Вухан е град на духови , на ден пред Нова година (ВИДЕО)

Вухан е град во источна Кина со 9 милиони жители, со 11 милиони во поширокото подрачје , за кој што многумина никогаш не слушнале се додека не стана епицентар на епидемијата на смртоносниот нов коронавирус.

Вухан сега е најголемиот карантин во историјата, заедно со блиските милионски градови Хуанганг и Ежоу , како и другите помали градови. Вкупно 20 милиони луѓе се под карантин најавен од кинеските власти во средата за да се спречи застрашувачкото брзо ширење на вирусот.

Празните улици на Вухан се уште пострашна глетка заради новогодишните украси – утре се слави Кинеската нова година, проследена традиционално со двонеделна прослава со Пролетниот фестивал и Фестивалот на светилките. Во оваа прилика, стотици милиони Кинези обично патуваат кај своите семејства или одат на одмор, како во Кина , така и во странство.

На снимките кои доаѓаат од градот може да се видат војници со маски кои ги блокираат влезовите на железничката станица во градот.

Жителите брзо ги испразнија полиците на продавниците за да се подготват за евентуален недостиг на храна и присилно престојување во домовите.

Пусти се и улиците на Пекинг , каде претходните години имаше река од луѓе , кои се подготвуваа за дочекот на лунарната Нова година.

Бројот на загинати, во меѓувреме, се искачи на 26, а бројот на заразени на 830, барем според официјалните бројки. Пред неколку дена, научниците од „Империал колеџ“ во Лондон тврдеа дека со вирусот можеби се заразени 1.700 луѓе, кога официјалниот број беше помал од 300.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер