За две недели над 100.000 пријавени за вакцинација - Канал 5

За две недели над 100.000 пријавени за вакцинација

Во последните две недели повеќе од 100 илјади граѓаните се пријавиле за вакцинација на vakcinacija.mk, а бројот на заинтересирани надмина 400.000, информираше вчера министерот за здравство Венко Филипче.

За две недели над 100.000 пријавени за вакцинација

Тој апелира до граѓаните да се пријавуваат за вакцинација за што поскоро да се стави крај на пандемијата.

Од вчера започна и масовна вакцинација во спортската сала на ССОУ „Коле Неделковски" во Велес, а отворен е и пунктот за имунизација во салата на медицинското училиште во Прилеп. По петдневен прекин, од денеска продолжува вакцинацијата во Здраствениот дом во Македонски Брод.

Масовната вакцинација продолжува во А1 СЦ „Борис Трајковски" во Скопје и во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Охрид.

Паралелно со вакцинацијата, продолжува и смирувањето на епидемијата со Ковид-19. Вчера од направени 1.489 тестирања, а беа регистрирани 14 нови случаи, што е под еден процент од вкупниот број тестирани. Пријавени беа вкупно 13 починати и 103 оздравени пациенти

Од починатите, пет лица починале во домашни, а останатите осум во болнички услови, информираа од МЗ.

Досега во земјата се направени вкупно 779.581 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.071, бројката на оздравени пациенти е 147.043, на починати е 5.342, а бројот на активни случаи изнесува 2.686.

Најмногу активни има во Скопје – 1087, следи Куманово – 251, Битола – 181, Охрид -180, Прилеп – 117, Тетово – 103. Во другите градови има под 100. Во Демир Капија и Дојран нема активни случаи, а во Берово и Пехчево само по еден.

На лекување во болниците низ целата земја има 318 ковид-пациенти, од кои 137 се во главниот град. На располагање има 574 болнички кревети.

Бројот на приеми се намалува во изминатите денови, така што болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти.

Во Скопје, на Инфективна лежат 68 болни, во ГОБ „8 Септември" има вкупно 50 и 19 се хоспитализирани на Институтот за ТБЦ.

Според извештаите на болниците во другите градови, во Битола и во Велес болнички се лекуваат по 17 луѓе, во Штип 19, Тетово има пет пациенти, Куманово 34 позитивни и сомнителни на вирусот.

Во Охрид се хоспитализирани 25, во Прилеп 12, двајца во Гостивар, 22 во Струга, 13 во Струмица, по четворица во Кочани и Кавадарци, седум во Кичево, а во Гевгелија нема ковид-пациенти.

Полицијата и натаму врши контрола за време на полицискиот час. Од 00.00 часот до 04.00 часот вчера утрото, 26 лица не ја почитувале забраната за движење, информира МВР. За неносење маска, биле регистрирани 449 прекршоци, соопшти полицијата.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Досега во светот околу 170 милиони се инфицираа со коронавирусот, од Ковид-19 починаа околу 3,5 милиони лица, а оздравеа околу 150 милиони луѓе.

На вториот ден од самитот на ЕУ, шефовите на држави и влади разговараа за Ковид-19, вакцинацијата и перспективите за враќање во нормала во ЕУ како и во остатокот од светот, а стана збор и за вакцинирање на малолетници и помош за трети земји, јави вчера дописничката на МИА од Брисел.

Европската Унија останува на целта дека до крајот на јули ќе биде вакцинирано 70 отсто од населението, цел која со сегашното темпо се чини остварлива според ЕУ лидерите, пренесе попладнево претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, иако остануваат преокупациите за можни нови мутации на Ковид-19 против кои сегашните вакцини не би биле ефикасни.

Лидерите на ЕУ во вчерашните заклучоци се заложиле да им помогнат на третите земји, вклучително и соседните земји, како Западен Балкан.

Од САД вчера стигна веста дека го преминале прагот од 50 проценти вакцинирани возрасни граѓани. Целта, како што најави претседателот Џо Бајден, е до националниот празник 4 јули, 70 проценти од возрасните Американци да примат барем една доза вакцина.

Турските здравствени власти планираат да вакцинираат над еден милион луѓе дневно.Турското Министерство за здравство е подготвено да администрира повеќе од еден милион дози вакцини против Ковид-19 дневно, јави вчера Си-Ен-Ен-Турк.

Компанијата „Модерна" вчера соопшти дека нејзината вакцина е 100 процентна ефикасна во испитувањата кај младите луѓе, исто како „Фајзер", чија вакцина беше одобрена од Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) за адолесценти на возраст од 12 до 15 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Гласањeто во Брвеница, денес започна во 7 часот утринава и се одвива во најдобар ред

Од информациите пристигнати досега до Државната изборна комисија, од вкупно 88 болни или немоќни лица, своето право на глас го оствариле 85.

ДИК: Гласањeто во Брвеница, денес започна во 7 часот утринава и  се одвива во најдобар ред

Од вкупно 9 лица кои се запишани во Избирачкиот список а се на издржување на казна затвор или притвор, досега гласале 7 гласачи. Гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи на територија на Северна Македонија, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.

Гласањeто во Брвеница, денес започна во 7 часот утринава и се одвива во најдобар ред, без евентуални проблеми или потешкотии во остварување на избирачкото право или одвивање на изборниот процес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Марко Џорлев го освои светскиот врв – злато за Македонија на СП во Полска

Македонскиот карате репрезентативец во кадетска конкуренција Марко Џорлев го освои златниот медал на Светското првенство во Полска, триумфирајќи во финалето со 4-1 против унгарецот Адам Баги.

Марко Џорлев го освои светскиот врв – злато за Македонија на СП во Полска

Македонското карате доби нов светски шампион! Марко Џорлев се искачи на највисокото место на пиедесталот на Светското првенство за кадети, јуниори и У-21, кое се одржува во Бјелско-Бјала, Полска, откако во финалната борба во кадетската конкуренција до 63 килограми го совлада Адам Баги од Унгарија со 4-1.

Со сигурен настап, одлична тактичка подготвеност и контрола врз финалната борба, Џорлев го потврди својот квалитет и го заокружи настапот на светскиот шампионат на најдобар можен начин. Овој резултат претставува исклучително достигнување за младиот македонски репрезентативец и значаен успех за македонското карате на меѓународната сцена.

Пет победи до светскиот врв

Патот до светската титула беше исполнет со одлични настапи. Џорлев забележа пет победи, совладувајќи ги сите противници со убедливи резултати.

Во почетните фази од натпреварувањето, македонскиот каратист беше поуспешен од Алехандро Перез од Куба со 10-6, Хозе Андрес Гарсија од Гвајана со 6-1 и Леонс Акоповс од Латвија со 6-0.

Во полуфиналето следуваше уште една доминантна изведба, во која Џорлев го совлада Јан Мата од Панама со 8-0, обезбедувајќи пласман во големото финале. Таму, со победата од 4-1 над унгарскиот претставник Адам Баги, македонскиот репрезентативец го потврди својот статус на најдобар во светот во својата возрасна и тежинска категорија.

Резултати на Марко Џорлев – кадети, -63 кг:

Марко Џорлев – Алехандро Перез (Куба) 10-6

Марко Џорлев – Хозе Андрес Гарсија (Гвајана) 6-1

Марко Џорлев – Леонс Акоповс (Латвија) 6-0

Полуфинале: Марко Џорлев – Јан Мата (Панама) 8-0

Финале: Марко Џорлев – Адам Баги (Унгарија) 4-1

Успех зад кој стојат континуитет и квалитетна подготовка

Светската титула е продолжение на одличната натпреварувачка година за Џорлев. Тој претходно го освои златниот медал на натпревар од Светската младинска лига на Светската карате федерација (WKF) во Пореч, а на Европското првенство го освои петтото место. Неговите резултати го позиционираа и на врвот на светската ранг-листа во неговата категорија.

Зад овој успех стојат посветената работа, натпреварувачкиот напредок и искуството стекнато на меѓународните турнири. Со триумфот во Полска, Џорлев направи уште еден голем чекор во својата спортска кариера и испрати силна порака за потенцијалот на младата македонска карате-генерација.

Важна улога на ова светско првенство одигра и неговиот селектор Дејан Ристески

Посебно значајна улога во настапот на македонскиот репрезентативец има селекторот во борби за кадети Дејан Ристески, кој ја предводеше македонската кадетска репрезентација во борби на ова светско првенство и го следеше Џорлев во овој важен натпреварувачки предизвик.

Настапот на најголемата светска младинска сцена бара не само физичка и техничка подготвеност, туку и тактичка зрелост, концентрација и правилен пристап кон секоја борба. Освојувањето на златниот медал е големо признание за самиот натпреварувач, но и значаен момент за стручниот тим што ја подготвува и ја води македонската репрезентација на меѓународните натпреварувања.

Успехот на Џорлев претставува силен поттик за сите македонски каратисти кои настапуваат на шампионатот и потврда дека македонските спортисти можат да се борат за највисоките одличја и во најсилната светска конкуренција.

Македонската репрезентација продолжува со настапите

Светското првенство во Бјелско-Бјала собра 2.022 каратисти, со вкупно 1.970 натпреварувачки влезови, од 114 држави, што дополнително ја нагласува тежината на постигнатиот резултат.

Македонските репрезентативци продолжуваат со своите настапи, а вниманието е насочено и кон Реџеп Рушити, кој во конкуренцијата до 21 година, во категоријата до 84 килограми, ќе се бори за бронзениот медал.

Златото на Марко Џорлев е голем ден за македонското карате и потврда дека со посветена работа, квалитетна подготовка и вистински натпреварувачки пристап може да се стигне до светскиот врв.

Честитки до Марко Џорлев за историскиот успех, до селекторот Дејан Ристески и до сите членови на македонската репрезентација кои ја претставуваат државата на ова големо натпреварување.

Огромен придонес во развојот и подготовката на Џорлев секако имаат и неговите клупски тренери Сашко и Жарко Арсовски, кои со својата долгогодишна работа придонесуваат за напредокот на младите каратисти и за постигнувањето значајни резултати на меѓународната сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акциски контроли на возачи на електрични тротинети – 871 прекршок констатиран во септември

При спроведените контроли констатирани се вкупно 871 прекршок, од кои најголем дел, односно 377, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига).

Акциски контроли на возачи на електрични тротинети – 871 прекршок констатиран во септември

Во текот на септември 2026 година, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на лесни електрични возила (електрични тротинети).

При спроведените контроли констатирани се вкупно 871 прекршок, од кои најголем дел, односно 377, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига).

Најголем број на прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Битола - 290 прекршоци, потоа Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирала 167 прекршоци, СВР Охрид 125 прекршоци, СВР Струмица 113, додека другите прекршоци се констатирани на подрачјето на другите сектори за внатрешни работи.

Во рамки на контролите евидентирани се и осум случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик. Исто така, во текот на контролите одземени се 17 електрични тротинети.

Дополнително, констатирани се и 5.362 прекршоци што ги направиле други учесници во сообраќајот.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли и апелира до возачите на лесни електрични возила задолжително да користат заштитен шлем, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да се движат на површините предвидени за нивно безбедно учество во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер