БалканВучиќ: За првпат ќе бараме седница на СБ на ОН за заштита на Србите на КосовоЗа првпат ќе бараме седница на СБ на ОН за заштита на Србите на Косово, како и средба со Столтенберг и НАТО. Претседателот на Србија Александар Вучиќ во денешното обраќање до јавноста најави дека Србија поради „организираното и подржано етничко чистење на Србите на Косово“ ќе побара итна средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и ќе побара, за првпат, седница на Советот за безбедност на ОН за заштита на Србите на Косово, преку КФОР и демилитаризација на северно Косово од Албанците, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ, осврнувајќи се на вчерашниот разговор со Мирослав Лајчак, кажа дека Србија исполнила се што е побарано од неа за да дојде до дескалација на состојбата на северно Косово и праша „како до ескалција да дојде, кога Приштина не го сака тоа и кога во тек е општ и организиран напад и етничко чистење на Србите на Косово.“ -Денес Србија се наоѓа во најтешка состојба, не поради нас, туку поради секојдневните акции на Приштина, што е блаконаклонето гледано од поединци во меѓународната заедница. Во тек е етничко чистење на Србите на Косово, кое е добро планирано, организирано, и кое е суштински подржано од дел на меѓународната заедница, изјави Вучиќ, наведувајќи детално бројни примери на „апсење, тепање, држење во притвор на угледни Срби. Како што кажа, во тек се две планирани акции на Косово. Едната е бесправното заземање на повеќе точки на северно Косово од косовската полиција и претресите на возилата на Итна помош и напад на здравствениот систем и второто е „странската медиумска кампања подржана од владите“ со цел кримилизација на Србите и на СПЦ на Косово. Вучиќ изјави дека британската пратеничка Алиша Кернс, која рече дека СПЦ учествува во шверцот на оружје, е позната по своите антисрпски активности и дека Србија ќе покрене истрага против неа, „ако владата на Велика Британија не реагира“. Како што кажа, „Србија е подготвена да ги продолжи разговорите, но дека е јасно дека работите излегле од контрола и дека Србија е втурната во ќош“ поради што ќе побара итен разговор со шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, како и дека Србија за првпат поради настаните на Косово ќе побара свикување итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации. -Немаме право да дозволиме понатамошен погром, прогон и етничко чистење. На седницата ќе бараме Советот за безбедност врз основа на своите овластувања да преземе итни мерки за заштита на животите на Србите и слободата на Србите на Косово. Ова конкретно значи дека ќе бараме Советот за безбедност да му нареди на КФОР да ги исполни обврските пропишани со членовите 9 и 15 од Резолуцијата 1244, како и членовите 3 и 4 од Анекс 2 од таа Резолуција, објасни Вучиќ. Тој посочи дека тоа значи веднаш на терен да се спречи понатамошното дејствување на сите безбедносни и други структури на властите во Приштина кои ги загрозуваат животите, слободата, безбедноста, достоинството и опстанокот на Србите на Косово и да се демилитаризираат сите албански формации во согласност со Резолуцијата 1244 на ОН. Тој додаде дека набргу ќе донесе одлука за барањето на „Српска листа“ за прогласување на полициските структури на северно Косово за терористички организации. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„На кавга со Иван“ - Слаѓана ТасеваВечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана ТасеваКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваКога обврските ја потиснуваат романтиката – Како повторно да внесете блискост во односотСтресот поради работата, семејните обврски и секојдневните проблеми не влијаат само на сонот и расположението, туку може да ја ослабат и желбата за блискост. Кога сме исцрпени и постојано размислуваме на обврските, тешко ни е да се опуштиме и да уживаме во времето што го минуваме со партнерот. Зошто стресот влијае на желбата за интимност? Кога сме под притисок, организмот се подготвува да се соочи со предизвиците, па тешко се опуштаме. Повишеното ниво на кортизол и адреналин влијае на сонот, расположението и енергијата, што се одразува на партнерскиот живот. Долготрајната напнатост често носи умор и раздразливост, и чувство дека немаме доволно време за себе. Кога сме исполнети со грижи, често немаме енергија за нежност, романтика и заеднички моменти. Хормонaлните промени, особено симптомите на перименопауза и менопауза, промените во нивото на естроген, како и физичките тегоби за време на односот, кои не треба да се занемаруваат, влијаат на желбата, Сепак, намалената желба не значи автоматски дека привлечноста исчезнала или да врската е во криза. На неа влијаат и здравствената состојба, квалитетот на сонот, одредени лекови и емоционални проблеми поради што важно е да се согледа целокупната ситуација. Како повторно да се разбуди блискоста? Првиот чекор е да најдете начин да ја намалите секојдневната напнатост. Прошетка, вежби со дишење, јога или активност која ви причинува задоволство, сето тоа може да ви помогне да се опуштите и да се одвоите од проблемите што ве преокупираат. Важно е да разговарате со партнерот без обвинување и создавање дополнителен притисок. Објаснете како се чувствувате, сослушајте ја неговата перспектива и заедно размислете што би можеле да промените за да имате повеќе време еден за друг. Не мора веднаш да планирате големи романтични гестови. Заедничката прошетка, вечера, прегратка или разговор без телефони може да ви помогне повторно да се поврзете. Нежноста не мора секој пат да води кон интимен однос, а токму отсуството на очекување може да помогне во опуштањето. Обидете се да го подобрите квалитетот на сонот и да најдете рамнотежа помеѓу обврските и одморот. Редовното движење, сонот и времето посветено на себе може да придонесат за подобро расположение и поголема енергија, што позитивно се одразува на односот со партнерот. Ако намалената желба трае, предизвикува незадоволство и влијае на вашиот однос, разговарајте со лекар за можните причини. Особено е важно да побарате помош ако се јавува болка и изразена непријатност во текот на интимниот однос. Блискоста не се мери со честите интимни односи, туку со чувството на сигурност, разбирање и поврзаност. Кога ќе си дадете доволно време себеси и на партнерот, ќе разговарате отворено без да создавате дополнителен притисок, полесно ќе најдете начин повторно да уживате во заедничките моменти, пренесува Ordinacija.hr Извор: srecne.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЖивотЗаборавете на изгледот и мускулите – Еве какви мажи посакуваат женитеМаж со овие особини кај жената буди најголема страст.На сексуалното задоволство кај жената не влијаат само физичкиот изглед на партнерот или неговите сексуални вештини; туку за успешно сексуално задоволство заслужни се и други особини... Според истражувањата на оваа тема, важна улога играат личните квалитети на мажот, начинот на кој се однесува кон својата партнерка, како и чувството на блискост и сигурност што тој ги создава. Издвојуваме неколку карактеристики кои често се поврзуваат со поголемо сексуално задоволство кај жените. Хуморот е привлечен Честопати на жените им се привлечни мажите кои знаат да ги насмеат. Добрата смисла за хумор може да биде знак дека е друштвен, самоуверен и способен да ѝ посвети внимание на партнерката во конкретна ситуација. Исто така, важно е да се знае кога да се пошегува, а кога да биде сериозен. Токму ваквата комбинација создава поопуштена атмосфера меѓу партнерите. Креативност и спонтаност Монотонијата може негативно да влијае на врската, додека креативноста и подготвеноста за прифаќање промени можат да донесат повеќе возбуда. Не е неопходно мажот да биде физички совршен за да биде привлечен. Жените можат особено да ја ценат неговата креативност, спонтаност и подготвеност заедно со партнерката да истражуваат што најдобро им одговара. Креативноста често се поврзува и со одредена доза на мистериозност, што за некои жени може да биде особено привлечно. Топлината создава чувство на сигурност Љубезноста, вниманието, чувството на блискост можат да бидат многу важни за сексуалното задоволство. Кога жената се чувствува сигурно и прифатено од својот партнер, полесно може да се опушти и препушти на моментот. На тој начин, довербата игра значајна улога во сексуалниот однос. Сигурната и опуштена атмосфера, исто така, им овозможува на партнерите поотворено да разговараат за своите желби, граници и за она што им причинува задоволство. Верноста гради блискост Довербата и чувството на посветеност можат дополнително да ја зајакнат врската меѓу партнерите. Кога жената знае дека нејзиниот партнер е верен и ја цени, таа може да се чувствува посакувана и сакана. Таквата емоционална поврзаност може да биде клучна за сексуалното задоволство. За некои жени, ова чувство на блискост и доверба игра поголема улога од физичкиот изглед на партнерот. Мирисот исто така може да игра улога Мирисот може да влијае на привлечноста и да предизвика разни емоционални реакции. Затоа природниот мирис на партнерот може да игра важна улога во создавањето привлечност. Кога постои привлечност, доверба и емоционална блискост меѓу партнерите, поверојатно е сексуалната интимност да биде попријатна и поисполнета. На крајот, не постои еден единствен тип на маж кој гарантира најдобро сексуално задоволство. Привлечноста и сексуалното задоволство зависат од бројни фактори, вклучувајќи емоции, доверба, комуникација и меѓусебна поврзаност. Извор: una.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44