ВМРО-ДПМНЕ: Нови клинички болници во Штип и Тетово, нов Клинички центар во Скопје, Владата со сериозни инвестиции во здравството
2ВМРО-ДПМНЕ: Нови клинички болници во Штип и Тетово, нов Клинички центар во Скопје, Владата со сериозни инвестиции во здравството
АвтомобилизамVW го претстави новиот Golf GTI Clubsport, има 300 КС (ФОТО)Специјалитет на денот е новиот Голф, сега во уште поекстремно издание.После Голф ГТИ од Фолксваген доаѓа уште едно добро познато име - ГТИ Клубспорт. А, тоа значи уште повеќе коњи со забележително подобри перформанси на патот. Тој рецепт се повтори и на осмата генерација, па моторот 2.0 TSI наместо со GTI 245 сега дава 300 КС со 400 Nm вртежен момент. Меѓу другото, ова се постигнува со инсталирање на нова турбина, а контролната електроника е добро редизајнирана. Погонот остана на предните тркала, а силата се пренесува исклучиво преку менувачот DSG. Сето ова е доволно за да се стигне до 100км./час за помалку од шест секунди, додека максимумот е ограничен на 250 км на час. Постојат неколку модалитети на работа, вклучително и еден специјално прилагоден за Нирбургринг. На задната страна, двата овални ауспуси покажуваат дека станува збор за посебен дизајн. Естетски, автомобилот се издвојува со уште поагресивен изглед добиен со инсталирање на поагресивни браници и прагови. Со украсни налепници, идниот сопственик може да очекува тркала од 18 инчи и масивен заден спојлер. Внатре, сепак, само неколку нови детали кои се оддалечуваат од стандардните осумки.Цената и точното пристигнување на пазарот сè уште не се познати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30
МакедонијаМВР: Од 140 контроли кај мотоцикли, 102 не носеле кацигиОд 140 направени прекршоци од возачи на мотори, мотоцикли, велосипеди 102-ца од нив не носеле заштитен шлем – кацига.МВР контролата ја извршиле на територија на целата држава и акцијата била насочена кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. При контролата кај двајца возачи на мотор било потврдено дека возеле под дејство на алкохол.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Нови клинички болници во Штип и Тетово, нов Клинички центар во Скопје, Владата со сериозни инвестиции во здравствотоВладата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со сериозни инвестиции во здравството, со цел граѓаните да добијат современи установи, подобра опрема и поквалитетни услуги.Се реализираат Клиничките болници во Штип и Тетово, проширување на Здравствениот дом во Кичево, студентскиот дом и Факултетот за медицински науки, за кои веќе има интерес од потенцијални финансиери. Паралелно се работи и на нов Клинички центар во Скопје, за кој се разгледува кај „Борис Трајковски“. Планот опфаќа современ здравствен комплекс поврзан со „8 Септември“ преку топол подземен премин, а во целината се вклопуваат и ПЕТ центарот и поликлиниката „Букурешт“. Во меѓувреме, резултати има и во постојните установи. Во „8 Септември“ се реконструирани оперативниот блок, интензивната нега, патологијата, лабораторијата и кровот, а обновена е и трауматологија во Старата градска болница. Во ГАК се вложени 110 милиони денари за реконструкција и опрема. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ се обновени 6 операциони сали, а уште 4 се очекува да бидат ставени во функција. Вкупно се реконструирани над 10 здравствени објекти и клиники, со набавена современа опрема вредна неколку милиони евра. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСериозна состојбата со пожарот помеѓу Зелениково и СтуденичаниСе уште е сериозна состојбата на подрачјето меѓу општините Студеничани и Зелениково, каде огнот се шири на потегот Моране, Вртекица и Рамни Габер ко Палиград. Активни се пожарите во гостиварскот село Трново, над селото нежилово општина Чашка. Во текот на деноноќието се изгаснати уште 25 пожари на повеќе локации низ земјава. Заради ветерот што дуваше од овој дел на градот, вчера целата скоспка котлина беше покриена од густ чад.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook