YouTube и Google Play укинаа уште услуги во Русија - Канал 5

YouTube и Google Play укинаа уште услуги во Русија

Youtube и продавницата на Google Play на Alphabet Inc. ги укинаа сите услуги засновани на плаќање во Русија, вклучувајќи ги и претплатите, додека западните санкции почнуваат да предизвикуваат банкарски тешкотии во земјата.

YouTube и Google Play укинаа уште услуги во Русија

Овие компании неодамна престанаа да продаваат онлајн реклами во Русија по сличните потези на Twitter Inc. и Snap Inc., кои следеа по руската инвазија на Украина.

„Како продолжение, сега ја прошируваме оваа забрана на сите наши содржини за монетизација, вклучително и YouTube Premium, членство на каналот, Супер разговор и производи за гледачите во Русија“, се вели во денешното соопштение на YouTube.

Каналите на YouTube во Русија сепак ќе можат да генерираат приходи од гледачи надвор од Русија преку реклами и платени услуги, кои вклучуваат Super Chat и продажба на стоки. Бесплатните апликации на Google Play остануваат достапни и во Русија, според веб-страницата за поддршка на компанијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уставен суд: Одредби од Изборниот законик на Дневен ред на 18. седница закажана за 8 јули 2026 година

На 8 јули 2026 година, со почеток во 9:30часот, Уставниот суд ќе ја одржи 18. седница за 2026 година. 

Уставен суд: Одредби од Изборниот законик на Дневен ред на 18. седница закажана за 8 јули 2026 година

Поради поголем интерес на новинарите, Судот информира дека на Дневен ред е предвидено да се дискутира по иницијатива на политичките партии „Левица" и „Демократи", во кои се оспорени одредби од Изборниот законик. Одредбите се однесуваат на платеното политичко рекламирање.

6. У.бр.144/2025 и У.бр.145/2025

Оспорени акти: членовите 75-ѓ став 1 и 12 алинеја 1 и 2, 76-д став 5 алинеја1 и 2, и 78-а став 4 алинеја 1 и 2 од Изборниот законик

Подносители на иницијативите: Политичка партија “Левица” и политичка партија „Демократи”

Од наводите во иницијативата:

(144/2025)Политичка партија “Левица”

Подносителот наведува дека оспорените одредби од Изборниот законик промовираат дискриминаторски пристап од аспект на достапноста на медиумскиот простор и распределување на јавните финансиски средства за платено политичко рекламирање. Во иницијативата се тврди дека Изборниот законик треба да обезбеди уставна рамнотежа преку еднаков третман на сите политички субјекти, преку еднаков пристап, бидејќи медиумскиот простор директно влијае на видливоста на учесниците во изборната кампања. Подносителот смета дека толкувањето на Изборниот законик предвидува сите регистрирани партии кои се јавуваат како учесници во изборниот процес, без оглед дали се парламентарни или вонпарламентарни да добијат соодветна и пропорционална државна поддршка и медиумски простор за претставување на граѓаните. Притоа, нагласува дека термините „може” и „најмногу” не смеат да се толкуваат буквално рестриктивно туку во согласност со целта на законот. Подносителот тврди дека во практиката произволно се толкува и двете најголеми партии од позиција и опозиција добиваат најмногу време, на штета на останатите помали партии. На овој начин, четирите најголеми партии-по две од власта и две од опозицијата добиваат привилигиран пристап до медиумите и државните средства, а останатите парламентарни партии се потполно исклучени, се наведува во иницијативата.

(145/2025)Политичка партија „Демократи”

Подносителот тврди дека оспорените членови се во спротивност со член 8 став 1 алинеја 5, член 9, член 16 ставови 1-5 и член 51 од Уставот. Се наведува дека помалите политички партии се ставени во нерамноправна положба, бидејќи се обезбедува 80% од бесплатниот рекламен простор само на четири политички партии, а на останатите само 20% од вкупниот број рекламни паноа и билборди. Во иницијативата се наведува дека оспорените одредби го нарушуваат политичкиот плурализам и слободните демократски избори како темелни вредности на Уставот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: 73 граѓани користат бесплатна нега во домот, има уште слободни места за услугата ,,Сервис за стари лица"

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска го посети домот на сограѓанката Снежана Чупевска, корисничка на бесплатниот „Сервис за стари лица“.

Герасимовски: 73 граѓани користат бесплатна нега во домот, има уште слободни места за услугата  ,,Сервис за стари лица"

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска го посети домот на сограѓанката Снежана Чупевска, корисничка на бесплатниот „Сервис за стари лица“, за да се информира како се реализира проектот и какви придобивки носи услугата за повозрасните жители на општината.

„Во моментот услугата ја користат 73 наши сограѓани, а вкупниот капацитет на проектот е за 90 лица, што значи дека има уште слободни места и ги повикувам сите заинтересирани да се пријават. Со овој проект обезбедуваме директна поддршка, социјализација и помош за нашите пензионери. Им го олеснуваме секојдневието на повозрасните и им овозможуваме достоинствена и соодветна нега во нивните домови“, рече Герасимовски.

За време на посетата, градоначалникот разговараше со 76-годишната корисничка на сервисот и со негувателката Бранка Милковска, кои посочија дека услугата, покрај грижата и поддршката, создава и блиски односи и искрени пријателства.

Проектот обезбедува домашна посета на негуватели трипати неделно, во траење од по два часа, помош во секојдневните активности, одржување на личната хигиена, давање терапија, подготовка на оброци, набавка на прехранбени производи и лекови, како и разговор и дружење.

За корисниците на кои им е потребна физикална терапија, обезбедени се посети од физиотерапевт двапати неделно, во траење од по еден час.

Проектот „Сервис за стари лица“ се реализира во соработка со здружението „Хуманост“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Родри славеше пред лицето на Силва, а потоа му се извини: „Не беше во ред“

Капитенот на Шпанија, асот на Манчестер Сити, Родри јавно му се извини на долгогодишен клупски другар, Португалецот,  Бернардо Силва по победата на Шпанија над Португалија (1:0) во осминафиналето на Светското првенство

Родри славеше пред лицето на Силва, а потоа му се извини: „Не беше во ред“

Капитенот на Шпанија, асот на Манчестер Сити, Родри јавно му се извини на долгогодишен клупски другар, Португалецот, Бернардо Силва по победата на Шпанија над Португалија (1:0) во осминафиналето на Светското првенство, признавајќи дека не се однесувал спортски на крајот од натпреварот.

Непријатната ситуација меѓу поранешните соиграчи од Манчестер Сити се случи веднаш откако Микел Мерино го постигна победничкиот гол за Шпанија.

Бернардо Силва набрзо потоа пропушти одлична шанса за израмнување, а Родри многу гласно и „диво“ го прослави неговото промашување, предизвикувајќи видлива реакција од португалскиот играч од средниот ред.

Иако тензиите стивнаа веднаш по натпреварот, Родри во разговор со новинарите нагласи дека мисли дека направил грешка.

„Како прво, сакам да се извинам затоа што не се однесував коректно кон мојот колега. Инстинктивно ја прославив неговата грешка, што беше погрешна од моја страна. Тој ми прости и му се извинувам уште еднаш“, рече Родри.

Иако беше прогласен за најдобар фудбалер на еврпското дерби, шпанскиот капитен изјави дека признанието не требало да му припадне нему.

„Кога ќе влезете од клупата и ќе го постигнете одлучувачкиот гол на таков начин, тогаш вие сте играч на натпреварот. Јас би му ја доделил наградата на Мерино. Залагањето на целиот тим беше за паметење“, заклучи Родри, оддавајќи признание на стрелецот на победничкиот гол што ја одведе Шпанија во четвртфиналето на Светското првенство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер