Вучиќ со драматично обраќање: Приштина на полноќ почнува со акција, Курти сака да биде Зеленски - Канал 5

Вучиќ со драматично обраќање: Приштина на полноќ почнува со акција, Курти сака да биде Зеленски

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска од зградата на Претседателството им се обрати на граѓаните.

Вучиќ со драматично обраќање: Приштина на полноќ почнува со акција, Курти сака да биде Зеленски

Претседателот зборувал за актуелни прашања за земјата, пред се за северот на Косово.

- Приштина испрати единици со 21 тон гориво на Јариње и Брњак за да ги запрат сите со српски лични карти! Сѐ почнува вечерва на полноќ – рече претседателот, додавајќи дека Приштина сака да ја искористи моменталната ситуација во светот и да привлече жалење со приказната за големиот и малиот Путин во која Албин Курти би се претставил како Зеленски.

Претседателот истакна дека ситуацијата никогаш не била покомплексна од сега и дека е многу посериозна

Претседателот рече дека разговарал со Србите кои живеат таму и кои веќе немаат трпение.

-Да ги замолувам Србите да не наседнуваат на провокации, а Албанците да се вразумат - рече претседателот со, како што нагласи, голема молба до оние кои ја признаа таканаречената независност на Косово да посветат малку повеќе внимание на меѓународното право и да не дозволат нивната импулсивност да предизвика војна.

-Ги молам и барам од Албанците да го чуваат мирот. Ги молам да го задржат мирот, но нема предавање! Ако се осмелат Албанците, Србија ќе победи, само тоа имам да кажам, рече претседателот, нагласувајќи дека бара само да се почитува потпишаното, а не тоа што некому му се допаѓа или не. Тој додаде и јасна порака дека нема да има нов погром, дека такво нешто нема да се повтори.

Тој додаде дека синоќа, вечерва и утринава имал сериозни разговори со меѓународни претставници, но и потешки разговори со претставници на Србите од Косово и Метохија.

- Сите мислат дека Вучиќ доаѓа, нешто кажува и слушаат, ништо не сакале да слушаат - вели Вучиќ, додавајќи дека сѐ им е преку глава. Тој побара од нашиот народ да биде мирен иако протестира, а Албанците да не ги напаѓаат Србите поради соништата на Курти да биде новиот Зеленски.

Имено, Вучиќ појасни дека приштинската акција треба да започне вечерва на полноќ, а Србите да се натераат да се откажат од табличките на КМ. „Некои би рекле дека тоа не треба да прави никаков проблем. Албанците се единствени и се повикуваат на договорот што го потпишаа Борко Стефановиќ и Едита Тахири“, изјави тој. „Јасно е дека тоа не смее да важи за Србите со Косово. Албанците сакаат да искористат и да докажат дека тоа е реципроцитет, ние имаме право во косовското собрание“, вели Вучиќ.

Не сакаме конфликти и војна, додаде претседателот.

Тој потсетува дека во 2020 година Приштина доброволно и самоволно трребало да ги укине табличките КС. „Што сака Приштина, сакаат да кажат дека нема таблички КС, да кажат - ние сме суверена држава, и затоа ги укинуваме табличките КС и нема да дозволиме таблички КМ, за никој никогаш да не помисли дека има остатоци од некоја друга држава на Косово“, изјави Вучиќ. Спротивно на сите норми сакаат насилно да го спроведат, затоа водат кампања, вели Вучиќ.

Кога станува збор за личните карти, претседателот рече дека се чека во таканаречената точка 3, која своевремено ја потпишаа Борко Стефановиќ и Едита Тахири, а потоа премина на одлуката на Приштина за укинување на табличките КС (на УНМИК) и се премина на т.н РКС таблички, што е спротивно на сѐ што е потпишано и што е директно прекршување на документот – точките 6 и 7, потпишан од Марко Ѓуриќ.

Претседателот рече и дека поминале точно 3.390 дена од формирањето на Заедницата на српските општини.

Вучиќ рече дека ги сака Србите кои живеат на Косово и дека се гордее со нив кои го штитат српското име и презиме.

Претседателот потсети на последниот скандал од ноќта во кој биле уапсени српски момчиња само затоа што ја носеле маицата на која пишува „Не се предавам“.

Претседателот за медиумите изјави дека е направен документ за сите 206 напади врз Срби, кои се компетентно документирани - од српски градинки и училишта, породилишта, до свети места кои беа опустошени, украдени пари и српски свети места.

Претседателот потоа наброја десетици српски цркви, манастири и светилишта кои беа нападнати од Албанците, пренесе српски Курир.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Од 47 поени до операција – НБА ѕвездата Ентони Едвардс ќе отсуствува од терените дури два месеца!

Ѕвездата на Минесота Тимбервулвс, Ентони Едвардс, ќе мора да се подложи на операција на десното колено, поради што би можел да биде надвор од терените и до два месеца, пренесува ESPN.

Видео: Од 47 поени до операција – НБА ѕвездата Ентони Едвардс ќе отсуствува од терените  дури два месеца!

И покрај проблемите со коленото, Едвардс одигра одличен натпревар против Кливленд, постигнувајќи 47 поени во поразот на неговиот тим по продолжение (127:125).

Американскиот бек ја започна сезоната во извонредна форма, со просек од 33,3 поени, 4,8 скока и 3,5 асистенции на првите четири натпревари.

YouTube video

Долгата пауза би можела да ги загрози неговите шанси за признанието МВП и за избор во идеалната петорка на НБА, за што е неопходно да се одиграат најмалку 65 натпревари. Едвардс и минатата сезона имаше проблеми со колената, поради што пропушти 21 натпревар.

Неговото отсуство сега претставува голем удар за амбициите на Минесота во новата сезона.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Наставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казна

Наставничка од Дизбург, Германија, е под истрага на јавното обвинителство поради сомневање за измама, откако поминала речиси 17 години на непрекинато боледување, притоа примајќи целосна плата, пренесува *Welt*.

Наставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казна

Надлежното јавно обвинителство покрена постапка против неа откако било откриено дека, како државен службеник, таа речиси 17 години примала целосна плата, а во текот на целиот тој период не одржала ниту еден час настава.

Како последица на тоа, регионалните власти наредија нејзино принудно пензионирање. Сепак, наставничката ја оспорува оваа одлука и поднесе тужба до Управниот суд во Дизелдорф.

Нејзината цел е да продолжи да ја прима својата целосна плата (како да е активна во службата), наместо стандардна пензија – која, во нејзиниот случај, би изнесувала приближно 4.000 евра месечно. Обвинителството бара затворска казна, како и враќање на 248.000 евра, за кои постои сомневање дека биле противправно присвоени.

Нејзините деловни активности ја прават состојбата на наставничката уште посложена .

Имено, иако официјално била прогласена за целосно неспособна за работа, таа активно развивала козметички производи – за што дури добила и претприемачка награда. Овој случај исто така привлече значително внимание во јавноста поради пошироката ситуација во Дизбург.

Градот со години се соочува со сериозен недостиг на наставен кадар во своите 128 училишта, кои опслужуваат околу 70.000 ученици. За да привлечат нови наставници, локалните власти покренаа посебни кампањи кои вклучуваат воведни обиколки на градот и стимулации, како што е привремено сместување без плаќање кирија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски

Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски, а финалето треба да биде политичкото пензионирање на Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски

Промените кои сега ги гледаме во европските држави, пред пет години почнаа токму од Македонија. Прво со падот и заминувањето од власт на Зоран Заев и Венко Филипче како негов министер и најблизок соработник.

Потоа, пред две години, со нокаутот на СДС на парламентарните избори и падот на наследникот на Заев, Димитар Ковачевски, конечно, дојдоа промените и Македонија се ослободи од криминалната и предавничка власт.

Народот доби надеж дека работите можат да бидат подобри и на избори избра достоинство, иднина, подобро утре и чесна работа.

Затоа несфатлив е феноменот кој владее кај СДС по изборите во соседна Србија. Живеат во илузија и се уверени дека 1000 пати повторена лага или измислена приказна, ќе стане вистина.

Го слават поразот на Александар Вучиќ, како тие да победиле на избори и како до вчера да не беа добри пријатели. Тие можеби сакаат да заборават и, веројатно мислат дека и народот има кратка меморија, па влегуваат во такви приказни, како едноставно кај нив Фројд да работи.

И ние и граѓаните добро се сеќаваме како до пред некоја година кога Филипче и Заев беа власт, како го величаа и му се поклонуваа на Вучиќ, додека на граница им донираше ковид вакцини, затоа што нашите сакаа да ги украдат.

Народот добро памети како до пред само некоја година, Заев и Филипче го шетаа Вучиќ по македонските винарии, му подаруваа македонски дресови и му се извинуваа ако во Македонија за него се кажело некаков лош збор.

Додека, пак, негови блиски луѓе како Александар Обрадовиќ и Зоран Башановиќ, едниот близок соработник, а другиот кум на Вучиќ, веднаш по доаѓањето на СДС на власт, лично од Заев беа вдомени како советници во неговата влада.

Наместо да се занимаваат и слават победа на избори на партија во друга држава, пожелно би било СДС и Венко Филипче да си го средат сопствениот двор, и ако веќе мислат дека се подготвени и само што не победиле, нека повелат и нека побараат избори.

А, СДС и Филипче како ѓавол од темјан да бегаат од нив, заборавајќи дека во демократска Македонија на власт се доаѓа со победа на избори.

И кога веќе СДС и Филипче прашуваат кој е следен, одговорот е едноставен. Следен е Венко, затоа што тој е од истата, стара и криминална структура на СДС, на кого му тежат 20% провизија од анексот за зголемувањето на цената за модуларните болници, жртвите од модуларната во Тетово, Стабри вакцините, златната виза, бизнисите и станот во Дубаи, акциите во индиската авиокомпанија и многу други.

Едноставно кажано, со падот на Заев пред пет години почнаа промените во Македонија, продолжија со изборниот дебакл на СДС и заминувањето на Ковачевски, а финалето треба да биде политичкото пензионирање и заминувањето од политичката сцена на Венко Филипче.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер