Вучиќ во Абу Даби на средба со Бин Зајед: Србија е солидарна со пријателскиот народ на ОАЕ во тешки околности - Канал 5

Вучиќ во Абу Даби на средба со Бин Зајед: Србија е солидарна со пријателскиот народ на ОАЕ во тешки околности

 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера оствари ненадејна посета на Обединетите Арапски Емирати, каде што се сретна со претседателот, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан.

Вучиќ во Абу Даби на средба со Бин Зајед: Србија е солидарна со пријателскиот народ на ОАЕ во тешки околности

Посетата, како што истакна доцна синоќа Вучиќ на својот Инстаграм профил, била исклучително важна за зајакнување на билатералните односи и заедничката работа за мир и стабилност во тешки меѓународни околности.

По кралот на Јордан и претседателот на Египет, Вучиќ е третиот светски лидер и прв европски лидер што ги посетува Емиратите од почетокот на конфликтот на Блискиот Исток.

За време на средбата, Вучиќ изрази најостра осуда за нападите врз цели во ОАЕ и ја нагласи целосната солидарност на Србија со пријателскиот народ на Емиратите.

„Важно е јасно да се покаже поддршка за пријателите, но и одговорност во барањето пат кон мир и стабилност“, рече претседателот на Србија.

Вучиќ и шеикот бин Зајед разменија мислења за билатералните односи засновани на доверба, почит и конкретни резултати. Тој особено нагласи дека Србија сака да продолжи со развојот на сеопфатна соработка со ОАЕ, од инвестиции и енергија до нови технологии и развојни проекти, а воедно да го одржува политичкиот дијалог на највисоко ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З проценти а СДС очајува, талогот ликува на неуспех

Додека СДС очајува и ликува на неуспех, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со инвестиции, отворање на нови работни места и развој на економијата.

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З проценти а СДС очајува, талогот ликува на неуспех

Инвестиициите и извозот го движат растот. Економскиот раст од 4,3 проценти е поддржан од силен раст на инвестициите, извозот и градежништвото.

Во вториот квартал од 2026 година бруто-инвестициите растат за 16,5 проценти, а извозот на стоки и услуги за 10, 4 проценти.

Градежнишвото бележи раст од 21,9 проценти, додека преработувачката индустрија расте за 4,1 проценти.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи и се стреми кон одржлив економски раст кој создава нова вредност. Tокму поради тоа економската политика и понатаму ќе биде насоченa кон поттикнување на инвестициите, поддршка на компаниите и подобрување на конкурентоста на македонската економија.

Додека СДС се радува на секоја лоша вест и ликува на неуспех, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи на нови проекти, привлекување на нови странски инвестиции, повеќе капитални проекти, поголем извоз, нови работни места и повисок животен стандард за сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инцидент со авионот на Трамп (ВИДЕО)

Воениот персонал случајно активирал надувувачки тобоган за евакуација во претседателскиот авион непосредно пред американскиот претседател Доналд Трамп да се качи во авионот и да се упати кон Далас за Националната конвенција на Републиканците.

Инцидент со авионот на Трамп (ВИДЕО)

Неговото заминување беше одложено, изјави денес извор запознаен со ситуацијата.

Изворот изјави за „NBC“ дека инцидентот го натерал Трамп да остане во хеликоптерот неколку минути, наместо веднаш да излезе од претседателскиот хеликоптер за да се качи во авионот, како што обично прави.

Трамп на крајот искочил на пистата додека службениците го проверувале тобоганот, по што им рекол на новинарите дека само „го проверуваат тобоганот“ и дека нема безбедносни проблеми.

„Не, го провериле порано и само сакале да се уверат. Сакаат да се осигурат дека сè работи совршено“, рече Трамп.

Кога го прашале дали верува дека авионот е безбеден за лет, Трамп одговорил: „Да, инаку не би бил во него“.

Авионот слета безбедно во Далас, неколку часа подоцна од очекуваното.

Американскиот претседателски авион беше подарок од катарското кралско семејство, кое минатата година му подари на Трамп суперлуксузен џамбо џет авион Боинг 747-8.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нови 1,3 милијарди евра задолжување за подготовка на предвремени избори

Покрај веќе 2,5 милијарди евра што ја задолжи Македонија за две години - како ниту една влада досега, Мицкоски планира уште нови задолжувања.

СДСМ: Нови 1,3 милијарди евра задолжување за подготовка на предвремени избори

За 35 години сите влади заедно ја задолжија Македонија со околу 8 милијарди евра.

Сега, за две и кусур години, Мицкоски ќе ги задолжи нашите деца и внуци со 4 милијарди и ќе го подигне вкупниот долг на 12 милијарди евра.

Сè ова заради лично богатење и останување на власт.

Мицкоски дал налог за нови задолжувања.

Мора да обезбеди пари за да прикаже „успеси“ на Владата преку започнати проекти и да обезбеди средства за избори - преку криминални тендери.

Покрај изборниот закон што сака да го протурка за да обезбеди модел за изборна кражба, подготвува и пари за купување на изборите.

Веќе сме сведоци, сега веќе јавни, на договори за предвремени избори.

Се спомнува пролет - како веќе договорен термин со ДУИ.

Мицкоски без пари во касата и без ниту еден резултат мора да смисли нови измами.

Повеќе не поминуваат лагите од претходната кампања. Време е за нови.

Статистиката повеќе не му поминува.

Приказните за „трета економија“, „први во туризмот“, „најевтино гориво“ и останатите бесмислици не можат да ги убедат празните фрижидери и празните паричници.

Сега мора да смисли „хеликоптер“ пари. Парите ќе паѓаат од небо - наскоро.

Прво поделба по моделот на Ванчо Михајлов на „елита“ и „талог“.

Потоа анти-ЕУ кампања преку постоечките ВМРО-Орбанови медиуми и оние нови што ги увезува од Вучиќ за да му објаснат на народот дека ЕУ „не чини“.

Тука началник Латас и неговата Ивона ќе имаат многу работа.

Единствено што нема да го има е Вучиќ. Почнуваат избори во Србија и се очекува крај на таа криминална власт.

По падот на главниот ментор Орбан и истрагата за кинескиот кредит, Мицкоски нема да може да издржи пад на вториот ментор - Вучиќ.

Мицкоски е прочитан.

Народот не е наивен.

Ниту со музиката на Дејвид Гета, ниту со „нула денари“ за настап, ќе може да ги убеди дека живеат добро.

Доаѓа пролет.

А тогаш сè се менува.

Граѓаните тоа веќе го знаат.

Власта мора да се земе од рацете на криминалната организација.

Македонија мора повторно да биде слободна. Македонија треба да биде европска.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер