За безбедноста на денешниот протест на опозицијата во Тирана ангажирани над 1100 полицајци - Канал 5

За безбедноста на денешниот протест на опозицијата во Тирана ангажирани над 1100 полицајци

-Веќе има распоредено  кордон со полицајци пред владата и периметарот околу објектот. 

За безбедноста на денешниот протест на опозицијата во Тирана ангажирани над 1100 полицајци

За гарантирање на редот и безбедноста пред, за и по протестот на албанската опозиција, што почнува на пладне, во Тирана се распоредени над 1.100 полициски службеници, од сите сектори, а во состојба на готовност е и Националната гарда, јави агенцијата Балкан веб.

-Веќе има распоредено кордон со полицајци пред владата и периметарот околу објектот. На терен ќе бидат вклучени и цивилни агенти кои ќе го следат текот на протестот. Во меѓувреме, како и на секој собир, на влезните врати од објектот се поставени метални обвивки. Полицијата постави камери со висока резолуција долж целиот булевар „Народни херои“, додава агенцијата.

Простестот се одржува денеска кога Апелацискиот суд во Тирана треба да донесе одлука кој всушност е насленик на логото и печатот на Демократската партија(ПД), Сали Бериша, кој го предводи побројното крило или Енлекед Алибеај, кој по оставката на Љуљзим Баша е вршител на должноста претседател на ПД.

Поддршка, како и на досегашните антивладини протести организирани од Бериша, ќе даде Партијата на слободата предводена од поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Илинден ја одбележа 25-годишнината од загинувањето на македонскиот бранител Драго Маневски

Со положување свежо цвеќе пред спомен-плочата на македонскиот бранител Драго Маневски, Општина Илинден ја одбележа 25-годишнината од неговото трагично загинување.

Општина Илинден ја одбележа 25-годишнината од загинувањето на македонскиот бранител Драго Маневски

Делегација од Општина Илинден, предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, положи свежо цвеќе и му оддаде почит на херојот од 2001 година, кој го положи својот живот во одбрана на татковината.

Драго Маневски е роден во 1966 година во Марино, а трагично го загуби животот на 11 ноември 2001 година во селото Требош, како припадник на македонските безбедносни сили.

Со достоинство и почит, Општина Илинден го чува споменот за храброста, пожртвуваноста и херојското дело на Драго Маневски, во чија чест спортскиот комплекс во населба Илинден го носи неговото име, како траен симбол на благодарност и почит кон неговата жртва за татковината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски до Крмов: Доколку не знаете како да помогнете за Алта Банка, немојте да одмагате со гласини

Доколку не знаете како да помогнете за Алта Банка, немојте да одмагате со гласини – оставете на тие што знаат и што сакаат да помогнат .

Мицкоски до Крмов: Доколку не знаете како да помогнете за Алта Банка, немојте да одмагате со гласини

На денешната надзорна расправа за Алта Банка во рамки на собраниската комисија за финансирање и буџет премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање на пратеникот Борислав Крмов за тоа дали ќе понесе одговорност доколку Алта Банка оди под стечај и како ќе се продава Алта Банка ако нема дозвола од Агенцијата за осигурување на депозити на Србија, истакна дека доколку не ја познава процедурата и начинот на кој што може да се делува за решавање на ситуацијата најдобро е да не одмага со ширење на гласини, туку да се остават луѓето коишто знаат да ја решат работата и банката да добие купец и да продолжи да функционира.

„Поврзано со стечајот мислам дека не ви е позната методологијата и начинот на којшто се делува во периодов согласно закон и согласно Устав. Меѓутоа претпоставувам дека луѓето коишто се викнати од Народната Банка ќе ви дадат одговор, иако јас ја знам процедурата и ова што го тврдите е апсолутно неточно и невистинито. Така што ве молам и вас најљубезно, ако не сакате да помогнете ве молам најљубезно немојте да одмагате. Оставете на тие што знаат и што сакаат да помогнат да ја решат работава и да не оди банката во стечај, туку да си добие купец и купецот понатаму да си ја среди и да си ја управува онака како што купецот мисли дека треба. Се разбира согласно применливото право и закони коишто ги има народната банка и државата“, потенцираше Мицкоски.

На прашањето на пратеникот Крмов дека постоеле гласини дека од страна на Владата се препорачувало на македонски институции да депонираат средства во Алта Банка, Мицкоски истакна дека никогаш не би се впуштил во такви авантури и дека надзорната расправа не треба да се базира на гласини туку на факти.

„Што се однесува до гласините, јас пак сум слушнал некои други гласини дека вие како политичка партија сте барале поголема камата за да орочите повеќе пари за да купите деловен простор во Битола, па бидејќи не ви дале поволна каматна стапка во таа банка сте се обиделе во една друга банка и со кредитот кој што сте го земале сте купиле деловен простор на прв спрат, а на приземје сте отвориле кафе бар. Има и такви гласини. Сега да видиме на кои гласини ние ќе веруваме и дали гласините се правилна алатка во политиката или пак гласините преставуваат средство за манипулирање. Затоа јас би го задржал достоинството и нивото на оваа надзорна расправа и би се држел до фактите, а не до гласините, бидејќи ако зборуваме за гласини тогаш ќе ни требаат повеќе вакви надзорни расправи. Затоа подобро да не зборуваме за гласини туку да се држиме до факти. Апсолутно такви факти не постојат. Ниту јас, ниту пак било кој друг има намера на таков начин да се однесува, бидејќи во животот има една клучна лекција што треба да ја научите, да не ги повторувате грешките на тие што веќе тие грешки ги направиле. А такви политичари коишто охрабрувале или охрабруваат ги гледаме не само во регионот, не само кај нас во државата туку малку и пошироко. Така што на памет не ми паѓа да влегувам во било какви авантури од овој тип какви што вие слушате гласини“, нагласи Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Веружен судир во близина на Сеул: Автобус предизвика хаос, десетици повредени

Најмалку 48 лица се повредени денес во судир со повеќе возила во градот Сеонгнам, Јужна Кореја, откако градски автобус удрил во повеќе од 30 возила кои чекале на семафор, соопштија надлежните.

Веружен судир во близина на Сеул: Автобус предизвика хаос, десетици повредени

Во несреќата, која се случила во 7:34 часот по локално време во округот Бунданг, учествувале четири автобуси, еден камион и 27 патнички автомобили. Автобусот конечно застанал откако удрил во заштитна ограда, пренесува агенцијата „Јонхап“.

Меѓу повредените, шест лица се здобиле со сериозни повреди, но никој од нив не е во животозагрозувачка состојба, изјавија официјални лица. Со автобусот управувал маж во своите шеесетти години, а полицијата не пронашла докази дека тој бил под дејство на алкохол.

Според полицијата, возачот изјавил дека му откажале сопирачките, а истражните органи во моментов работат на утврдување на точната причина за несреќата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер