За 79-иот роденден Нимиц доби потпишан договор за решен спор за името меѓу Македонија и Грција

Наместо торта и дување свеќи во кругот на семејството, медијаторот Метју Нимиц за 79-иот роденден ќе мора да се задоволи со потпишаниот договор меѓу Македонија и Грција.

Наместо торта и дување свеќи во кругот на семејството, медијаторот Метју Нимиц за 79-иот роденден ќе мора да се задоволи со потпишаниот договор меѓу Македонија и Грција, како своевиден подарок за тоа што на спорот му ги посвети последните 24 години од животот.

Веројатно уште долго ќе се шпекулира дали вештите меѓународнин стратези грижливо го одбрале датумот 17. јуни или тој е само случајно избран ден за големиот успех во дипломатска кариера на Нимиц, која го одликува со смиреност, без еуфорија, но со хируршка прецизност за еден иреален проблем каков што беше проблемот со името.

„Од моја страна беше кажано дека денеска ми е роденден. Јас на моето семејство му кажав оваа година не сакам подароци затоа што двајца премиери ќе ми дадат еден голем подарок. – изјави Метју Нимиц, посредник на ОН во преговорите со името.

Она по што ќе остане запаметен е неговиот оптимизам и надеж дека со мала помош од меѓународната заедница и добра волја од Македонија и Грција, спорот може да го доживее својот крај. Секогаш кус и концизен во настапите, Нимиц на новинарите понекогаш им задаваше главоболки да мораат сепак да ги дешифрираат неговите зборови и изразот со мала насмевка на лицето.

„Не носам нов опсежен предлог, затоа што мислам дека е значајно да разговарам во двата главни града и да видиме до каде сме, но имам идеи со кои процесот може да тргне напред. Очекувам многу и се трудам многу. Ви благодарам. – изјави Метју Нимиц.

На македонското меѓународно движење за човекови права од Торонто Нимиц, лани неофицијално им изјавил: „Ако бев Македонец, не би преговарал за моето име“. Македонија беше признаена од Обединетите нации на 8. април во 1993 година, но се согласи за сите официјални цели да се нарекува Поранешна Југословенска Република Македонија (ФИРОМ). Сепак, планот беше тоа да не трае долго. Иако процесите се одвиваа бавно, Нимиц се чини дека не помислуваше да се откаже од предлозите. Првпат јавно во 2015 тој спомена дека решението може да биде сложено име со географска одредница со терминот Македонија. Пред да ги даде петте предлози, Нимиц оцени дека има сериозен интерес и волја за процесот на преговори за спорот со драматичен напредок. Прифатена е едена од неговите идеи од јануари годинава за кои тврдеше дека не навлегуваат во идентитот. Но, „Република Северна Македонија“ јавно од него не излезе.

„Предложив некои нови идеи, нема да ги коментирам, ги предадов на двете страни. Преговарачите ќе треба да им ги достават на двете влади за да ги прегледаат и да ги прочитаат за да оценат што е важно и да донесат заклучок“, изјави Нимиц во јануари годинава.

Нимиц е роден на 17 јуни 1939 година во Бруклин, Њујорк. Дипломирал на колеџот Вилијамс во 1960, магистерските студии ги завршува на универзитетот Оксфорд две години подоцна. Американскиот дипломат, половина од работниот век го решаваше спорот меѓу Македонија и Грција. 24 години е медијатор меѓу двете земји за спорот со името. Се вклучи во март 1994 година, како специјален пратеник на тогашниот американски претседател Бил Клинтон. До крајот 1999 година е заменик, а потоа во свои раце ја презема функцијата и станува личен претставник на генералниот секретар на Обединетите нации, со задача, полека да ги побуди двете страни кон решение. Неговата плата – симболична, од само еден долар годишно, за објективна медијација во спорот.

Животот во раскошниот дом го замениле со автобус (видео)

 – Овој пар има 7 деца, сите живеат на тркала

Нивниот живот е динамичен и сакаат да го поминуваат во патување.

Познато е тврдењето дека секому му е потребен безбеден дом и покрив над главата, а тоа обично подразбира стационираност на едно место. Иако многумина посакуваат постојан сопствен дом, други со задоволство го менуваат за поскромни и поедноставни услови. Ова големо семејство докажа дека трошоците за живот не мора да се секогаш големи, туку дека понекогаш времето е пари и она што го доживуваме во животот.

Едно деветчлено американско семејство одлучило својот раскошен дом да го замени со автобус.

@jdandbritney

(null)

♬ original sound - AmericanFamilyRoadTrip

- Порано мислев дека, ако имам големо семејство би требало да имам и поголема куќа. Како просторот да е клучен за детето да израсне во успешна и добро ситуирана личност. На децата им е потребно вашето време. Имавме голема куќа, но таа бараше одржување и ни беше товар, ни го одземаше драгоценото време што го имавме за себе. Се одлучивме за поинаков пристап кој ни дава максимална можност за квалитетен живот - значајни искуства, развој на карактерот, учење и градење на односи – навела мајката на седумте деца во објавата на Инстаграм.

Таа истакнала дека за да го постигнете тоа не ви е потребно да живеете во голема куќа, туку како нив, во автобус.

Нивниот мобилен мини-дом има сè што му е потребно на целото семејство. Тие редовно споделуваат моменти од автобусот со лицата што ги следат на Инстаграм и Тикток.

Автобусот е на два ката и ги има сите неопходни елементи за функционирање на едно семејство. Децата имаат свои кревети, брачниот пар има свој заеднички кревет, како и кујнски елементи. На видеото објавено на Инстаграм може да се види како децата имаат свое катче за учење и одмор, така што буквално ништо не им недостасува.

Имаат када, туш кабина, топла вода и сите придружни елементи во бањата. Како што наведува оваа инфлуенсерка во описот на објавата, на нејзиниот сопруг му биле потребни осум месеци да го направи овој автобус, да го регистрира, да го осигура, но тие уште од почетокот имале свој оригинален дизајн. Засега во тој дом ги посетила само нејзината мајка, која рекла дека одлично спиела и дека ѝ било убаво.

Ова семејство привлекува големо внимание кај луѓето на Инстаграм, но многумина ги напаѓаат родителите поради тоа што ги ограничуваат децата на толку мал простор.

-Што ќе правите кога децата ќе станат тинејџери?

- Планирате да се усидрите некаде?

- Овие деца ќе бидат сè поголеми и поголеми, и автобусот нема да биде доволен.

- Не можам да преживеам во простор за кампување од 40 квадрати со петчлено семејство, хаха

- Ова е лага... нема шанси да се сместите со сите тие деца во овој автобус - беа дел од коментарите.

Многумина ги критикуваат овие родители дека не се грижат соодветно за семејството и дека децата немаат приватност, и дека овој потег е многу себичен од страна на родителите. Мајката на прозивките одговорила дека не мора да ги имаат сите одговори од денес до утре и дека засега совршено уживаат во својот подвижен дом кој им овозможува да посетат многу земји потполно бесплатно и многу поволно, така што засега немаат намера да се сместат на некое место.

Извор: srecna.republika.rs

Пет години ги чекал новите сопственици

Беспомошно куче го наоѓа својот нов дом по пет години чекање.

Потребно му било време да се адаптира на новиот дом.

За едно семејство голема е среќата и радоста кога ќе добие домашно милениче. Иако повеќето вдомуваат миленик од продавница за миленичиња, сепак има и такви кои се одлучуваат да покажат хуманост и да вдомат напуштени кучиња или мачки овозможувајќи им дом каков што посакуваат.

На социјалните мрежи, се појави видео со едно беспомошно 11-годишно куче, кое било вдомено по 5 години чекање.

Иако пронаоѓањето нови сопственици најчесто е гаранција дека кучето ќе добие бескрајна љубов и грижа од нивна страна, како што во видеото и покажуваат новите сопственици, сепак кучето откако се нашло во новата средина, меѓу туѓинци, се однесувало крајно исплашено и несигурно.

-Три недели не сакаше да се појави во нашата дневна соба. Првите чекори навистина му беа несигурни, како на бебе. Го носевме на плажа бидејќи тоа беше единственото место каде што сакаше да биде. Сакавме да го доживее светот, но имаше плускавци на нозете, па му беше тешко да се движи. Сепак, беше љубопитен и само се туркаше напред - изјавила сопственичката.

Флеш, како што го нарекуваат кучето, набргу некако успеал да се прилагоди на својот нов дом. Иако на почетокот кучето било плашливо и резервирано, сега наоѓа друштво во играчките низ куќата кои му привлекуваат внимание, но им се придружува и на другите кучиња што сопствениците ги чуваат.

Овие играчки кучето ги носело со себе во креветот, а подоцна преминало и на обувките. Секогаш кога сопствениците го губат далечинскиот управувач, Флеш е тука да го најде и да го донесе. Флеш, како што открива неговата сопственичка, е посебно куче на многу начини во споредба со другите кучиња, и ја добил сета љубов што ја чекал со години од своите нови сопственици.

Видеото било објавено од страницата „Geo Beats Animals“, а Флеш им привлекол големо внимание на луѓето кои биле пресреќни што конечно го пронашол својот дом. Според коментарите на луѓето, осаменоста за животните е подеднакво тешка како и за луѓето.

- Ви благодарам што му дадовте живот каков што го заслужува.

- Измамивте насмевка на неговото, но и на моето лице.

- Ви благодариме што му дадовте шанса да ужива во доцните години. Луѓето кои вдомуваат постари кучиња се посебни луѓе.

- Гледајќи го него толку среќен ми се насолзуваат очите - беа дел од коментарите.

Сопственичката открила дека помеѓу нив и кучето се создала силна врска, така што и најмала разделба понекогаш им причинува проблем.

-Кога се качуваме горе на катот, макар и за минута, почнува да плаче и штом ќе не види повторно, се радува и скока од радост. Едноставно е среќен што нè има како друштво - додала таа.

Сопственичката преку видеото покажала како ова некогаш осамено куче ги поминува деновите со нив, чекајќи ги пред врата кога се враќаат од работа, потоа додека шетаат со него и се дружат дома во дворот. Таа признава дека Флеш е совршен за нив и дека се среќни што го пронашле. Освен тоа, бидејќи семејството на напуштеното куче му пружило дом каков што заслужува и се врзале за него, таа признава дека Флеш никогаш повеќе нема да биде осамено куче.

Извор: srecna.republika.rs

притисни ентер