МЕРМС со 100% активна транспарентност: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност
1МЕРМС со 100% активна транспарентност: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност
3Герасимовски: Санирано и реновирано платото во училиштето „Гоце Делчев“, решен долгогодишниот проблем со протекувањето
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
3Следете ги птиците на Европа во речиси реално време - претставен новиот Европски портал за птици со податоци и од Македонија
БалканВучиќ со драматично обраќање: Курти реши да ги нападне Србите (ВИДЕО)Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати до јавноста на својот Инстаграм и во драматично обраќање порача дека премиерот на Косово Албин Курти одлучил да ги нападне Србите.„По наредба на Албин Курти, српската судијка Љиљана Стевановиќ денеска беше отстранета од косовските институции, а за утрово беше подготвено разрешување на сите српски команданти, сите српски полицајци кои беа на седницата на Советот за национална безбедност во Белград. Албин Курти реши да ги нападне Србите“, рече Вучиќ. Вучиќ додаде дека „Албин Курти го прекршил Бриселскиот договор и според неговата волја и волјата на оние кои го штитат, Бриселскиот договор повеќе не постои“. „Албин Курти е тој што сака да го уништи мирот на Косово, тој е тој што сака да го нападне српскиот народ со овие одлуки каде и да живее, на југот и на северот на Косово. Србија сака да го зачува мирот и ги предупредуваме петте земји и целата меѓународна заедница „Мојата последна порака е: што и да правите, Србија ќе биде со својот народ“, рече Вучиќ. View this post on Instagram A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
ЖивотMG Collective и Bratot Apparel: Ново поглавје во креативната сцена на СкопјеНа отворањето присуствуваа уметници, креативци, пријатели, клиенти и претставници на локалната сцена, кои имаа можност први да го доживеат новиот простор и концепт на MG Collective.Синоќа, 28 септември 2026, MG Collective официјално ги отвори вратите на своето ново премиум tattoo& piercing студио на Panorama Square, со што започнува ново поглавје за брендот кој повеќе од една деценија е дел од креативната сцена на Скопје. На отворањето присуствуваа уметници, креативци, пријатели, клиенти и претставници на локалната сцена, кои имаа можност први да го доживеат новиот простор и концепт на MG Collective. Основан во Скопје во 2013 година, MG Collective низ годините го изгради својот препознатлив идентитет околу тетовирањето како форма на уметност и личен израз. Новиот простор ја продолжува оваа филозофија, но во пософистицирана и современа средина, со посебен фокус на дизајнот, атмосферата и градењето заедница околу tattoo културата. MG Collective × Bratot Apparel Како дел од ова ново поглавје, во новиот простор свое место добива и Bratot Apparel — македонски streetwear бренд со кој MG Collective споделува слична визија за креативноста, индивидуалноста и современата култура. MG Collective и Bratot Apparel креираа заеднички изложбен и продажен простор во рамки на MG студиото, создавајќи место каде што tattoo art, мода и street култура се среќаваат во една заедничка визуелна приказна. Покрај изложбениот простор, веднаш до MG Collective, Bratot Apparel отвори и свој нов деловен простор. Panorama Square, ул. Славејко Арсов 37, Скопје е новата адреса каде можете да ги најдете капите на Bratot, вклучувајќи ги моделите креирани во соработка со Горан Миќиќ и Михаил Корубин, како и дел од сопствените креации на брендот. Новитет во понудата се и маиците — природен концептуален продолжеток на mood-овите и визуелниот свет препознатлив кај капите. Отворањето на новото студио го означува почетокот на следното поглавје за MG Collective и за Bratot Apparel, со нов простор, нови соработки и уште повеќе креативни проекти и приказни што следуваат. Проверете повеќе на www.mgtattoostudio.com и www.bratot.coмТагови: Bratot Apparel Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Похувани тиквички со колбасиВо вторник (22.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Борис Секирарски - метереолог.Состојки за денешниот рецепт: 2 тиквички 2 парчиња колбаси 2 јајца 3 - 4 лажици брашно малку сусам малку лебни трошки масло сол и др. зачини по избор За прилог 1 домат 1 краставица може и рукола, шери домати Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМЕРМС со 100% активна транспарентност: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореностМинистерството за енергетика, рударство и минерални суровини постигна 100 проценти активна транспарентност, потврдува официјалниот Индекс на активна транспарентност за 2026 година на Центарот за граѓански комуникации. За само две години од формирањето, МЕРМС успеа да го достигне максималниот резултат – целосно исполнување на обврските за проактивно објавување информации од јавен карактер. Резултатот од 100 проценти е силна потврда дека отвореноста, отчетноста и навременото информирање на јавноста се поставени како стандарден начин на работа на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Според официјалниот извештај, МЕРМС е единственото министерство со освоени максимални 100 проценти активна транспарентност во 2026 година. Индексот ја мери исполнетоста на обврските за активно, односно проактивно објавување информации на интернет-страниците на институциите. МЕРМС е институција формирана во 2024 година, а за само две години воспостави нови процедури, работни процеси и стандарди, но и култура на работа во која отвореноста кон јавноста е дел од секојдневната институционална одговорност. Овој резултат е потврда на принципот дека граѓаните имаат право да знаат како работи институцијата, кои одлуки ги носи, кои политики ги спроведува и како се управува со јавните ресурси. Активната транспарентност, како што ја дефинира Центарот за граѓански комуникации, подразбира институциите на сопствена иницијатива да објавуваат информации од јавен карактер, без граѓаните претходно да мора да поднесат барање за нив. Сто проецнти активна транспарентност значи целосно исполнување на критериумите за проактивно објавување информации на веб-страницата на Министерството. Во оценувањето се опфатени клучни области како: пристапот до информации од јавен карактер, надлежностите и услугите на институцијата, одговорноста, отчетноста и интегритетот, како и буџетската и финансиската транспарентност. Дополнително, се оценува и навременоста и целосноста на одговорот на барање за слободен пристап до информации од јавен карактер. И уште поважно: извештајот покажува дека МЕРМС во однос на 2025 година го подобрил резултатот за 34,8 процентни поени, што е најголемото подобрување меѓу министерствата. Токму ова е принципот врз кој МЕРМС го гради своето институционално работење – информацијата да стигне до граѓаните навреме. Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини посочуваат дека максималниот резултат е признание, но и обврска понатаму да се одржува највисокото ниво на отвореност. Министерството останува посветено на принципите на отвореност, отчетност, професионалност и достапност на информациите, со цел граѓаните, медиумите и сите заинтересирани страни да имаат јасен и навремен увид во работата на институцијата. Максимална транспарентност за само две години – резултат кој покажува дека кога отвореноста кон граѓаните е поставена како принцип на работа, таа може да стане институционален стандард.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter