За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица - Канал 5

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

Осомничените се приведени од регионот на француската престолнина, неколку дена откако две лица беа приведени во текот на викендот во врска со спектакуларната кражба што беше изведена на 19 октомври.

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

Уште пет апсења се извршени во врска со дрскиот грабеж на вреден накит во музејот Лувр во Париз, изјави денеска париската обвинителка Лор Беко за радиодифузерот РТЛ, со што вкупниот број на приведени осомничени се зголеми на седум, пренесе ДПА.

Осомничените се приведени од регионот на француската престолнина, неколку дена откако две лица беа приведени во текот на викендот во врска со спектакуларната кражба што беше изведена на 19 октомври.

Двајцата претходно приведени осомничени, на 34 и 39-годишна возраст, дадоа делумни признанија, изјави вчера обвинителката, пренесе ДПА.

Во моментов сè уште нема трага од украдениот накит, чија вредност се проценува на 88 милиони евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претреси на повеќе локации во Тетово и Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција

Лишени од слобода повеќе лица.

Претреси на повеќе локации во Тетово и Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција

На 21.08.2026, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода С.Б.(41) од с.Лешок, тетовско. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени карабин 7 мм со оптички нишан, пиштол „ЦЗ“ 9мм со празни рамки, воздушна пушка 5,4 мм со оптички нишан, како и куршуми од различен калибар.

На 21.08.2026 околу 20:21 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода А.М.(39), Д.М.(26), Б.С.(37), Р.Р.(66), Б.А.(37) и Р.В.(72), сите од Гостивар и Н.Л.(65) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во с.Куново, гостиварско има нарушување на јавниот ред и мир со истрели од огнено оружје. На местото се пронајдени чаури, а по извршените претреси во неколку нивни викенд куќи во село Куново биле пронајдени и одземени повеќе парчиња огнено оружје (ловечки карабини, ловечки пушки, пиштол) и поголема количина муниција.

На 21.08/22.08.2026 година во периодот од 22:30 до 01:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово во координација со САЕ „Тигар“ и Единицата за службени кучиња, врз основа на судска наредба, извршија претрес во куќа и барака-работилница во Тетово, користени од П.М. (36). Во работилницата се затекнати три лица - Л.С.(19) и двајца 16 - годишни малолетници, при што кај Л.С. и едниот малолетник се пронајдени бела прашкаста материја, марихуана и две дигитални ваги. Дополнително, во објектот беа пронајдени кутии со бела прашкаста материја и парични средства во различни валути и апоени, по што лицата се лишени од слобода.

По целосно документирање на случаите, во координација со јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петмина тинејџери загинале возејќи во спротивен правец за да снимат видео на Тик-Ток

Пет тинејџери загинале во Ирска додека се снимале себеси за Тик-Ток како возат во спротивна насока на автопат.

Петмина тинејџери загинале возејќи во спротивен правец за да снимат видео на Тик-Ток

Трагичната сообраќајна несреќа, која повторно го отвори прашањето за опасниот тренд на објавување снимки од диво возење на социјалните мрежи, се случила на 16 август, кога момчињата на возраст од 15 до 18 години маскирани со автомобил „БМВ“ се обидувале да предизвикаат полициска потера.

Нивиното возило се судрило со „Хјундаи“ во кој патувале три сестри и едно дете, кои биле сериозно повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пропаднаа преговорите САД-Канада: Трамп ги активира царините од 50%, Карни најави царини „долар за долар“

Соединетите Американски Држави и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, со кој би се укинале царините од 50% што Вашингтон ги воведува за некои канадски производи.

Пропаднаа преговорите САД-Канада: Трамп ги активира царините од 50%, Карни најави царини „долар за долар“

Канадскиот премиер Марк Карни синоќа соопшти дека одлучил да ги прекине преговорите.

- Она што го постигнавме не е доволно за да ги исполниме нашите цели во интерес на канадскиот народ. Промените во последен момент на условите предложени од САД беа неправедни, неповолни за нас и го доведоа во прашање кредибилитетот на кој било договор, рече Карни и објави дека Канада ќе воведе еквивалентни царини „долар за долар“ за американскиот увоз.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека царините, кои се однесуваат на канадската стока во вредност од околу 20 милијарди долари, стапуваат во сила денеска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер