Борците во рингот, браќата Нурмагомедов се пуштени од затвор Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилно однесување.
1Борците во рингот, браќата Нурмагомедов се пуштени од затвор Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилно однесување.
3Светски ден на ерадикација на карциномот на грло на матка: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбина
КултураЗа новата книга „Тетовскиот говор" тетовци со резервации кај авторот Дарко ГавровскиДарко Гавроски авторот на книгата „Тетовскиот говор-енциклопедиски речник и граматика на тетовскиот градски говор со етнолошки и историски осврти" која во јануари излезе од печат поради големиот интерес направи листа со резервации па заинтересиранитe.Запишувањето на „стари лафој" (зборови) кое започнало во 80-тите години на минатиот век во две тетратки од страна на неговиот татко Трпко во 2021 резултира со издавањето на енциклопедиски речник со речиси 9200 зборови кои се објаснети и од етимолошки, етнолошки, граматички и историски аспект. -Тетовскиот градски говор е пред страшно изумирање. Голем дел стари тетовчани се иселени и се иселуваат од градот во други градови и земји. Типичниот говор се менува поради влијание на литературниот јазик и говорите од селата и другите градови. Во книгата ќе најдете голем број зборови кои веќе сигурно нема да ги чуете на улица. Се поретко може да се сретне низ Тетово познатите „таќе, ваќе, руќе, ноѓе". Туку селските варијанти- „таке, ваке, руке, ноге„. Затоа мислам дека ова е и последен обид да се зачува овој говор. Јас ова го правам како долг за сите мои предци што не го изневериле Тетово, го сакам градот поради тајните на градот кои уште ги кријат во градските сокачиња зад капиџиците на старите куќи. Мое Тетоо е најубоо на свет, вели Дарко за целта на ова дело. Градскиот говор во Тетово има свои одредени специфики по кои е препознатлив и кои се објаснети во богатато енциклопедиско издание на 647 страници. -Нашиот говор тетовски градски говор има повеќе карактеристики. Постои веларно Л или омекнување на буквата Л кон У (вол-воу, сол-соу). Потоа има палатализација на буквата К кон Ќ со примерите кисело-ќисело, така-таќе, вака-ваќе. Исто така и редукција на буквата А, која во многу зборови не се слуша како чисто А. Воедно постојат голем број архаизми и турцизми кои генерациите по нас ретко ќе ги знаат затоа што се поретко се употребуваа, објаснува авторот. До 1995 година зборовите кои ги слушале низ градот во неговото семејство биле запишувани во тетратки, а потоа Дарко ги става во компјутер и почнува да ја создава публикацијата. Голем број од зборовите не можеле да се најдат во литература, па Гавроски во овие над 25 години има интервјуирано стотици соговорници информатори кои му дале информации и објаснувања за зборовите. -Не се каам за потрошените години за работа на книгата. Саатите во кои наместо да се гушкам со син ми, ги дадов за Тетово сега се вреднувани од големиот интерес на тетовачани кои сакаат да ја имаат и читаат оваа книга. Вреди, исто така, ако со трудов сум го разубавил денот и сум стоплил барем едно срце, вели тетовчанецот. Оваа книга е создадена токму да остави белег и да не остави во заборав како функционирал еден град и како зборувале луѓето. Стариот говор го зборуваат претежно родените пред 1960 година, нашите дедовци и баби. Дијалектологијата е најголемо богатсво на еден јазик и треба да ја чуваме и негуваме, потенцира Гавро како што е познат кај тетовци. Тој вели, а потврдуваат и тетовци на социјалните мрежи, дека има огромен интерес за оваа книга. Многумина кои ја набавиле книгата пишуваат во групата „Го Љубим Тетоо" дека на овој начин се потсетиле на детството читајќи ги зборовите кои дедовците и бабите ги искажувале. Оние од дијаспората велат дека со „Тетовскиот говор" оствариле трајна врска со родниот крај која на овој начин нема да дозволи да згасне познавањето на препознатливиот тетовски дијалект. – Тетово и тетовчани се покажаа како вистински љубители на пишаниот збор и горди поддржувачи на своето минато.Во Македонија каде книги најчесто се печатат во вкупен тираж од 200 (од кои 100 биле за подарок на пријатели), досега ретко имало ваква продажба на книга. Особено не за книга со цена од 1200 денари, но вредност многу поголема. Првиот тираж од 500 примероци се продаде за 20 дена во јануари. Сега во печатница во Тетово договорив уште 1000 примероци од истиот тираж и печат, од кои 350 се веќе пишани како резервација. Чекаат да се испечати па да ја добијат. Затоа со гордост можам да кажам дека е најпродавана тетовска книга на сите времиња, ни вели Гавровски. Од историските податоци во книгата пишува дека првиот научен напис за граматиката на тетовскиот говор датира од 1894 година од бугарски автор Силјанов. Бележи дека прва пишана песна на тетовски дијалект е „За куќна слава" во 1852 година од Јеромонах Арсение, ученик на Кирил Пејчиновиќ. Во 1938 година прв весник кој пишува на тетовски говор е „Општински удар" од Боро Јосифовски. Каков прв звучен запис на тетовски дијалект е познатата песна „Благуњо дејче Пожаранче". Користена е голема библиографија од над 600 извори-книги, списанија, пишани документи, интервјуа. Ова е втора книга на Гавровски за Тетово. Првата е издадена во 2009 година и наречена „Тетовски древности-Полог од Праисторијата до 7.век н.е., со посебен осврт на тетовскиот крај". Тој е автор и на „Ја го љубим Тетоо" на тетовски дијалект, што се смета за неформална химна на градот./MИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМексиканската претседателка му порача на Си дека сака поголема соработка со КинаМексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум, во разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, изјави дека Мексико сака да ја зајакне соработката со Кина. Како области од посебен интерес таа ги издвои технологијата, земјоделството, управувањето со водните ресурси, здравството и туризмот, пренесува Ројтерс. Средбата се одржа во Шенжен – центар за технологија и производство во јужна Кина – во пресрет на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC). #SheinbaumLiderMundial 🚨 LLEGA LA NUEVA ERA MEXICO-CHINA Nuestra PresidentA @Claudiashein y toda la delegación Mexicana fueron recibidas en la Sala de Honor por el Presidente de China, Xi Jinping y su gabinete, en la que acordaron una nueva era de cooperación para impulsar el Desarrollo y el Comercio entre ambos países... — La Catrina Norteña (@catrina_nortena) November 17, 2026 Кинески предлози за соработка Кинеските државни медиуми објавија дека Си Џинпинг повикал на искрени односи и продлабочување на меѓусебната политичка доверба. Тој нагласи дека двете земји треба да промовираат пријателска соработка и да го зајакнат стратешкото усогласување. Reunión con el presidente Xi Jinping y su gabinete. Hablamos de una nueva era de cooperación para el desarrollo en las relaciones México-China. https://t.co/ucrYYb7BSe — Claudia Sheinbaum Pardo (@Claudiashein) November 17, 2026 Си додаде дека соработката треба да се продлабочи и во областите на инфраструктурата, технологијата, чистата енергија, културата и туризмот. Извор: Индекс.хрТагови: Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
ЖивотБорците во рингот, браќата Нурмагомедов се пуштени од затвор Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилно однесување.Борците во рингот,браќата Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилничкото однесување во елитен хотел во Абу даби. Грузискиот УФЦ-борец и шампион, Мераб Двалишвили, бил физички нападнат од браќата Нурмагомедов, Усман и Умар. Тој тврди дека напаѓачите го изненадиле од зад грб додека тој и еден негов пријател извршувале медиумски обврски пред меч. Како што подоцна беше објавено, едно од лицата било осудено на шест месеци затвор поради тепачка во хотелско лоби во Абу Даби, во која учествувале непоразениот ПФЛ-шампион Усман Нурмагомедов и ММА-борецот Мераб Двалишвили. Властите во Абу Даби потврдија дека казната за осумтемина обвинети е променета – тие нема да издржуваат затворска казна, туку ќе треба да платат парична казна од 150.000 дирхами, односно 41.000 долари. Според информациите објавени во ММА медиумите и од извори блиски до случувањата, дошло до помирување меѓу грузиските и руските борци, бидејќи Мераб Двалишвили и неговиот пријател Саба Лазишвили не побарале кривично гонење на семејството Нурмагомедов. Целиот случај се одрази врз спортските планови на Умар Нурмагомедов, кој требаше да се бори против живата легенда на УФЦ, Јураја Фејбер. Full footage of Merab Dvalishvili and Usman Nurmagomedov brawling just dropped DAAAAMN 🤯 (via @RedCorner_MMA) https://t.co/fQhGhUH6Ws — Happy Punch (@HappyPunch) November 11, 2026 Неговиот настап беше откажан, а на негово место настапи Лазишвили. Браќата Нурмагомедов сега се на слобода, а останува да се види какви ќе бидат понатамошните последици од овој инцидент.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУапсен раководител во ДЗС - барал мито за да издаде позитивно мислење500 евра поткуп за позитивно мислење за изградба на објект. Ваква пријава добил директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, од граѓанин кој му се пожалил дека советник за урбанистичко планирање од ДЗС, му побарал пари.500 евра поткуп за позитивно мислење за изградба на објект. Ваква пријава добил директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, од граѓанин кој му се пожалил дека советник за урбанистичко планирање од ДЗС, му побарал пари за издавање на потребното мислење. Ангелов вели дека веднаш го упатил лицето случајот да го пријави во МВР. По пријавата следувала полициска акција и апсење на вработениот, кој сега е осомничен за кривично дело примање поткуп. -Пред неколку дена добив повик од граѓанин кој ми се пожали дека од страна на лице вработено во ДЗС како Советник за урбанистичко планирање му биле побарани 500 евра за да добие позитивно мислење потребно за изградба на објект. Засегнатото лице го упатив случајот веднаш да го пријави во Одделот за организиран криминал на МВР. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на безмалку сите вработени во ДЗС кои чесно, совесно и пожртвувано ги извршуваат своите работни обврски,- – Стојанче Ангелов, директор на ДЗС. Од МВР информираат дека лицето било лишено од слобода во координација со Обвинителството. По целосно документирање на случајот најавија соодветна кривична пријава. Од ОЈО велат дека јавнообвинителска одлука ќе биде донесена утре. -Се постапува за обезбедување докази. Лицето е задржано по насоки на јавен обвинител, а во текот на утрешниот ден ќе биде донесена јавнообвинителска одлука,- – ОЈО Скопје. Ангелов ја поздрави акцијата и ги повика граѓаните кои се соочуваат со незаконско постапување од страна на вработени во Дирекцијата, случаите веднаш да ги пријават во надлежните институции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook