За првпат во историјата на Македонија: Онколошката грижа на маса на највисоко ниво - Канал 5

За првпат во историјата на Македонија: Онколошката грижа на маса на највисоко ниво

Министерството за здравство и здружението ХЕМА-ОНКО денес, во Свечената сала на Владата, ја одржаа работилницата „Редефинирање на онколошката грижа: системски решенија за достапна и непрекината грижа во Македонија“. 

За првпат во историјата на Македонија: Онколошката грижа на маса на највисоко ниво

За прв пат во историјата на Македонија, за состојбата и иднината на онколошката грижа се разговара на вакво високо ниво. На една маса седнаа Владата, Министерството за здравство, МАНУ, Медицински и Фармацевтски факултет, Институтот за јавно здравје, Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, ГОБ „8 Септември“, повеќе директори на ЈЗУ, здравствени работници и од јавен и од приватен сектор, претставници на пациентите, како и на индустријата. Со нив беа и водечки експерти од Франција, Словенија, Хрватска, Бугарија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

„Сега е критичен момент како од фрагментиран и преоптоварен систем на онколошка грижа да преминеме во сеопфатен национален план и онколошка мрежа со единствени стандарди и ја има целата поддршка на Владата и здравствените власти“ изјави министерот за здравство Сашо Клековски на отворањето. „За првпат во историјата на Македонија за ракот се разговара на вакво ниво: Владата, институциите, лекарите, пациентите и врвни европски експерти заедно“, изјави директорот на УКРО Игор Стојковски. Инаку, бројките покажуваат зошто разговорот е итен. Во 2023 година во Македонија се регистрирани 8.371 нови случаи на рак, што е 16 % повеќе отколку пред десет години. Истата година од рак починале 3.726 лица. Секој ден се поставуваат околу 23 нови дијагнози, а умираат околу 11 луѓе. Кај нас ракот се јавува поретко отколку во ЕУ, но од него се умира почесто.

Во воведното предавање проф. д-р Жозеф Глигоров од Универзитетот Сорбона и болницата Тенон во Париз ги претстави европските онколошки стандарди. Тој истакна дека Македонија треба да премине од еден преоптоварен центар кон национална онколошка мрежа. Во таа мрежа еден сеопфатен онколошки центар ќе ја води грижата, сложеното лекување ќе се концентрира таму, а вообичаената терапија ќе се дава поблиску до домот на пациентот. Како најбрзи мерки ги посочи задолжителните конзилиуми за секој нов случај, вклучително и на далечина, и патеките на пациентот со максимални рокови на чекање. Притоа предложи патоказ за следните 24 месеци.

Првиот панел, со модератор Синиша Стојаноски, директор на ГОБ „8-ми Септември“, отворено ги изнесе слабостите на системот. Говореа д-р Марија Андоновска (ИЈЗ), Елена Ристоска (МЗ), проф. д-р Игор Стојковски (УКРО) и Ана Марјановиќ (ХЕМА-ОНКО). Панелистите покажаа дека ракот кај нас се јавува поретко отколку во ЕУ, но од него се умира почесто. Скрининг-програмите постојат на хартија, но не стигнуваат до граѓаните, па опфатот кај ракот на дојка е под 6 %. Дијагностиката, без која нема терапија, е недоволна и ранлива. УКРО носи товар за цела држава и работи на границата на своите можности, со само три линеарни акцелератори за 1,8 милиони жители. Терапијата се планира од буџет до буџет, а пациентите губат недели од првиот сомнеж до почетокот на лекувањето. И покрај тоа со истата опрема во 2025 година и истиот персонал дијагностичките услуги се зголемени за 15% а радиотерапијата за 55% и само благодарејќи на подобрата организација и на здравствените работници, нема колапс.

Панелот „Од потреби до одлуки: инфраструктура и технологија во онколошката грижа“, беше посветен на приоритетите. Модератор беше Ана Шутиноска. Учесниците во три круга одговараа на три прашања: каде е најитно, што функцира и кои се следните чекори.

Во рамки на овој панел серазговараше и за приоритетните инфраструктурни и технолошки потреби за унапредување на грижата за онколошките пациенти, како и долгорочните стратегии за национален пристап кон контролата на малигните заболувања.

Во заклучната сесија во име на пациентите се обрати Ана Марјановиќ од ХЕМА-ОНКО. Министерот Клековски ги изнесе насоките на Министерството за следните чекори: итни мерки за стабилизација на онколошката грижа и долгорочен национален пристап кон контролата на ракот.

„Денес за првпат имаме заедничка слика: каде сме, каде сакаме да бидеме и како ќе стигнеме дотаму. Пациентите што се лекуваат денес не можат да чекаат, па затоа прво доаѓаат итните мерки. Паралелно започнуваме повеќе активности како студија за инфраструктурата и технологијата и градење на долгорочен национален пристап кон контролата на ракот. Македонија од годинава е дел од EU4Health под исти услови како земјите-членки. Европските средства одат таму каде што има национален план, јасна водечка институција и податоци, и токму тоа ќе го градиме“, рече министерот Клековски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предводникот на Комо, Фабрегас има една забелешка по историскиот триумф од 9:1!

Тренерот на „чудото од покрај езерото“, легендарниот ас на Барселона, Челзи..., Сеск Фабрегас, долго време ги средуваше впечатоците по историската победа на Комо над Ланс со 9:1 во 4. коло од Лигата на шампионите.

Предводникот на Комо, Фабрегас има една забелешка по историскиот триумф од 9:1!

Фабрегас и неговите играчи се вистински хит оваа сезона. И не само тоа – тие се сензација.

Фудбалот што го играат е нешто што долго време не е видено, дури ни на елитно ниво. Играат како вистински да се „играат“.

Фудбал во кој човек лесно може да се заљуби.

Комо е дебитант во Лигата на шампионите, а како новајлија во најсилното европско натпреварување, тие делат фудбалски лекции, довчерашниот второлигаш, сезонава го победи Лајпциг со 4:1, Јунајтед со 4:1, а Ланс со 9:1. Единствениот пораз го претрпеа од Феенорд, со 2:3.

Инаку пред само две сезони, Комо беше член на Серија Б. Тогаш тимот го презеде Сеск, кој во тоа време сè уште ја немаше задолжителната УЕФА „Про“ тренерска лиценца.

„Ова е само нашиот четврти натпревар во Лигата на шампионите, а бројот четири е дефинитивно важен број за нас“, изјави Фабрегас со насмевка за „Скај Италија“ (Sky Italia) по величествениот резултат на стадионот „Болеар“. Сеск очигледно прераснува во одличен тренер. А имаше и од кого да учи.

По Пеп Гвардиола и Луис Енрике, актуелниот тренер на Комо е уште еден производ на системот на Барса, но и на шпанскиот фудбал, кој доминира во светот.

„Среќен сум, ова е фудбал и сè се одвиваше во наша корист. Момците си ја завршија работата одлично, а сега мораме да се подготвиме за многу важен натпревар во недела – деветти по ред во периодот меѓу паузите за репрезентативните обврски.“ Комо е во одлична серија – победата против Ланс беше шеста по ред во сите натпреварувања. И покрај историската победа, перфекционистот Фабрегас беше незадоволен од една работа – примениот гол. „Лут сум поради примениот гол, бидејќи направивме промена во дефанзивната поставеност по трите извршени замени. Плус, голот го постигна мојот поранешен соиграч (Рубен Агилар), со кого играв во Монако. По натпреварот му реков дека никогаш претходно нема постигнато таков гол. Навистина беше прекрасен погодок.“ Она што беше впечатливо во овој дуел е дека сите девет гола на Комо беа постигнати по одлична тимска игра и организирани акции.

Тоа е печатот на Фабрегас. Екипата игра. Тоа е толку препознатлива карактеристика на „Ла Масија“. Ова е „тика-така“ од крај езерото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Торнадо уништи аеродром во Бразил, летови прекинати...!

Силно торнадо во средата ја погоди бразилската држава Санта Катарина и ја уништи аеродромската инфраструктура во градот Шапеко.

Видео: Торнадо уништи аеродром во Бразил, летови прекинати...!

Драма на пистата среде катастрофата: „Авионот силно се тресе“ .

Внатрешноста на терминалот и кровната конструкција се урнале под налетите на ветерот, хангарите и главната сала претрпеле оштетувања, а ветерот откорнал метални конструкции на влезот и искрши прозорци.

Снимките од дрон покажуваат оголени покриви во неколку делови од аеродромскиот комплекс, а дел од урнатата конструкција паднала дури и врз еден помал авион. Сите летови се прекинати.

Концесионерот „Voe Xap“ го потврди прекинот на работењето, односно на полетувањата и слетувањата, и апелираше до патниците да не доаѓаат на аеродромот додека техничките екипи вршат детален увид и санација на штетата.

Градските власти соопштија дека работењето е прекинато до петок, додека концесионерот наведува дека прекинот е на неодредено време.

Во моментот кога торнадото удри, патничкиот авион на „Азул“ се наоѓаше на пистата, подготвувајќи се за полетување. Во разговорот со контролната кула беше опишана ситуацијата на пистата.

„Стоиме, авионот силно се тресе, се поместува... Застанавме на пистата, леталото се движи, не можеме... радио врската... Чекаме да се смири за да можеме да се вратиме на паркинг-позицијата.

Се враќаме кон влезот на позицијата. Ќе процениме дали можеме да влеземе“, им рекоа членовите на екипажот на контролата на летање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пропадна ли договорот за увоз на дизел меѓу Трамп и Путин?

Контроверзниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на руски дизел во Соединетите Држави, пред изборите на средината на мандатот, се чини дека пропаѓа.

Пропадна ли договорот за увоз на дизел меѓу Трамп и Путин?

Контроверзниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на руски дизел во Соединетите Држави, пред изборите на средината на мандатот, се чини дека пропаѓа, а два танкера што првично се упатиле кон американскиот брег наеднаш го промениле курсот, пишува „Фајненшал тајмс“.

Промената на рутата доаѓа во момент кога состојбата со залихите на дизел во САД дополнително се влошува. Најновите податоци покажаа дека залихите паднале под 100 милиони барели, што се случува за првпат по повеќе од две децении. Овој недостиг би можел дополнително да го оптовари пазарот на горива, кој претставува една од клучните алки на американската економија.

Неколку недли пред изборите, Трамп постигна договор со рускиот претседател Владимир Путин за купување и увоз на пратки со дизел во САД, со цел да ги намали цените на бензинските пумпи и да придобие гласачи.

Овој потег не им донесе никаква корист на републиканците – во вторникот, демократските кандидати остварија убедливи победи ширум земјата и ја презедоа контролата врз двата дома на Конгресот.

Танкерите со руска нафта веќе не патуваат кон САД.

„Талисман“,руски танкер стар 20 години кој е под санкции од САД, Велика Британија и Европската унија, како и танкерот „Леру“ – кој е во сопственост на субјект од Хонгконг, плови под знамето на Сиера Леоне и е под санкции од Велика Британија, ЕУ и Канада – повеќе не ја наведуваат американската атлантска крајбрежна област како своја дестинација.

Во понеделникот, „Леру“ (Leroux) го промени својот сигнал и како нова дестинација го наведе Бразил, додека „Талисман“ (Talisman) се оддалечи од Атлантскиот Океан и се упати назад кон Средоземното Море, каде што моментално се наоѓа во близина на алжирскиот брег.

Овој брод емитува сигнал „чекање на наредби“, што значи дека за товарот сè уште нема потврден купувач или пристаниште за истовар.

Третиот танкер натоварен со руски дизел, бродот „Агиои Фанендес“ (Agioi Fanendes) во грчка сопственост, според податоците за пловидба, сè уште се упатува кон САД, но исто така емитува сигнал „чекање на наредби“.

Неговиот сопственик, компанијата „Истерн Медитеранеан Меритајм“ (Eastern Mediterranean Maritime), претходно за „Фајненшел тајмс“ (Financial Times) изјави дека бродот плови и чека наредби, бидејќи пристаништето за истовар сè уште не е потврдено.

Во средата, компанијата не одговори на новото барање за коментар. Од друга страна, „Бист“ (Beast) – танкер под санкции, регистриран на Сејшелите, кој товарот го презел на 27 октомври во руското пристаниште Приморск – исто така се упати кон САД и емитува сигнал „Атлантик“ (Atlantic), што укажува дека негова дестинација е атлантскиот брег на САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер