Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
БалканЗа две децении околу 554 илјади албански граѓани добиле државјанство во земјите на ЕУ Најголем број од државјанствата се издадени во 2016 година или околу 67,5 илјади. Во период од две децении, 2002-2021 околу 554 илјади албански државјани добиле државјанство на некоја од земјите на Европската унија, каде живеат и работат по напуштањето на Албанија, јави Ора њуз, повикувајќи се на европската агенција за статистика „Евростат“. Најголем број од државјанствата се издадени во 2016 година или околу 67,5 илјади. Во 2021 година доделени се 32.000 државјанства на албански граѓани, со што се подредуваат на третото место, по државјаните на Мароко и Сирија. Споредено со 2020 година, бројката е намалена за 20 отсто. - Гледано одделно по земји, Италија и Грција, двете традиционални дестинации на албанските емигранти, особено во првите две децении по 90-тите години од минатот век, предничат по бројот на пасоши што им ги издале на албанските државјани. Италија има доделено вкупно 274 илјади државјанства, која во последните пет години во просек доделува 22-27 илјади државјанства годишно на албански државјани, наведува телевизијата. Грчко државјанство добиле 237 илјади албански граѓани. - Во последните години Грција значително го намали бројот на албански граѓани на кои им издала државјанство споредено со претходно. Во 2021 година дала само 7,7 илјади од 29 илјади во 2017 година. Трета е Велика Британија, со околу 12 илјади, но податоците за оваа земја се пријавени до 2019 година. Државјанство на Германија добиле 8.000, на Белгија седум илјади и Франција околу 5 илјади, посочува Ора њуз. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотОбјавена е листа на 10-те најдобри европски дестинации за есенЕвропа нуди долга и разновидна есен, со пејзажи кои се движат од планински долини и шуми до лозја, од кои сите добиваат препознатливи сезонски бои.Европа може да биде навистина убава за време на есента, па затоа е објавена листа од десет европски дестинации во кои навистина може да се ужива по летото. 10 европски дестинации за посета за време на есента: 1. Езерото Блед, Словенија 2. Баварските Алпи, Германија 3. Езерскиот округ, Англија 4. Трансилванија, Романија 5. Пертшир, Шкотска 6. Доломити, Италија 7. Долина на Лоара, Франција 8. Лапонија, Финска 9. Долина Дуро, Португалија 10. Национален парк Плитвички Езера, Хрватска Извор: Индекс.хрТагови: Европа есен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветБрод нападнат во близина на оманскиот брег, морнар исчезнатИндија соопшти дека 13 членови на екипажот се спасени, додека едно лице сè уште се води како исчезнато по нападот врз брод во близина на оманскиот брег во Ормузскиот теснец.Осудувајќи го нападот врз трговскиот брод МТ Ел Гаја, индиското министерство за надворешни работи соопшти дека 14 индиски членови на екипажот биле на бродот во времето на нападот, а еден сè уште се води како исчезнат. „Нашата амбасада во Оман внимателно ја следи ситуацијата и проактивно се координира со оманските власти во тековната операција за пребарување и спасување. Им благодариме на оманските власти за нивната поддршка во спасувањето на нашите државјани“, соопшти министерството. Повикувајќи на „итна деескалација и дијалог и дипломатија за да се донесе мир во регионот“, Њу Делхи рече дека „таргетирањето на трговските бродови, морнарите, цивилите и цивилната инфраструктура во регионот е неприфатливо“. Ситуацијата во теснецот не се смирува „Исто така, повикуваме на итно враќање на слободната и безбедна пловидба и протокот на трговија преку меѓународните водни патишта во регионот“, соопшти министерството. Британскиот орган за поморски трговски операции (UKMTO) соопшти рано во неделата дека брод што минувал низ Ормускиот теснец бил погоден од неидентификувана муниција. Во соопштението објавено на интернет се вели дека нема достапни информации за состојбата на екипажот, обемот на штетата или потенцијалното влијание на бродот врз околната средина. Поморскиот орган соопшти дека е во тек истрага и им советува на бродовите да продолжат да пловат со претпазливост и да пријавуваат каква било сомнителна активност. Сообраќајот низ критичниот Ормуски теснец останува далеку под нивоата забележани пред почетокот на војната меѓу САД и Иран во февруари оваа година, поради тековните безбедносни ризици и нападите врз трговски бродови што минуваат низ регионалните води. Извор: Индекс.хрТагови: брод Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на општина БрвеницаНоќеска на полноќ заврши рокот за поднесување кандидатски листи за предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, соопшти Државната изборна комисија.Според ДИК, поднесени се вкупно шест кандидатски листи, од кои четири од коалиции и две од групи избирачи. -За предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, поднесени се вкупно 6 листи на кандидати, од кои четири листи се поднесени од коалиција а две листи од група избирачиТагови: ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter