За операција на срце ќе биде неопходна одлука од тим од тројца до петмина лекари, најави Алиу - Канал 5

За операција на срце ќе биде неопходна одлука од тим од тројца до петмина лекари, најави Алиу

По скандалот со најмалку 10 пациенти кои без потреба се оперирани за профит, отсега за тоа дали на некој пациент му е неопходна операција на срце нема да може да одлучува само хирургот.

За операција на срце ќе биде неопходна одлука од тим од тројца до петмина лекари, најави Алиу

По скандалот со најмалку 10 пациенти кои без потреба се оперирани за профит, отсега за тоа дали на некој пациент му е неопходна операција на срце нема да може да одлучува само хирургот, туку тим од тројца до петмина лекари, меѓу кои ќе има и кардиолози и анестезиолози. Ова ќе стане пракса во македонските болници, најави Министерот за здравство Азир Алиу кој кажа дека допрва ќе стигнат тројца странци за да ги потврдат извештаите на досегашната комисија која нотираше дека има докази оти на дел од пациентите иако не требало, сепак им бил направен оперативен зафат. Дури откако постапката ќе заврши ќе се објават имињата на лекарите и болниците во кои ова се правело, а во меѓувреме комисијата ќе влегува по клиники и ќе истражува дали операциите на срце за профит биле секојдневие.

-Можеби не тројца, туку пет лекари експерти да ги сочинуваат овие т.н. „хард тимови“. Во наредниот период ќе креираме нов протокол за да може таа компонента на „хард тим“ да влезе и да биде дел од самиот протокол. Мислам дека административно ќе ни биде потребна една недела. Најверојатно до следната недела ќе ги знаеме новите протоколи и ќе може од наредниот понеделник, значи за две недели од сега да функционираат таквите хард тимови,- - Азир Алиу – Министер за здравство.

Премиерот Христијан Мицкоски кој заедно со Министерот ја посети старата градска болница, кажа дека освен што во здравството се работи на неколку фронта ќе се отворат и телефонски линии за граѓаните да можат да пријават мито и ги повика да тоа да го прават за да има крај на ваквите појави низ болниците.

-Работиме со МВР за отворени линии и гарантирана дискреција за да можеме да направиме чекор понапред. Секој оној кој што пријавил, успешно се завршила таа акција.

Имаме огромен број на луѓе кои што чесно си ја вршат работата, помагаат, и за нив, капа доле, но имаме малкумина или неколкумина за жал сето ова го контаминираат, заедно со оние мешетари кои се околу, не во здравството туку околу здравството, кои со децении „го цицаат“ здравството- Христијан Мицкоски.

Според првиот човек на Владата во секторот здравство се инвестира најмногу досега, но и покрај тоа, има проблеми. Мицкоски најави сериозни реформи, структурни и квалитативни, па за неколку години од сега да се стигне до силно јавно здравство без девијантни појави.

.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражби

Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.

Превентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражби

На 09.11.2026 полициски службеници од полициска станица Штип одржаa едукативно предавање во ООУ „Ванчо Прќе“ во Штип на учениците од шесто и седмо одделение на тема „Меѓуврсничко насилство-Булин и Сајбербулинг“ при што им беа појаснети сите елементи на насилство помеѓу учениците,како да ги препознаат и каде да го пријават секој вид на насилство.

На 09.11.2026 на повеќе локации во Централно градско подрачје во Штип и Кочани полициски службеници од полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Штип и Кочани спроведоа превентивни активности од областа на сообраќајот, под мотото „Стави појас“ и „Не користи мобилен додека управуваш со моторно возило”. За време на спроведувањето на активностите на возачите им беше укажано за задолжителната обврска од носење сигурносни појаси при возење, односно да не користат мобилен телефон додека управуваат возило. Исто така, им беше укажано и за санкциите што произлегуваат од непочитување на законските одредби, а на возачите дополнително им беа поделени и печатени едукативни материјали, изработени со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

На 09.11.2026 полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, реализираа превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“. На возачите им беше укажано за ризикот што го преземаат за сопствената, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот при користење мобилен телефон додека управуваат возило.

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа сообраќајни превентивни активности во рамки на кампањата „Безбеден град“, со цел информирање и едукација на сите учесници во сообраќајот за начинот на функционирање на системот и неговата улога во навремено откривање и санкционирање на сообраќајни прекршоци.

На подрачје на Неготино пак, беше спроведена сообраќајна превентивна активност на тема „Алкохолот не ти е пријател“, во рамки на која полициските службеници им ја потенцираа на возачите за потребата за свесност и одговорност, да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Полициски службеници од ОВР Кавадарци, за учениците од ООУ „Пере Тошев“ одржаа едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и за последиците што може да се појават.

Полициски службеници од Полициско одделение Чашка, во селата Лисиче, Голозинци и Горно Врановци, општина Чашка, реализираа превентивна активност на тема „Заштити го својот дом“. Во рамки на активноста преку непосредна комуникација, граѓаните добија совети како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети.

На подрачје на Демир Капија пак, беше реализирана превентивна активност за заштита од измами, при што полициските службеници остварија кратки едукативни средби со жителите, на кои им беше укажано за начините како да се заштитат од различни видови на измами, да внимаваат при комуникација со непознати и да не оставаат свои лични податоци.

Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени.

До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите

За сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите

На 06.11.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе општа акциска контрола на возачи и возила, насочена кон зголемување на безбедноста во сообраќајот и откривање на неправилности и прекршоци.

Во рамки на контролата биле контролирани вкупно 870 возила, при што констатирани се 73 неправилности во однос на возилата. Од нив, 48 возила биле упатени на технички преглед, при што кај 37 е утврдена техничка неисправност.

Во однос на возачите, констатирани се 186 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат на користење мобилен телефон при управување со возило, некористење сигурносен појас, непрописно паркирање и други прекршоци.

Дополнително, евидентирани се и три случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, како и 137 прекршоци од друг вид.

За сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на сообраќајни контроли и апелира до возачите редовно да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер