За астрономска цена се продава најважната колекција на монети во светот (ВИДЕО) - Канал 5

За астрономска цена се продава најважната колекција на монети во светот (ВИДЕО)

Една од најголемите колекции на монети во светот, која се проценува на вредност од 75 милиони фунти (околу 88,5 милиони евра), лежела закопана во кутии за пури 50 години.

За астрономска цена се продава најважната колекција на монети во светот (ВИДЕО)

Сопственикот ги скрил плашејќи се од претстојна нацистичка инвазија, но починал кратко по пристигнувањето на трупите на Хитлер.

„Патничка колекција“

Богатството, наречено „Патничка колекција“, било пронајдено дури кога многу помладата сопруга на колекционерот почнала да се плаши од сопствената смрт и дека „скривалиштето може да се изгуби засекогаш“, и наскоро ќе биде понудено на аукција во Цирих.

Нејзиниот зет и друг роднина, пет децении по смртта на колекционерот, го извадиле богатството, кое било ставено во пликови во кутии за пури и метални контејнери, го сместиле во банкарски трезор и го започнале процесот на каталогизирање и вреднување.

Колекцијата, која опфаќа векови и континенти, е опишана како „најважната колекција на светски монети што некогаш е понудена на јавна аукција“ и е предвидено да се продава во текот на следните три години.

Реткости на аукција

Првата продажба овој месец во Цирих ќе се фокусира на британски монети.

Меѓу реткостите што ќе бидат понудени на аукција е и златна монета од пет гвинеа од времето на Џорџ III, датирана во 1777 година, чија вредност се проценува на повеќе од 260.000 фунти (околу 306.800 евра).

Монетите од други територии во колекцијата вклучуваат монета искована за Фердинанд III од Хабсбург во 1629 година, вредна над милион фунти (1.179.965 евра), и една од најраните австралиски монети, Порт Филип со кенгур, вредна 218.000 фунти (околу 257 илјади евра).

Закопано богатство во полето

Според Артур Рас, директор на „Нумизматика Артс“, компанијата што ја продава колекцијата, сопственикот, чии потомци побараа да не бидат именувани, почнал да купува златни монети по крахот на Волстрит во 1929 година.

Откако ја продал компанијата на својот татко, колекционерот „неуморно патувал со својата млада сопруга која го придружувала на меден месец што траел неколку години“, а по раѓањето на неговата единствена ќерка, се населил во Европа.

Според Русо, во пресрет на нацистичката инвазија, тој ги закопал златните монети во поле на својот имот, заедно со други парчиња од неговата колекција од три континенти, а потоа набргу потоа доживеал мозочен удар и починал.

Монетите останале под земја пет децении, сè додека неговата сопруга, „единствениот преостанат сведок на собирањето на богатството“, не ја открила тајната локација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма: Авион исчезна над океанот

Според неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.

Драма: Авион исчезна над океанот

Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него.

Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс.

Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“.

Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа.

Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Протестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена.

Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите

Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот.

Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер