Xiaomi остварил рекорден приход, продале повеќе апарати и од Apple - Канал 5

Xiaomi остварил рекорден приход, продале повеќе апарати и од Apple

Добивката на кинеската Xiaomi во вториот квартал скокнала за рекордни 64 проценти на годишно ниво, бидејќи компанијата го зголемила својот удел на глобалниот пазар на паметни телефони и се развила во областа на поврзување на Интернет (IoT).

Xiaomi остварил рекорден приход, продале повеќе апарати и од Apple

Продажбата на Xiaomi во вториот квартал достигнала 87,8 милијарди јуани (13,56 милијарди долари), наспроти 53,54 милијарди во истиот период минатата година, над проценките на аналитичарите од 84,53 милијарди јуани.

Нето приходот од 6,32 милијарди јуани бил за 87,4 проценти поголем од вториот квартал минатата година и исто така ги надминал очекувањата.

Санкциите на американската влада против ривалот на Xiaomi, Huawei, ефективно го уништија бизнисот со паметни телефони на технолошкиот гигант и му дозволија на Xiaomi, заедно со кинеските производители на Android, Oppo и Vivo, да го зголемат својот удел на пазарот.

Уделот на Xiaomi на глобалниот пазар на паметни телефони пораснал за 83 проценти на годишно ниво во кварталот што заврши до јуни, според истражувачката фирма Canalys. Притоа, испорачале 52,8 милиони телефони, со што станале втор најпродаван бренд на светот за прв пат во својата историја, зад Samsung и пред Apple, јавува Ројтерс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вотсон ги одби Денвер и 70 милиони долари!

Американскиот кошаркар Пејтон Вотсон одбил понуда вредна 70 милиони долари од НБА тимот Денвер Нагетс.

Вотсон ги одби Денвер и 70 милиони долари!

Денвер Нагетс му понудија на Пејтон Вотсон четиригодишен договор вреден 70 милиони долари, но американскиот кошаркар ја одбил понудата од тимот од Колорадо.

Како што пренесува Сем Емик од порталот „Атлетик“ (The Athletic), Вотсон смета дека оваа понуда е далеку од она што го заслужува по одличната сезона во која имаше просек од 14,6 поени, 4,9 скока и 2,1 асистенција за околу 30 минути игра по натпревар. Како што веќе пишувавме, три франшизи внимателно ја следат ситуацијата: Кливленд Кавалирс, Лос Анџелес Клиперс и Милвоки Бакс.

Сè уште постои опција Вотсон да го продолжи договорот и веднаш да биде разменет од Денвер – за што исто така пишувавме – како и опција сите преговори да пропаднат, па Пејтон да ја прифати квалификациската понуда од 6,5 милиони долари и следното лето да стане слободен агент без ограничувања.

Во моментов, Вотсон е слободен агент со ограничувања, бидејќи Нагетс го задржуваат правото да израмнат која било понуда што тој ќе ја добие.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните

СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните, надлежните веднаш ги демантираа, водата во Скопје е безбедна за пиење.

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните

Таман човек ќе помисли дека СДС го допреле дното, тие повторно покажуваат само едно, дека се бунар без дно. Овој пат отидоа до таму со своите лаги и ширење паника меѓу граѓаните велејќи дека водата во Скопје е небезбедна за пиење.

Оваа информација не е само гола политичка критика, туку опасна дезинформација. И сето ова го прават очигледно за политички поени, бидејќи ваква неточна, непроверена информација не само што создава паника, туку во крајна линија може да влијае на здравјето на граѓаните.

СДС и нивниот моментален претседател Венко Филипче кој со својот ментор и партиски другар Зоран Заев се шета по Егејот треба да се смири и да не се однесува како сонцето да му удрило во глава и да дава вакви насоки за вакво ширење паника.

Дополнително, овој обид за дезинформирање на граѓаните и ширење паника покажува само едно дека СДС веќе не знае ни каде удира. Кога немаат што да понудат, останува само политичкото дно, а тоа кај СДС очигледно нема крај.

Надлежните државни институции веднаш реагираа демантирајќи ги со факти, а реагираше и обвинителството. Сепак се очекува исход од истрагата бидејќи вакви дезинформации се опасни. Се очекува деновиве добра вест и од Гостивар дека водата е квалитетна за пиење.

За жал, во оваа држава СДС како опозициска партија почнува да делува и опасно за граѓаните. СДС и актуелното раководство со своите вакви постапки покажува само дека е талогот на Македонија.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Малолетна девојка од Охрид пријавена за исчезната – семејството бара помош

Семејството на малолетната Кристина од Охрид поминува низ тешки моменти, откако девојката е пријавена за исчезната.

Малолетна девојка од Охрид пријавена за исчезната – семејството бара помош

Малолетната Кристина од Охрид е пријавена за исчезната, информираат нејзините блиски.

Според информациите, таа последен пат контактирала со семејството вчера околу 16:00 часот. При излегувањето од дома била облечена во црна маица и широки фармерки.

Случајот е пријавен во полиција, а семејството упатува апел до сите граѓани кои можеби ја забележале Кристина или имаат каква било информација за нејзиното движење, да помогнат.

Информациите може да се пријават на 075/238-015 и 075/238-017, или во најблиската полициска станица.

Секој детал може да биде важен.

Извор/Фото: Охрид прес

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер