3СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите
3Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
БалканВучиќ: Шолц побара да ѝ воведеме санкции на Русија, беше остар и решителен Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по средбата со германскиот канцелар изјави дека Олаф Шолц „на решителен и остар начин побарал Србија да се приклучи на санкциите против Руската Федерација“.Вучиќ рече дека го информирал Шолц за сите неисполнети обврски на Приштина од Бриселскиот договор. „Разговаравме за европската интеграција на Србија, канцеларот Шолц донесе нова енергија и нова надеж за сите во Западен Балкан, тој сака да ги слушне и слуша сите од Западен Балкан и сака да има вистинска перспектива за проширување на ЕУ.. Канцеларот на решителен и остар начин побарал Србија да се приклучи кон санкциите кон Руската Федерација, односно да ги поддржи рестриктивните мерки кои ЕУ веќе ги усвои кон нив.Зборував за нашиот став и за спецификите на ситуацијата околу Косово и Метохија, за енергетиката , ккао и за традиционалните односи со Руската Федерација. Разговаравме и за претстојната зима“, изјави Вучиќ на прес-конференција. Вучиќ изјави и дека ова им бил трет разговор. „И на првиот разговор во нашата земја, бескрајно сум му благодарен што дојде да го посети Белград и што можеше отворено и искрено да разговараме за сите важни прашања. Тоа беше важен разговор со мене, но мислам дека беше важно за разбирање на мислењата за важни прашања“, рече Вучиќ. Тој рече дека Србија и Германија сѐ подобро соработуваат на економски план, пренесе Н1.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
ФудбалОдложени се сите натпревари во Купот на кралот- Шпанија е завиена во црно Шпанската фудбалска федерација (RFEF) ги одложи сите натпревари од Купот на кралот закажани за среда, 28 октомври, по сериозната железничка несреќа во Толедо, во која, според шпанските медиуми, загинаа најмалку 68 лица, а 80 се повредени.Трагедијата се случи кога два брзи возови се судрија помеѓу градовите Лос Хевенес и Урда, а несреќата ја потресе Шпанија. Шпанската фудбалска федерација објави дека целиот распоред на куп натпреварите закажани за среда ќе биде одложен. Меѓу клубовите што требаше да излезат на теренот се Леванте, Алавес, Валенсија, Селта Виго и Бетис, тимови што се натпреваруваат во највисокото ниво на шпанскиот фудбал. Сè уште не е познато кога ќе се играат одложените натпревари, додека сè уште нема официјална одлука за судбината на 14-те натпревари од Купот на кралот закажани за четврток. Според оригиналниот распоред, Севиља, Атлетик Билбао и Хетафе исто така требаше да играат во ова натпреварување во четврток. Одлуката за одложување на натпреварите беше донесена во сенка на трагедијата што одзеде голем број животи и остави бројни повредени.Тагови: Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаКазнет е возачот, кој со автомобил „се прошета“ по велосипедска патека во Скопје (ВИДЕО)По објавено видео на социјалните мрежи, санкциониран возач кој управувал возило по велосипедска патека во Скопје.По објавено видео на социјалната мрежа „ТикТок“, на кое се гледа како возач управува патничко моторно возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки по велосипедска патека покрај улицата „Бутелска“ во Скопје, во правец од кружниот тек кон крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, веднаш се преземени мерки за утврдување на идентитетот на возачот. По преземените мерки, возачот е идентификуван како Н.К.(46) од Скопје, кој денеска (28.10.2026) е повикан на службен разговор и е соодветно санкциониран за сторениот сообраќаен прекршок, односно управување возило по несоодветна сообраќајна површина. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не ја загрозуваат безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИзбор на нов шеф на ОЈО ГОКК – во трка пет кандидати, кој ќе го наследи Абази?За неполн час треба да биде познато кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Обвинителите галсаа денеска, а резултатите треба да бидат сумирани и објавени на јавна седница. Пред Обвинителството е Михајло Видимлиски, Михајло кој од канидадтите има најголеми шанси да го наследи Абази? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00