Вулкан кој делува како вијагра!?

Италијанците, кои го сакаат сексот, почнале масовно да посетуваат едно место покрај Неапол каде на посебно уредени паркинзи можат да уживаат со „пријателките на ноќта“.

Но, местото всушност е популарно поради вулканот Солфтар кој емитува гасови за кои се верува дека дејствуваат како афродизијак. Особено големо дејство, местото има на машката ерекција поради што експертите тврдат дека би можело да биде ефикасно за лекување на еректилна дисфункција исто како и вијагра.

Иако се уште не е утврдено колкави количества на оваа хемикалија се безбедни за користење, тоа не ги спречува бројните „кампери“ да ги користат моќите на вулканот. Не им пречи дури ниту миризбата на расипани јајца.

Поради зголемениот број на посетители, на местото почнале да се делат бесплатни презервативи и упатства за сигурен секс.

Ердоган : Не сакаме ескалација , но Грција би можела скапо да плати

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска  ја предупреди Грција дека неговата земја ќе одговори на каков било напад врз нивниот истражувачки брод Орус Реис во источниот Медитеран, по расправијата меѓу двете членки на НАТО.

Турција и Грција се расправаат за територијалните води чии морски длабочини се богати со енергенси, а тензиите се зголемија во понеделникот кога Анкара испрати истражувачки брод во спорниот дел на Медитеранот, придружен со воени бродови.

Обраќајќи им се на новинарите во Истанбул, Ердоган денеска рече дека едно од воените бродови што го придружувал Орус Реис - Кемал Реис - „одговори на неопходен начин“ на нападот на грчкиот брод во четвртокот.

„Ако тоа продолжи, тие ќе добијат одговор“, рече тој.

Вчера Ердоган предупреди на „високата цена“ што Грција ќе ја плати доколку Орус Рис биде нападнат.

Претходно во Женева, турскиот министер за надворешни работи рече дека неговата земја не сака ескалација на тензиите со Грција во источниот Медитеран, нагласувајќи дека Анкара ја смета Атина одговорна за тензиите.

„Не сакаме ескалација, но Грција треба да дејствува во согласност со здравиот разум“, рече турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на прес-конференција во Женева.

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за спорот меѓу Турција и Грција во источниот Медитеран за време на вонредната средба во текот на денот.

Грчкиот министер ќе се состане и со државниот секретар на САД, Мајк Помпео.

Во Србија 235 новозаразени , починале четворица

Според најновите податоци, во последните 24 часа во Србија се регистрирани 235 нови случаи на инфекција со коронавирус, а починаа уште четири лица.

Хоспитализирани се 143 лица, а 78 пациенти се на респиратор, пишува „Блиц“.

Тихановскаја побара повторно пребројување на гласовите во Белорусија

Тихановскаја од своите поддржувачи побара да ја поддржат истрагата за наводното фалсификување на изборите и ги повика сите градоначалници на мирни демонстрации во Белорусија, пренесува Ројтерс.

Противкандидатката на белорускиот претседател Александар Лукашенко, на неодамна одржаните избори, Светлана Тихановскаја ги повика своите приврзаници да потпишат онлајн петиција во која бараат повторно пребројување на гласовите, со уверување дека е таа победникот на изборите.

Во видео пораката преку јутјуб Тихановскаја од своите поддржувачи побара да ја поддржат истрагата за наводното фалсификување на изборите и ги повика сите градоначалници на мирни демонстрации во Белорусија, пренесува Ројтерс.

За состојбите во Белорусија денеска на итен состанок заседава Советот за надворешни работи на Европската унија. Претседателката на Европската комисија Фон Дер Лајен во пресрет на состанокот побара воведување санкции за Белорусија.

притисни ентер