За настраданите во Кочани хуманитарен натпревар меѓу македонските и бугарските легенди - Канал 5

За настраданите во Кочани хуманитарен натпревар меѓу македонските и бугарските легенди

За настраданите во Кочани хуманитарен натпревар ќе одиграат македонските и бугарските фудбалски легенди.

За настраданите во Кочани хуманитарен натпревар меѓу македонските и бугарските легенди

Бугарските фудбалски легенди од Светското првенство 1994 година собираат пари за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.

- На 27 април ќе се одржи хуманитарен фудбалски натпревар меѓу ѕвездени тимови на истакнати фудбалери од Бугарија и Македонија. Натпреварот го организира Фондацијата „Национали 94“ во партнерство со општина Варна. Собраните средства ќе бидат донирани за лекување на настраданите од пожарот во дискотеката во Кочани, објавија бугарските медиуми.

На натпреварот за тимот „Ѕвезди 94“ од Бугарија, кој ќе го води селекторот Димитар Пенев со помошникот Красимир Борисов, ќе настапат голем број играчи кои завршија како четврти на СП 1994 година во САД.

Борислав Михајлов, Емил Кременлиев, Златко Јанков, Емил Костадинов, Христо Стоичков, Јордан Лечков, Наско Сираков, Даниел Боримиров, Пламен Николов, Бончо Генчев, Ивајло Јорданов, Илијан Кирјаков, Петар Михтарски, Петар Александриков, Георги Георгиев, красимир Балаков и Ивајло Андонов го потврдија своето учество.

На натпреварот за Бугарија ќе настапат и поранешните репрезентативци Радостин Станев, Елин Топузаков, Гошо Гинчев, Станислав Ангелов, Дончо Донев, Александар Александров-Кривија, Мартин Камбуров и Валери Божинов.

Македонската репрезентација ќе ја предводи нашиот рекордер по број на настапи во националниот дрес, Горан Пандев. Тој е поранешен напаѓач на Наполи, Интер и Лацио со кои освои голем број трофеи, меѓу нив и Лигата на шампионите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Влада донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Согласно пресметките на Владата, со намалувањето на ДДВ од 18% на 10% значително ќе се ублажи очекуваното зголемување на цените на горивата.

Влада донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Владата на денешната седница, донесе Одлука со која ДДВ се намалува од 18% на 10%, со цел директно да се ублажи ценовниот удар врз граѓаните и стопанството во услови на кризна состојба поради можноста за нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати.

Согласно пресметките на Владата, со намалувањето на ДДВ од 18% на 10% значително ќе се ублажи очекуваното зголемување на цените на горивата.

Кај нафтата, наместо редовното очекувано зголемување од околу 5 денари, со оваа мерка се очекува намалување од околу 2 денари. Тоа значи вкупно ублажување на ценовниот удар од околу 7 денари, при што новата цена би изнесувала околу 99 денари за литар.

Кај бензините, согласно пресметките, се очекува зголемување од околу 3,5 денари, што значи дека новата цена би изнесувала околу 100,5 денари за литар за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, односно 102,5 денари за литар за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98.

Повластената даночна стапка од 10% ќе се применува од 00:01 часот на 15 септември 2026 година до 24:00 часот на 28 септември 2026 година.

Со оваа одлука Владата презема конкретна и навремена мерка за заштита на животниот стандард на граѓаните, намалување на финансискиот товар и поддршка на стопанството во услови на кризна состојба.

Владата продолжува внимателно да ги следи состојбите на пазарот на нафтени деривати и да презема мерки во интерес на граѓаните и економијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шкотска, Велс и Северна Ирска се здружуваат – бараат право на референдуми за независност

Шкотскиот премиер Џон Свини смета дека политичките промени покажуваат дека сегашната состојба не може да трае бесконечно.

Шкотска, Велс и Северна Ирска се здружуваат – бараат право на референдуми за независност

Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска во понеделник ќе се сретнат во Кардиф, каде што треба да потпишат заедничка декларација со која ќе го потврдат правото на нивните нации на самоопределување и ќе побараат можност граѓаните на референдуми да одлучуваат за својата иднина.

Според „Телеграф“, ова ќе биде прв заеднички настап на тројца лидери на Шкотска, Велс и Северна Ирска кои отворено се залагаат за промена на сегашниот уставен статус во рамките на Обединетото Кралство.

По состанокот се очекува нивните партии да потпишат и меморандум за соработка во четири области – економијата, енергетиката, европа и меѓународната соработка и самоопределувањето.

Сите три политички опции имаат и европска агенда. Шкотската национална партија и Плајд Камри се залагаат независните Шкотска и Велс во иднина да станат членки на Европската Унија, додека Шин Фејн бара обединување на Северна Ирска со Република Ирска.

Шкотскиот премиер Џон Свини смета дека политичките промени покажуваат дека сегашната состојба не може да трае бесконечно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактот

Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот.

115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактот

Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот – кој утрово исчезна откако беше изгубен контактот со него во Јаванското Море поради лошите временски услови – при што едно лице загина, а друго е повредено, изјави Дани Рахмат, портпарол на пристанишниот оператор „Пелиндо“.

Претходно, државната агенција за потрага и спасување на индонезија соопшти дека бродот Virgo Transport 8, испловил во саботата од градот Сурабаја во Источна Јава кон Банџармасин во Јужен Калимантан, потоа бил изгубен контактот, што ги поттикнало спасувачите да започнат потрага и да испратат тим на последната позната локација на бродот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер