За Евросонг во Виена се продадени 95.000 билети - Канал 5

За Евросонг во Виена се продадени 95.000 билети

Поради 70-тото издание на Евровизискиот натпревар, очите на целиот свет се насочени кон Виена, и се чини дека деновиве таму се собираат обожаватели од целиот свет. 

За Евросонг во Виена се продадени 95.000 билети

Европската радиодифузна унија (EBU) објави дека Евровизискиот натпревар никогаш не привлекол толку многу меѓународни посетители како оваа година. Со повеќе од 95.000 продадени билети на гледачи од 75 земји и региони, јубилејното издание стана најголемиот настан во живо во поновата историја на Евровизискиот натпревар, пишува Куриер.

Австријците се во водство, пристигнуваат и обожаватели од Америка и Австралија

Како што се очекуваше, најголем интерес за овогодинешниот Евросонг покажаа Австријците, кои водат по бројот на купени билети. Веднаш зад нив се Германците, додека Велика Британија е на третото место. Швајцарија, домаќинот на минатогодишниот Евровизиски натпревар, исто така е високо рангирана, на четвртото место. Соединетите Американски Држави, Франција, Австралија, Чешка, Словачка и Холандија се исто така меѓу десетте земји со најголем број купени билети, што покажува дека популарноста на Евровизискиот натпревар одамна ги надмина европските граници.

„Евровизијата ги поврзува луѓето преку музика“

Мартин Грин, извршен директор на Евровизискиот натпревар, истакна дека бројките од оваа година потврдуваат колку глобален феномен станал натпреварот.

„Посебната карактеристика на Евровизискиот натпревар е што ги поврзува луѓето преку музика, а овие бројки јасно го потврдуваат тоа. Неверојатно е да се видат фанови од повеќе од 70 земји, од цела Европа, но и од далечни делови од светот како Нов Зеланд и Америка“, ја пренесува неговата изјава ЕБУ.

Покрај Европа, посетители од Бразил, Мексико, Јапонија, Јужна Африка, Обединетите Арапски Емирати, Хонг Конг и Нов Зеланд пристигнуваат во Виена.

Грин особено го истакна растот на интересот од Азија. „Воодушевени сме што толку многу фанови доаѓаат од Азија, особено пред почетокот на Евровизискиот натпревар за песна во Азија, кој започнува во ноември“, рече тој.

Виена станува центар на евровизиската треска

Со овој меѓународен интерес, во текот на мај, Виена ќе стане одлично место за собирање на љубителите на Евровизија од целиот свет. Центарот на настанот ќе биде салата Штадтале, каде што ќе се одржат вкупно девет евровизиски вечери и проби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

До еден час чекање на Табановце и Богородица

До еден час чекање на Табановце и Богородица

Празничниот и продолжен викенд, во кобинација со екстремно топлото време ги натера граѓаните разлагувањето да бараат надвор од градовите.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а поголема фреквенција на возила е забележана и на дел од граничните премини.

На граничниот премин Табановце за влез во државата, како и на Богородица за излез од земјава, има зголемено движење на возила. Времето на чекање се движи од околу 30 минути до еден час.

На останатите гранични премини, според АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

од амсм апелираат до возачите да ја приспособат брзината според условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да возат внимателно, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури каде постои можност за појава на одрони.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Доделени новите социјални станови во Дебар, продолжуваме со инвестиции во проекти за граѓаните

За мене претставува посебна чест и задоволство да сум денеска тука во Дебар и да имам можност, ете, симболично, преку доделувањето на клучевите на едно семејство корисник на еден ваков стан, да го означиме пуштањето во употреба на овој станбен објект.

Мицкоски: Доделени новите социјални станови во Дебар, продолжуваме со инвестиции во проекти за граѓаните

Премиерот Христијан Мицкоски во Дебар пушти во употреба зграда со социјални станови.

„Добар ден и од мене.

За мене претставува посебна чест и задоволство да сум денеска тука во Дебар и да имам можност, ете, симболично, преку доделувањето на клучевите на едно семејство корисник на еден ваков стан, да го означиме пуштањето во употреба на овој станбен објект којшто ќе биде иднина на многу лица, на многу семејства коишто ќе го користат овој станбен објект. Јас можам да им посакам многу среќа и здравје, пред сè, и што подолговечно да си ги користат овие домови и тие домови да им бидат мир, да им бидат спокој, да им бидат утеха тогаш кога е потребно, а ние како Влада ќе продолжиме во периодот којшто следи и дополнително да инвестираме во вакви проекти.

Би сакал да му се заблагодарам на директорот, којшто со својата посветена работа и тимот којшто го има околу себе, еве, испорачува и реализира проекти — нешто коешто е многу важно. Исто така, би сакал да му се заблагодарам и на градоначалникот за работата којашто ја врши овдека во Дебар, на сите оние коишто ја поддржуваат работата во рамките на Советот, работата на градоначалникот, на администрацијата, се разбира, без којашто не можат овие проекти да се реализираат, на потпретседателот на Владата и министер за транспорт, како и на колегите од Владата коишто ги поддржуваат овие проекти.

Ние како Влада се обврзавме дека ќе реализираме проекти за граѓаните. За жал, не можеме нешто што со децении било запоставувано да го решиме преку ноќ, но се трудиме, се трудиме да ги реализираме тие приоритети, да не создаваме нови проблеми, а дел од наследените предизвици веќе ги решаваме. Еден од тие предизвици е и овој објект, но и сите оние 22/23 проекти коишто ги спомна потпретседателот на Владата и министер за транспорт, коишто заедно со градоначалникот на општината ги работиме и ги решаваме овдека во Општина Дебар.

Инаку, Македонија се гради, повеќе од 1.200 градилишта имаме ширум државата и тоа е добро. Планираме и во следната година, нешто слично како Влада, со децентрализирање на средства од буџетот да финансираме проекти во општините.

Така што, еве, уште еднаш благодарност до сите овие луѓе коишто денеска се со нас, а на корисниците на становите уште еднаш им честитам и им посакувам уште многу убави моменти да си поминат во нив, изјави Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Денес Венко Филипче има став за секоја тема и секојдневно дели лекции за тоа како треба да функционира здравствениот систем. 

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Но, каде беше истиот тој Филипче кога со години раководеше со Министерството за здравство, а СДС со власта?

Филипче денес критикува за секој проблем, а молчеше кога имаше обврска да зборува и да постапува. Тука е суштинската разлика.

Во интерес на граѓаните, да прикажеме документи кои време кога СДС кога тие беа власт, а станува збор за загадена вода токму во Гостивар и со децении не било реагирано.

На 11.11.2020 година има извештај од микробиолошка анализа, во кој се вели дека поради зголемен број на колиформни бактерии водата не треба да се користи за пиење.

Понатаму, на 01.03.2021 исто така водата не ги задоволува критериумите согласно правилникот за безбедност и квалитет за пиење на вода.

Понатаму, на 15.02.2021, еден месец пред тоа, исто така водата не ги задоволува критериумите според правилникот за посебните барања за безбедност на конзумирање на вода.

Но ова е само во времето кога Филипче е министер, но има и понатаму кога СДС е на власт.

11.07.2022, вода за пиење Гостивар доставена од ЈП Комуналец Гостивар не одговара заради зголемен број на аеробни мезофилни бактерии.

Не било постапено и се продолжувало со труење на граѓаните, а тие самите не знаеле. 04.08.2023 исто така вода за пиење Гостивар доставена од ЈП Комуналец не одговара заради зголемен број на аеробни мезофилни бактерии. Ова се документи кои биле испраќани до Министерството за здравство, а никој не реагирал. Ова е за 2023та година. Исто тука има дел за ЈП Комуналец 29.06.2023 неисправно поради бактериски колонии.

Овие се проблеми кои требало да бидат решени, а не да се ставаат под тепих, а граѓаните да се трујат. Ова што денес се случи во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт, а таа власт сега ја предводи СДС, ДУИ и Таравари. Затоа е потребна одговорност. Следен пат, пред да се држи

лекции и да се обидува да се собираат политички поени, Филипче треба да знае дека граѓаните паметат како се водеше здравствениот систем во неговото време и затоа последен има право да дели лекции за јавното здравје.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер