Вучиќ за ,,Малиот Шенген" : Да се надминат бирократските бариери во регионот (ВИДЕО) - Канал 5

Вучиќ за ,,Малиот Шенген" : Да се надминат бирократските бариери во регионот (ВИДЕО)

Денеска во Охрид продолжуваат трилатералните разговори за „малиот Шенген“, што треба да овозможи подобар квалитет на живот за граѓаните, слободен проток на стоки и услуги.

Вучиќ за ,,Малиот Шенген" : Да се надминат бирократските бариери во регионот (ВИДЕО)

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово во интервју за националната телевизија вели дека вчерашните разговори со премиерот на Македонија, Зоран Заев и премиерот на Албанија, Ед Рама, биле „многу добри“ и дека првиот видлив договор би бил полесен премин преку граничниот премин Прешево, а патувањето во Македонија и Албанија само со лична карта може да се очекува до Нова година.

Овие се тектонски промени кои ќе влијаат на привлекувањето странски директни инвестиции затоа што инвеститорите сакаат стабилност и голем пазар, рече Вучиќ.

Како што истакна тој, Прешево е трет по важност премин за Србија, по Батровци и Градина, а одлуката да се има фитосанитарна инспекција 24 часа на ден ќе го зголеми тројно поминувањето на камиони со стоки од обете страни и ќе ги намали оперативните трошоци.

Тој најави дека со мали измени во законот, истата дозвола за работа може да важи за сите три земји и дека ќе се усогласи признавањето на квалификациите, што, додаде тој, ќе ни користи зашто имаме проблеми со работната сила, притоа создавајќи добро опкружување за инвестиции затоа што испраќаме порака за стабилност и слобода на движење во област каде живеат 12 милиони луѓе “.

Намерата, рече Вучиќ, е дека „ако пристигнете на белградскиот аеродром да не ви требаат посебни документи за Албанија, никој нема да ве праша за документација, што е можно помала документација и помалку гранични проблеми. Кога ќе слетате во Скопје, повеќе не ве прашуваме како стигнавте таму, можете да одите во Белград или Тирана, тоа е еден вид „мини Шенген“.

Тој најави дека трите држави ќе можат заедно да создадат туристички патеки, дека секој може да ги посети Белград, Копаоник, Златибор и Охрид или Драч наеднаш, што, додаде тој, е особено привлечно за азиските туристи.

Претседателот на Србија очекува притисок за вакви одлуки, иако овие беа прогласени за цели на „Берлинската конференција“, и сега „правиме се што побара ЕУ, само по свое“.

Тој им се заблагодари на Американците за поддршката на проектот и од францускиот претседател Емануел Макрон рече дека ќе побара поддршка на средбата во вторник.

Трилатералната средба во Охрид продолжува и денес, а на неа ќе учествуваат и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ и министерката за економија на Црна Гора Драгица Секулиќ.

Заедничката Декларација се заснова на соработка, заедничко ангажирање и отстранување на сите пречки за слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал како придонес кон граѓаните на сите земји во регионот во постигнување на нивната заедничка крајна цел - полноправно членство во ЕУ “.

,,Очекувам да добијам поддршка за проектот „малиот шенген“ на претстојната средба со Емануел Макрон во Париз, но и да слушнам за новата методологија предложена од францускиот претседател, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ .

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција.Вкупно 187 обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петмина кандидати.

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Во трката се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски.

Гласањето е тајно и ќе трае од 8 до 16 часот. По завршувањето, резултатите ќе бидат сумирани на јавна седница.

Кандидатите во своите програми најавија борба против корупцијата и перењето пари.Меѓу приоритетите се и зајакнување на истражните капацитети и финансиските истраги.

Се најавуваат и поголема ефикасност и независност на Обвинителството. Изборот се спроведува поради истекот на мандатот на актуелниот шеф Ислам Абази.

Тој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори

Американскиот претседател Доналд Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро.Одлуката доаѓа по неговиот пораз на претседателските избори во Бразил, пренесува Си-Ен -Ен.

Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори

Според американски извори, визи добиле членовите на неговото семејство.Болсонаро, според медиумските извештаи, веќе пристигнал во Соединетите држави.не е познато каде слетал, ниту дали директно разговарал со Трамп.

Во Бразил тој е под истрага за сомневања за корупција и перење пари.Врховниот суд му наредил да ги предаде пасошите во рок од 24 часа.Болсонаро претходно негираше дека има намера да избега од земјата.Трамп изјави дека би го одобрил неговото доаѓање, критикувајќи го изборниот процес.

На изборите Болсонаро загуби од левичарскиот претседател Луис Да Силва кој освои повеќе гласови во вториот круг од гласањето.

Заминувањето на Болсонаро предизвика политички реакции и шпекулации за неговата иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АМСМ: Промена на сообраќајниот режим на автопатот Кичево–Охрид

На автопатот Кичево–Охрид, на потегот меѓу Пресека и Песочан, кај клучката Арбиново, од денеска ќе се применува привремена измена на сообраќајниот режим поради работи за санација на левиот коловоз.

АМСМ: Промена на сообраќајниот режим на автопатот Кичево–Охрид

Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека на останатите државни патишта сообраќајот се одвива без пречки, при претежно суви коловози.

Сообраќајот надвор од населените места е со умерен интензитет, додека на граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер