За побрза дигитализација неопходана соработка со приватниот сектор - Канал 5

За побрза дигитализација неопходана соработка со приватниот сектор

 Земјава е длабоко зачекорена во процесот на дигитализација и на него се работи многу, но се уште има недостатоци.

За побрза дигитализација неопходана соработка со приватниот сектор

Со стручно согледување на состојбата и поголема интероперабилност, посебно меѓу министерствата и јавните институции, за кратко време може да се постигнат значајни резултати, беше речено на денешната 16. конференција на МАСИТ.

Учесниците порачаа дека податоците денес се еден од клучните ресурси, а наскоро ќе станат и најголемата вредност на компаниите.

– Најголемите технолошки компании во светот се токму оние што ги поседуваат податоците. Нашата држава е веќе масовно зачекорена во областа на дигитализацијата на јавниот сектор, но клучна е соработката со приватниот сектор, изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Тој потсети дека е веќе објавен порталот за отворени податоци со поставени над 200 податочни сетови од преку 45 институции, во функција е и Националниот портал за електронски услуги, кој ќе биде пуштен во употреба следниот месец, а лансиран е и Централниот регистар на население.

– Ова значи дека граѓаните ќе можат на законски начин да го користат својот електронски идентитет за добивање услуги и од јавните институции, но и од приватниот сектор, потенцира министерот.

Тој најави и дека следниот период со поврзување на разните бази на податоци и нивната дигитализација, ќе се креира уште поголема база на податоци кои ќе ги користат и приватните компании за развој на нови бизниси, анализи и иновативни решенија, како и државата за да стане поефикасна во испорачувањето услуги и да се доближи до граѓаните.

Претседателката на Бордот на директори на МАСИТ, Анета Антова Пешева уште еднаш го нагласи значењето на ИКТ индустријата, посочувајќи дека за само два месеца, од јуни до август годинава, платите во овој сектор се зголемени за седум отсто.

– Според растот што го имаме треба да се обрне поголемо внимание на ИКТ индустријата која за два месеца ги зголеми платите за седум проценти без каква било интервенција и сега тие во просек изнесуваат 96.430 денари бруто или 63.800 нето. Со зголемување на платите од 12.000 на 14.500 нема да ги задржиме младите во земјава, но можеме да почнеме да ги убедуваме да останат ако имаат добар стандард и добар третман, нагласи Антова Пешева.

Порача и дека ИКТ индустријата во земјава треба да се качи на повисоко ниво и да биде столб на стопанството, а не сервисна дејност како што засега се третира.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Баерн го освои „Метрополитано“, Јунајтед со пресврт до триумф над Рома

Фудбалерите на германскиот велика, Баерн Минхен го совладаа Атлетико во Мадрид со резултат 2:0 (0:0) во дербито на првата вечер од 4. коло во Лигата на шампионите.

Баерн го освои „Метрополитано“, Јунајтед со пресврт до триумф над Рома

Фудбалерите на германскиот велика, Баерн Минхен го совладаа Атлетико во Мадрид со резултат 2:0 (0:0) во дербито на првата вечер од 4. коло во Лигата на шампионите.

Дербито во Мадрид на стадионот „Ванда Метрополитано“ во првото полувреме беше прилично израмнето, но и досаддно, додека во второто полувреме до израз дојде квалитетот на баварскиот великан.

Победникот беше решен во средината на вториот дел кога Карл и Лајмер го совладаа Облак во 54 односно 74 минута за конечни Атлетико - Баерн 0-2.

Манчестер јунајтед синоќа направи голем пресврт во Лигата на шампионите, со што практично ја спаси работата на Мајкл Керик.

„Црвените ѓаволи“ губеа од Рома на „Олд Трафорд“ со 0:2, но успеаја да победат во второто полувреме. На полувремето, Керик успеа да го промени расположението во тимот, чии играчи поверуваа дека можат да го свртат текот на натпреварот.

„На полувремето сакав да бидат попозитивни – во најмала рака, да не паѓаат во очај и да не бидат премногу фрустрирани. Кога постојано се обидувате да направите нешто, најлесно е да почнете да се сожалувате себеси. Ако нешто тргне наопаку, се разочарувате. Тоа никому нема да му помогне. Ако е така, тогаш сите можеме да си одиме дома. Мораме да продолжиме да бараме нова шанса, ново решение“, изјави Керик.

Карик е задоволен по ваквиот исход.

YouTube video

„Не сакам премногу да зборувам за момците, за тоа што може да направи ова место, за историјата и минатото, но сето тоа е тука. Ова место прави магични работи; ги правело и претходно, а ќе ги прави и во иднина, одново и одново. Има нешто посебно во ова место – кога имаме вакви вечери, успеваме на потешкиот начин. Но, еден момент може целосно да ја промени ситуацијата. Разговарав со момците за тоа; им реков: ’Ајде да создадеме еден момент што ќе го сврти текот на настаните‘ – и токму тоа се случи“, додаде Карик. Јунајтед има шест бода по четири кола и моментално се наоѓа на 17-тото место.

Лига на шампиони, 4. коло вторник

Галатасарај - Штутгарт 2:0 (2:0) Батраков 12, 15

Шахтјор - Спортинг 0:1 (0:0) Думбија 59

Атлетико Мадрид - Баерн 0:2 (0:1) Карл 54, Лајмер 74

Барселона - Астон Вила 3:0 (1:0) Џамал ​​7, Рафиња 52, 62

Бодо/Глимт - Лил 0:0

Феенорд - Интер 0:3 (0:2) Бисек 8, Еспосито 34, Зиелински 54

ЛАСК - Слован 4:0 (3:0) Молгард Јоргенсен 19, 37, Љубичиќ 44, Адениран 48

Манчестер Јунајтед - Рома 3:2 (0:2) Фернандес 58. стр, Куња 82, 86 - Суле 11, Мален 17. стр

Виљареал - ПСЖ 0:6 (0:4) Невес 9, Дуе 12, Мајулу 13, Руиз 17, 50, Боли 78

среда 18.45

АЕК - Реал Мадрид

Фенербахче - Ливерпул

21:00

Борусија Дортмунд - Бетис

Објектив - Комо

Порто - Наполи

ПСВ - Клуб Бриж

РБ Лајпциг - Манчестер Сити

Славија Прага - Арсенал

Викинг - Сабах

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одреден притвор за сопственикот на „Алта банка“ Давор Мацура

Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ имал и двајца помагачи.

Одреден притвор за сопственикот на „Алта банка“  Давор Мацура

Вишиот суд во Белград му одреди притвор во траење до 30 дена на одговорното лице во „Алта банка“, Давор Мацура, кој се сомничи дека од трезорот на банката изнел повеќе од 45 милијарди динари, со помош на уште две уапсени лица.

На директорот на секторот за трезор и управување со готовина во „Алта банка“, Г. М., и на соработникот за трезорски операции во „Алта банка“, И. П., им е одреден притвор, соопшти денеска судот.

Според Мацура, на Г. М. и И. П. им е одреден притвор за да не влијаат врз сведоците и за да се спречи повторување на кривичното дело во краток временски период, а исто така, според Мацура, мерката е одредена и поради опасност од бегство.

Се сомнева дека Давор Мацура го сторил кривичното дело злоупотреба на положбата на одговорно лице, додека другите се сомничат за истото кривично дело, извршено преку помагање.

Како што претходно соопшти обвинителството, постои сомневање дека Мацура го сторил делото во претходниот период, заклучно со 31 октомври, пречекорувајќи ги границите на своите овластувања.

Притоа, осомничените Г. М. и И. П. му помогнале создавајќи услови за извршување на кривичното дело – во својство на лица одговорни за непосредно ракување со вредности во трезорот на „Алта банка“ – со тоа што му предавале картички за влез во трезорот, или пак, користејќи ги сопствените картички и своето присуство, му овозможиле неовластен влез во трезорот „Депо“.

На овој начин, како што се сомнева, Мацура извлекол пари од трезорот и се стекнал со незаконска имотна корист во износ од околу 45 милијарди динари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Вината за Алта банка е кај Мицкоски и Славески – тие ја донесоа во Македонија

За Алта банка целата одговорност е кај Христијан Мицкоски и Трајко Славески, тие ја донесоа банката на Вучиќ во Македонија која сега е под стечај.

СДСМ: Вината за Алта банка е кај Мицкоски и Славески – тие ја донесоа во Македонија

Граѓаните во Македонија не можат да дојдат до своите пари, до своите заштеди, луѓето што живеат од социјална помош немаат од што да ги покријат трошоците и не можат да ги подигнат средствата.

Немаат за храна, сметки, лекови, немаат за живот. Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови. Само на компаниите им овозможија слободно да префрлаат пари.

Владата на Мицкоски го отвори патот за влез на Алта банка во Македонија, а гувернерот Славески даде согласност за преземањето на Стопанска банка Битола. СДСМ предупредуваше за сомнителниот капитал уште пред 11 месеци.

Славески уверуваше дека се е во ред а ништо не е во ред. Сега носи погрешни одлуки на штета на граѓаните.

Она што скандалот со Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС на Вучиќ во Србија и ВМРО-OКГ на Мицкоски кај нас.

За овој скандал, за оваа финансиска афера мора да има одговорност.

Трајко Славески да поднесе оставка за да се спречат дурги штетни негови одлуки.

Обвинителството да отвори истрага и кривично да ги гони Мицкоски, Славески и сите кои што се поврзани со Алта банка.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер