Филипче: Еве го Записникот, Мицкоски брутално излажа за Алта банка, СДСМ го штитеше државниот интерес!
1Филипче: Еве го Записникот, Мицкоски брутално излажа за Алта банка, СДСМ го штитеше државниот интерес!
БалканВучиќ: Србија од ЕУ доби неповратни 600 милиони евра за изградба на брзата пруга Белград-НишСрпскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Белград изјави дека Србија добила подарок од 600 милиони евра за изградба на дел од брзата пруга Белград-Ниш.Како што пренесува РТС, станува збор за договор за првата транша од инвестицискиот грант за изградба на брзата пруга Белград - Ниш, за вкупно 598 милиони евра, а во рамки на финансискиот пакет за железничкиот Коридор 10, кој денеска симболично беше потпишан на возот меѓу Прокоп и Ресник, на делницата на идната брза пруга. Договорот го потпишаа шефот на регионалното претставништво на Европската инвестициска банка (ЕИБ) за Западен Балкан, Алесандро Брагонзи и српскиот министер за градежништво, Горан Весиќ, во присуство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. и европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји. Вучиќ се заблагодари на Европската Унија и посочи дека 600 милиони евра е најголемиот бесповратен износ што го добила Србија. Договорот се однесува на изградба на делницата Сталаќ - Ѓунис, долга 17,7 километри, на третата етапа од идната брза пруга, која ќе биде прва што ќе се гради, бидејќи идејното решение за таа делница е веќе завршено и одобрено, пренесува Бета. Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји се заблагодари за гостопримството. - Мило ми е што повторно сум во Србија. Се чини дека Европа испорачува резултати. Патувавме со воз заедно со претседателот и амбасадорите на земјите-членки на ЕУ. Сакавме да го одбележиме развојот на проектот Белград-Ниш, кој ќе биде финансиран заедно со ЕИБ во износ од четири милијарди евра, а ЕУ дава 600 милиони евра бесповратна помош, рече Вархеји. Според него ова е проект што може да ја промени реалноста за граѓаните на Србија и за граѓаните на целиот регион. - Овој воз треба да донесе нови работни места, инвестиции на југот на Србија. Овој воз не само што треба да создаде многу поширока трговска рута, туку и да обезбеди можност граѓаните на Србија многу побрзо да стигнат до главниот град. Тоа значи и дека ние придонесуваме за економско забрзување на малите производители. Последен пат кога бев овде потпишавме договор за енергија. Денеска овде имаме сообраќај кој почнува да се развива со полна брзина, истакна Вархеји. Претседателот на Србија потенцираше дека ова е еден од најголемите проекти досега, и тоа не само инфраструктурни. Тој посочи дека Ниш со оваа брза пруга ќе биде поврзан со Белград, но и со Истанбул, Солун и Атина. - Ниш ќе биде на час и 40 минути од Белград, а сега со автомобил се потребни два и пол часа, а со воз шест часа, рече Вучиќ. Тој истакна дека Србија има голем пријател во Оливер Вархеји и му се заблагодари за се што направил за Србија. Брзата пруга Белград-Ниш ќе биде долга 230 километри, а работите се очекува да завршат во 2029 година. Ќе се гради во три етапи, Белград - Велика Плана, Велика Плана - Параќин и Параќин - Ниш. ЕУ ќе обезбеди финансиски пакет од 2,2 милијарди евра. ЕИБ ќе осигура 1,1 милијарда евра, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) 550 милиони евра, донацијата од ЕУ е 598 милиони евра, (сега одобрени 265 милиони). На брзата пруга Белград - Ниш се очекуваат 2,3 милиони патници годишно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамПред „Ламборџини“ и „Ферари“, полицијата во ОАЕ го имаше ова „Порше“ (ФОТО)Историскиот модел „Порше 924“, кој некогаш го користела полицијата во Обединетите Арапски Емирати, е реставриран.Денес, полициските возила во Обединетите Арапски Емирати се познати по своите егзотични модели – од суперавтомобили до електрични возила со високи перформанси. Сепак, традицијата на користење спортски автомобили за полициски цели започнала пред речиси половина век – со моделот „Порше 924“. Компанијата „Порше“ штотуку заврши темелна реставрација на ова историско возило, која ја изведоа експерти од центрите на „Порше“ во Абу Даби и Ал Аин. Произведен во 1979 година, овој автомобил бил првиот спортски модел во возниот парк на федералната полиција на ОАЕ. Неговата конкретна задача била да ја придружува кралицата Елизабета Втора за време на нејзината прва официјална кралска посета на тогаш новата држава. За време на реставрацијата, посебно внимание било посветено на враќање на автомобилот во неговата првобитна состојба. Полициските ознаки не биле направени со помош на налепници, туку биле исцртани рачно, исто како што биле и на оригиналното возило. Реставрираниот „Порше 924“ ќе има јавно деби на фестивалот „Икони на Порше“ (Icons of Porsche) во Дубаи, на 21 и 22 ноември. Потоа, автомобилот ќе биде изложен во музејот „Ал Макта“ во Абу Даби. Моделот што ја промени историјата на „Порше“ „Порше 924“ беше претставен во 1976 година, а првично бил развиен за „Фолксваген“ како наследник на моделот „VW-Porsche 914“. Кога „Фолксваген“ се откажа од проектот во 1974 година, „Порше“ го презеде развојот и го претвори во свој, подостапен спортски автомобил. Тоа беше првиот сериски модел на „Порше“ со мотор поставен напред и систем за водено ладење. Дволитарскиот четирицилиндричен мотор – преземен од „Ауди“ – развива 123 коњски сили. Менувачот и диференцијалот биле поставени назад, што овозможило порамномерна распределба на тежината и подобри возни карактеристики. И покрај почетните критики од традиционалните љубители на брендот, моделот 924 доживеа комерцијален успех. Понудата подоцна беше проширена со верзиите „924 Turbo, Carrera GT“ и „Carrera GTS“, а моделот исто така послужи како основа за развојот на „944“. Производството заврши во 1988 година, при што беа изработени приближно 325.000 примероци од 924 и неговите варијанти. Извор: Б92Тагови: ОАЕ Порше Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаФилипче: Еве го Записникот, Мицкоски брутално излажа за Алта банка, СДСМ го штитеше државниот интерес!Премиерот денеска на надзорната расправа иснесе брутална лага дека Владата на СДСМ донела одлука да влезе Алта банка, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. „Прв сведок на надзорната расправа беше Христијан Мицкоски, а кога нема одговор, спинува и лаже. Премиерот денеска на надзорната расправа иснесе брутална лага дека Владата на СДСМ донела одлука да влезе во деловни односи со Алта банка Србија“, рече Филипче. Филипче посочи дека Владата на СДСМ не дала согласност за продажба на акциите што ги поседувало Министерството за финансии, но дека Мацура добил согласност од Босна и Херцеговина. Сосема спротивно на лагите на Мицкоски владата на СДСМ ги штитела државните интереси и интересот на граѓаните и не влегла во односи со Алта банка. „Давор Мацура од нашата Влада, на СДСМ, не добил дозвола да ги откупи акциите кои се на Министерството за финансии. Ама добива дозвола од Босна и Херцеговина и така се стекнува со над 90 отсто од акциите во Белградската Алта банка. Тоа по срспките закони му дало можност да ги откупи и останатите“, изјави Филипче. Притоа, Филипче нагласи дека на 24 октомври 2023 година, тогашната Влада донела заклучок што Мицкоски денес го претставил како одлука за воспоставување деловни односи со Алта банка со којшто го заштила државниот интерес, односно да ангажира државен правобранител кој ќе ги брани интересите на Македонија во Србија. „Еве ја одлуката, заклучокот од владината седница да се ангажира државното правобранителство како орган кој го штити државниот интерес, да влезе во комуникација со српските институции, со цел да се заштити државниот интерес на Македонија“, рече Филипче. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФормулаПрекинат заветот на молчење: Се појавија нови детали за несреќата на Михаел Шумахер!Еден од најдобрите возачи во изторијата на Формула 1 легендарниот Михаел Шумахер, се здоби со сериозни повреди при скијачка несреќа во Француските Алпи на 29 декември 2013 година. Таа несреќа му го промени животот. Следните 250 дена ги помина во индуцирана кома, по што беше префрлен на домашно лекување. Сè до денес, Шумахер нема излезено во јавноста, а никој, освен неговото најтесно семејство и членовите на медицинскиот тим, не ја знае неговата вистинска здравствена состојба. Тој го поминува времето меѓу своите домови во Швајцарија и на Мајорка, каде што има 24-часовна нега. На тој кобен ден, Германецот падна додека скијаше. Потоа, со хеликоптер беше пренесен од Мерибел до болницата. Пилотот на хеликоптерот, Јаник Дајнез, за првпат излезе во јавноста со детали за настанот. Тој знаел за кого станува збор, а бидејќи се работи за јавна личност, од екипажот било побарано максимално да ја заштитат неговата приватност. Затоа, сите добиле насоки да ги отстранат микрофоните и камерите од типот „GoPro“. На местото на несреќата биле преземени и безбедносни мерки. Луѓето од опкружувањето на Шумахер го обезбедија просторот и ги спречија присутните да фотографираат или снимаат, со цел да се избегне евентуално објавување на материјалот. За атмосферата во самиот хеликоптер, тој изјави: – Се обидов да се однесувам кон Шумахер како кон кој било друг тешко повреден човек. Сепак, внатре чувствував притисок. Луѓето го обожаваа како бог, иако јас не бев љубител на Формула 1. Летот до Универзитетската болница во Гренобл траеше околу 25 минути, по што Шумахер им беше предаден на лекарите. Колку вниманието на јавноста беше насочено кон Шумахер, му стана јасно за време на вториот лет до истата болница, неколку дена подоцна. – Она што го видов ме шокираше: насекаде имаше толку многу автобуси, црвени знамиња и луѓе, што целиот болнички комплекс изгледаше како патека за Формула 1. Беше неверојатно. Објаснувајќи зошто молчел за сето тоа цели 13 години, Јаник рече: – Не сакав да зборувам со медиумите за да избегнам проблеми. Освен тоа, немам исти адвокати како семејството Шумахер.Тагови: Михаел Шумахер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook