За 15.000 евра е продадена првата невидлива скулптура на светот: Тоа е простор полн со енергија - Канал 5

За 15.000 евра е продадена првата невидлива скулптура на светот: Тоа е простор полн со енергија

Првата невидлива скулптура во светот е продадена, и тоа по вртоглава цена.

За 15.000 евра е продадена првата невидлива скулптура на светот: Тоа е простор полн со енергија

Имено, скулптура наречена I am (во превод Јас сум) од Салваторе Гарау е продадена за 15 илјади евра на аукција во Италија.

Скулптурата мора да биде сместена во приватна куќа во непречен простор со димензии 2,25 квадратни метри, во согласност со упатствата што доаѓаат со делото. Почетната цена на скулптурата била 7 илјади евра, но аукцијата достигна повеќе од двојно поголема бројка, пишува Италија 24 вести.

Купувачот само физички ќе добие потврда за сопственост на скулптурата. „Делото има историско значење и претставува совршена метафора за денешницата. Тоа е целосно невидливо и како такво не може да се репродуцира на Интернет и не е потребно да се споменува дека делото на Гарау нема негативно влијание врз животната средина“, пишува во описот.

„Празнината не е ништо друго освен простор полн со енергија, па дури и ако го испразниме и ништо не остане во него, според принципот на Хајзенберг, ништо нема своја тежина“, објаснил уметникот Гарау.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго е најсмртоносната во историјата на земјата, однесе 2.325 животи

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго однесе 2.325 животи, со што го надмина бројот на жртви во епидемијата од 2018 до 2020 година и стана најсмртоносната во историјата на земјата.

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго е најсмртоносната во историјата на земјата, однесе 2.325 животи

Конгоанскиот институт за јавно здравје соопшти дека бројот потврдени случаи се зголемил на околу 5000 случаи. Станува збор за 17-та епидемија на ебола во Конго, која веќе кон крајот на јули ја надмина претходната по бројот на случаи и стана најголема во историјата на земјата според тој показател. За овој сој на ебола нема одобрени вакцини или лекови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Апел до владата поради алармантната состојба со епидемијата на сипаници кај овците и козите

Сојуз на одгледувачи на овци апелира до владата и до надлежните институции за итно преземање мерки поради алармантната состојба со епидемијата на сипаници кај овците и козите, како и за заштита и помош на сточарите.

Апел до владата поради алармантната состојба со епидемијата на сипаници кај овците и козите

Насер Џемаил претседател на Сојуз на одгледувачи на овци изјави дека 40 семејства останале без приходи поради угинување на овците, тие од државата бараат обештетување и да обезбеди вакцини за заштита од болеста која ги коси овие домашните животни. Информаираат дека месото нема да биде штетно за јадење по вакцинација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран има нова мета?

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес изјави дека Канада станала „резервен тим“ на САД во нивната воена агресија против Иран.

Иран има нова мета?

Портпаролот Багеи изјави дека САД ја нарекуваат Канада своја педесет и прва земја, воведуваат царини на нејзините стоки, па дури и се закануваат дека ќе ја казнат за еколошки проблеми.

Тој исто така додаде дека одговорот на Отава е само послушност, според новинската агенција Тасним.

„Официјална Отава учествува во нелегалната војна на САД против Иран за да го задоволи Вашингтон. Оваа ситуација покажува дека Канада повеќе не се согласува со САД, туку е сведена на улога на резервен тим“, рече Багеи.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер