓа од само 50 000 долари, која изгледа како скромна викендичкаКуќата на Илон Маск изгледа како скромна викендичка: Најбогатиот човек на светот не знае што поседува, а еве каде живее.Неговото богатство се мери во стотици милијарди долари, но домот што го избрал нема речиси ништо заедничко со типичните вили на милијардерите. Илон Маск, чие богатство се проценува на 839 милијарди долари, тврди дека поголемиот дел од времето го поминува во куќа вредна околу 50.000 долари во Бока Чика, која ја изнајмува од „SpaceX“. Овој скромен приземен дом има три спални соби, бидејќи Маск ја претворил гаражата во дополнителна соба, а покрај неа ја користи „Casita“ од компанијата „Boxabl“ како куќа за гости. Илон Маск со години ја носи титулата еден од најбогатите луѓе на планетата, а според годишната листа на милијардери на „Форбс“ за 2026 година, неговото богатство се проценува на неверојатни 839 милијарди долари. Сепак, кога станува збор за домот каде што тој тврди дека го поминува поголемиот дел од своето време, сликата е сосема поинаква од раскошот што вообичаено се поврзува со милијардери од негов калибар. Наместо огромна вила со базени, приватни кина и десетици соби, Маск своевремено откри дека неговото главно живеалиште е скромна куќа во Бока Чика, односно во областа Старбејс во Тексас, која ја изнајмува од „Спејс-икс“ (SpaceX). - Мојата главна куќа е буквално куќа од 50.000 долари во Бока Чика/Старбејс, која ја изнајмувам од SpaceX. Но, навистина е одлична – напиша Маск на социјалната мрежа X. Тој ја претвори гаражата во трета спална соба. Куќата се наоѓа во близина на комплексот на SpaceX и однадвор воопшто не личи на дом на еден од најбогатите луѓе во светот. Станува збор за едноставен приземен објект во светла боја, кој Маск го користи како база додека престојува во Тексас. За време на гостувањето во подкастот „Full Send“, тој изјави дека куќата првично имала две спални соби, но дека со текот на времето го променил распоредот на просторот. - Технички, тоа е куќа со три спални соби. Претходно имаше две, но јас ја претворив гаражата во трета спална соба – рече Маск. Покрај главната куќа, Маск поседува и монтажен објект од компанијата „Боксабл“ (Boxabl), кој го користи како куќа за гости. Станува збор за моделот „Касита“ (Casita), кој во времето кога Маск го набавил чинел околу 50.000 долари и имал површина од приближно 35 квадратни метри.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНајопасната закана од Америка за Украина досегаАдминистрацијата на Доналд Трамп ги предупреди Украина и европските сојузници дека САД би можеле да ја прекинат размената на разузнавачки податоци и европската набавка на американско оружје за Украина. Условот е Киев да престане со нападите со оружје со долг дострел врз руските енергетски постројки. Двајца европски претставници ја потврдија оваа информација за Си-ен-ен (CNN). За време на викендот, Стејт департментот и Пентагон упатија предупредувања до украинските и европските претставници, додека американската војска директно стапила во контакт со командантите во Украина. Друг извор запознаен со ситуацијата потврди дека САД се заканиле оти ќе ја прекинат размената на разузнавачки податоци. „Фајненшл тајмс“ прв објави за заканите за прекин на соработката и на набавката на оружје. „Му се јавуваат на Киев... Им се јавуваат на сите во Европа“, изјави еден од функционерите што примиле повик од Министерството за одбрана на САД. Заканите доаѓаат во момент кога претседателот Доналд Трамп е крајно незадоволен од украинскиот претседател Володимир Зеленски поради нападите врз руските рафинерии. Трамп долго време смета дека војната меѓу Украина и Русија е причина за растот на цените на дизелот на светскиот пазар и бара од двете страни да ги прекинат нападите врз енергетските капацитети. Кон високите цени придонесе и конфликтот на САД со Иран. Еден европски функционер изјави за Си-Ен-Ен дека споделувањето разузнавачки информации и набавката на оружје се „клучни“ за Украина. Тој ја опиша заканата како „тажен ден“ за Киев и неговите сојузници. Доколку заканите од САД се остварат, последиците по украинската одбрана би биле моментални.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЕнди Бурнам: „Путин не успеа“ Британскиот премиер Енди Бурнам потврди дека Велика Британија поседува докази оти рускиот претседател Владимир Путин се мешал во гласањето на референдумот за Брегзит.Раководителот на одделот за Блискиот Исток при британското Министерство за надворешни работи, Стивен Даути, денес изјави дека обидот на Путин не успеал. Според британскиот весник „Телеграф“, Даути изјави дека Кремљ не успеал во својот наводен обид да го поткопа референдумот за Брегзит, одржан на 23 јуни 2016 година, кога 51,9 отсто од гласачите го поддржаа излегувањето од ЕУ, а 48,1 отсто сакаа Британија да остане во Унијата. Неговите коментари уследија откако Барнам изјави дека постојат докази оти Русија се мешала во референдумот од 2016 година и дека е важно улогата на Кремљ да биде „јасно и официјално евидентирана“. Сепак, британскиот премиер не кажа дали обидите биле успешни или кој ги открил, ниту пак потврди дали лично видел какви било докази што би го поткрепиле тоа тврдење. Даути изјави дека Кремљ не успеал во обидот да влијае врз гласањето во 2016 година, додавајќи дека резултатот од гласањето за Брегзит е валиден. „Тие секако се обидоа. Јасно е каков е исходот од референдумот. Знаеме каков беше резултатот. Не мислам дека успеаја во своите напори. Не мислам дека успеаја во обидите да ги поткопаат нашите избори“, рече Даути. Барнам во неделата изјави дека, по пристигнувањето во Даунинг стрит, побарал проценка за улогата на Кремљ во гласањето во 2016 година и тогаш добил „јасен одговор дека имало мешање“. Оваа изјава на британскиот премиер ги поткрепува шпекулациите дека тој планира да го искористи наводното руско мешање како изговор за повторно одржување на референдумот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter