За 24 часа 7 колапси на јавно место, граѓаните често губат свест во автобус или на постојка - Канал 5

За 24 часа 7 колапси на јавно место, граѓаните често губат свест во автобус или на постојка

Колапси во автобуси и на постојки, сообраќајки, варирање на притисок, панични напади, ноќни повици поради млади што во алкохолизирана состојба паѓаат по улици. 

За 24 часа 7 колапси на јавно место, граѓаните често губат свест во автобус или на постојка

Високите температури освен асфалтот ја „вжештуваат“ и линијата на Итната медицинска помош. Со само пет екипи на смена на цело Скопје оваа служба има полни раце работа - над 100 повици, од кои за 73 во изминативе 24 часа морале да пратат и возила и да интервенираат на лице место.

Утрово специфичен случај на колапс имало во автобус кога човек откако изгубил свест се струполил додека автобусот се движел и се здобил со повеќе повреди.

На 194 не изостануваат повиците на депресивни, луѓе со психози и панични напади. Лекарите велат дека бројот на вакви случаи се зголемува, а на 194 се јавуваат и такви кои бараат помош за чувство на тахикардија поради тоа, боледуваат од хронична љубов.

Не ја земајте терапијата за притисок пред да го измерите, велат лекарите кои покрај основните препораки - надвор да не се изглегува во најтоплиот период од денот и да се пие големо количество на вода, советуваат, во најтоплите денови да се замине во поладните предели, на пример на планина, а и повеќе да се внимава на исхраната и начинот на живот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Симеоне се расплака додека зборуваше за Меси: Видете го, има 39 години (ВИДЕО)

Аргентина е во финалето на Светското првенство. 

Симеоне се расплака додека зборуваше за Меси: Видете го, има 39 години (ВИДЕО)

Во драматично полуфинале во Атланта, тие ја победија Англија со 2:1 по голем пресврт во самата завршница. Англичаните водеа со голот на Ентони Гордон во 55-тата минута, но Аргентина го доби дуелот за титулата светски шампион со головите на Енцо Фернандез во 86-тата минута и Лаутаро Мартинез во втората минута од судиското продолжение. Две асистенции забележа легендарниот Лионел Меси.

Во финалето против Шпанија, Аргентина ќе се обиде да ја освои својата втора последователна и четврта титула во целост. Натпреварот е закажан за недела, 19 јули во 21 часот. Франција и Англија играат за третото место еден ден порано во 23 часот.

По натпреварот, Џулијано Симеоне (23), десниот играч за врска на Аргентина, му се поклони на Меси. Низ солзи, тој проговори за медиумите: „Меси има 39 години, постигна сè што еден фудбалер може да сонува и и покрај ова, тој сè уште се бори како најдобар. Значи, на сите нас ни преостанува само едно. Да дадеме сè што имаме и да трчаме за него и Аргентина.“ Меси е одличен на Светското првенство. Во седум натпревари, постигна осум гола и асистира за четири.

Giuliano Simeone becomes emotional speaking about Lionel Messi following Argentina’s World Cup semi-final win over England
by u/JorSimpson45 in soccer

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ: Само јас не ја потпишав заедничката декларација во Киев

-Јас сум единствениот што не стави потпис на декларацијата“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по завршувањето на самитот..

Вучиќ: Само јас не ја потпишав заедничката декларација во Киев

Србија беше единствената земја на Самитот Украина–Југоисточна Европа во Киев што не ја потпиша заедничката декларација за продолжување на политичката, воената, финансиската и безбедносната поддршка за Украина и за засилување на притисокот врз Русија..

-Јас сум единствениот што не стави потпис на декларацијата“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по завршувањето на самитот.. Србија не сака да се приклучи на воената поддршка за Киев и на политиката за дополнително економско изолирање на Москва, појасни Вучиќ, посочувајќи дека ја поддржува европската интеграција на Украина и ја признава нејзината територијална целосност.

Документот го потпишаа претставници на Украина, Албанија, Грција, Молдавија, Романија, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора и Бугарија.

Во киевската декларација руската инвазија е осудена како незаконска и неоправдана агресија, а од Москва се бара целосно и безусловно да ги повлече своите сили од целата меѓународно признаена територија на Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

200 години затвор- стигна пресудата по осум години од трагедијата во Џенова во која загинаа 43 лица

Поранешниот директор на италијанската компанија за управување со автопати „Аутостраде пер л'Италија“, Џовани Кастелучи, е осуден на 12 години затвор за уривањето на мостот Моранди во Џенова во 2018 година, во кое загинаа 43 лица. 

200 години затвор- стигна пресудата по осум години од трагедијата во Џенова во која загинаа 43 лица

Обвинителите бараа многу подолга казна за него, објави Би-Би-Си.

Кастелучи беше еден од 57-те обвинети на судење во Џенова. Тој веќе отслужува шестгодишна затворска казна за сообраќајна несреќа во 2013 година. Друг висок функционер на компанијата, Микеле Донфери Мители, беше осуден на 11 години затвор. Мостот се урна за време на силен дожд во средината на туристичката сезона, а автомобили и камиони паднаа од висина на земја.

Емануел Дијаз, чиј брат Хенри загина во несреќата, за италијанската телевизија изјави дека е „многу задоволен“ од пресудата. Егле Посети, која ги загуби сестра си и семејството во уривањето, верува дека 12-годишната казна што му е изречена на Кастелучи е „прифатлива“.

Новиот директор се извини

Сегашниот извршен директор на „Аутостраде“, Ариго Џана, денес издаде јавно извинување во отворено писмо објавено во еден голем италијански дневен весник. „Дејствијата и одлуките на некои луѓе оставија неизбришливи лузни“, напиша Џана, кој дојде на чело на „Аутостраде“ минатата година.

„Денес да се издаде извинување кое тогаш не беше изречено е морална обврска за нас што оди подалеку од утврдувањето на правната одговорност и текот на правдата според вистината“, додаде тој. „Аутостраде“ и нејзината подружница претходно постигнаа договор за корпоративна одговорност.

Тие платија околу 30 милиони евра финансиски казни. Ова им овозможи на компаниите да избегнат судење како корпоративни обвинети и можни построги санкции, вклучително и исклучување од јавни договори. Новиот мост, дизајниран од италијанскиот архитект Ренцо Пијано, роден во Џенова, беше отворен во 2020 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер