Вуков: Со нетрпение ја чекам трката во Силверстоун - Канал 5

Вуков: Со нетрпение ја чекам трката во Силверстоун

Македонскиот автомобилист Ристо Вуков продолжува со настапите во Порше Суперкуп кој се вози пред трките на Формула 1.

Вуков: Со нетрпение ја чекам трката во Силверстоун

На претходниот викенд во Австрија, патека каде што Вуков тренираше во претсезоната, тој успеа да се најде на 16. Место, па претстојниот викенд очекува освојување бодови.

По Имола, Монако и Ред Бул Ринг, овој викенд на програмата е трката на англискиот Силверстоун.

- Се надевам дека малерите и проблемите не добија виза и останаа во Австрија. Силверстоун е сосема поинаква патека каде што има свиоци низ кои возилото струи без да се допираат сопирачките. Патеката ми се допаѓа и верувам дека инженерите повторно ќе го тјунираат возилото на најоптимален начин. Најавени се променливи временски услови, но ќе видиме колку тоа ќе се погоди во термините од Порше Суперкуп. Со нетрпение очекувам да имам „нормален“ викенд во кој конечно потенцијалот што го имаме, ќе биде соодветно награден со бодови, изјави Вуков.

Трката се вози во недела на пладне, три часа пред онаа од Формула 1.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: Ребалансот на Буџетот за 2026 носи повеќе средства за капитални инвестиции и развојни проекти

Денес сакаме да зборуваме за суштината на усвоениот ребаланс на Буџетот за 2026 година.

Стојаноски: Ребалансот на Буџетот за 2026 носи повеќе средства за капитални инвестиции и развојни проекти

Овој Буџет не е документ на паника и не е отстапување од економската политика. Тој е навремено приспособување на Буџетот кон реалните економски движења и кон потребите на граѓаните, општините и стопанството.

Вкупните приходи се зголемуваат за 4 милијарди и 575 милиони денари, или 1,2 проценти, и достигнуваат 379,5 милијарди денари.

Вкупните расходи се зголемуваат за 11,6 милијарди денари, или 2,8 проценти.

Да, дефицитот се зголемува и изнесува 4,1 процент од БДП.

Но клучно прашање не е само колкав е дефицитот, туку за што се користи дополнителниот фискален простор.

Одговорот е многу јасен.

Капиталните расходи се зголемуваат за 5 милијарди и 814 милиони денари, односно за 14,5 проценти.

Развојните потпрограми растат за 4 милијарди и 215 милиони денари и достигнуваат повеќе од 41 милијарда денари.

Тоа се средства за патишта, железница, водоводи, канализации, училишта, здравствени објекти, животна средина и локална инфраструктура.

Тоа се инвестиции што создаваат работа денес, а вредност за граѓаните во годините што следуваат.

Истовремено, приходната страна не се гради врз нереални очекувања.

Приходите растат систематски ,системски, пресметано и создаваат поголема вредност во економијата.

Се крати таму каде што нема доволен приоритет, а се зголемува таму каде што има економски, развоен и општествен ефект.

Затоа, кога опозицијата ќе зборува само за една бројка, ние ќе зборуваме за целата слика.

Ќе зборуваме за структурата на расходите, за проектите и за придобивките кои што треба да ги почувствуваат граѓаните.

Овој Ребаланс треба да се оценува не само според тоа колку средства се планираат, туку според тоа што ќе се изгради и што ќе се подобри со нив.

Тоа е разликата помеѓу непродуктивна потрошувачка и развојна политика.

Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Т Арена ја отвора новата сезона со нов визуелен идентитет и музички настан за сите граѓани

Од денес, најголемата спортска сала во Македонија, којашто функционира во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, започнува да работи со ново име, нов визуелен идентитет и визија.

Т Арена ја отвора новата сезона со нов визуелен идентитет и музички настан за сите граѓани

Т Арена официјално го започнува своето ново поглавје. Од денес, најголемата спортска сала во Македонија, којашто функционира во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, започнува да работи со ново име, нов визуелен идентитет и визија да биде водечка дестинација за најголемите музички, спортски и културни настани во земјата.

Почетокот на новата сезона во Т Арена ќе биде одбележан со голем музички настан за сите граѓани, посветен на јубилејот 35 години независна Македонија во рамките на програмата на Владата на Република Македонија. На 2-ри септември, Т Арена ќе биде домаќин на концерт на македонски уметници којшто ќе биде реализиран со поддршка од Македонски Телеком. Деталите за програмата ќе бидат соопштени дополнително од страна на организаторот.

„Нашата улога отсекогаш одела подалеку од технологија. Ние сме дел од ова општество и затоа сум особено горд што новата приказна на Т Арена започнува со настан посветен на 35 години независна Македонија – јубилеј што им припаѓа на сите граѓани. Т Арена е наша заедничка визија и верувам дека ќе стане место каде што ќе се одбележуваат уште многу важни јубилеи, ќе се слават големи спортски успеси и ќе се создаваат нови приказни што нè поврзуваат како општество.“- изјави Горан Марковиќ, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

„Ова партнерство претставува важен чекор во развојот на Т Арена и потврда за нашата заедничка определба да инвестираме во нејзината иднина и во постоечките капацитети на целокупниот Спортски центар „Борис Трајковски“. Почнавме со нов инвестициски циклус за зајакнување и проширување на капацитетите, а планираме и новитети коишто ќе бидат од големо значење за сите посетители. Особено ми е драго што Т Арена ќе продолжи да го гради својот статус во најголемиот спортски центар во земјата којшто е дом на речиси сите спортски селекции, како и место каде што се одржуваат најголемите концерти и културни манифестации.“- изјави Данијел Апостолоски, Директор на СЦ „Борис Трајковски“.

Со почетокот на работата на Т Арена, Телеком воведува и нови придобивки за своите корисници. Преку програмата Magenta Moments, корисниците ќе добијат 20% попуст за користење на капацитетите коишто ги нуди СЦ „Борис Трајковски“, како и други поволности и искуства во Т Арена.

Македонски Телеком веќе 25 години е дел од најзначајните музички, спортски и културни иницијативи, а преку Т Арена дополнително ја потврдува својата долгорочна определба да создава нови вредности и искуства за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Баркола, начелно се договорил за трансфер во Ливерпул

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, репрезенативецот на Франција, Бредли Баркола, начелно се договорил за трансфер во Ливерпул. 

Баркола, начелно се договорил за трансфер во Ливерпул

Оваа одлука уследила по разговорите со тренерот на англискиот клуб, Андони Ираола, но конечниот договор сè уште не е на повидок.

Клубовите стапиле во контакт, но нивните ставови околу обештетувањето сè уште се прилично оддалечени, пишува „Л'Екип“.

Иако неговиот договор со парискиот клуб трае до јуни 2028 година, 23-годишниот Баркола одлучи да не го продолжи – одлука што стана позната во неделата.

Неговиот начелен договор за премин во Ливерпул претставува значаен чекор, иако тоа не значи дека е постигнат конечен договор за условите на трансферот.

Овој развој на настаните е во спротивност со извештаите објавени од италијанските медиуми во понеделникот.

Во изминатите денови, француското крило водеше разговори со неколку претставници на англискиот клуб, како и со менаџерот Андони Ираола. Баркола се надева дека клубовите ќе постигнат договор што ќе му овозможи да ја продолжи кариерата во Премиер лигата.

Раководството на Ливерпул ги започна преговорите со своите колеги од Париз. Иако ПСЖ сега е отворен за продажба на играчот, клубот инсистира на високи финансиски услови, а моментално постои значителна разлика во проценката на вредноста на трансферот. Останува да се види дали начелниот договор со францускиот репрезентативец ќе го забрза процесот на трансфер во наредните денови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер