Мицотакис со план за зголемување на платите и пензиите: 400 евра повеќе за пензионерите и 500 за јавната администрација
2Мицотакис со план за зголемување на платите и пензиите: 400 евра повеќе за пензионерите и 500 за јавната администрација
3Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи – 7 починати и 56 случаи западнонилска треска досега
3Во единствена снимка, Баба Ванѓа споменува црвенокоси самовили: Насекаде се околу нас, само не можеме да ги видиме (ВИДЕО)
БалканВучиќ: Секој ден може да дојде до ескалација на судиритеСрпскиот претседател Александар Вучиќ синоќа говорејќи за настаните на северно Косово кажа дека „судирот во Звечан не го започнале НАТО војниците, туку косовската полиција“ и дека „Приштина и Албин Курти се виновни.Вучиќ говорејќи за настаните на северно косово кажа дека „судирот во Звечан не го започнале НАТО војниците, туку косовската полиција“ и дека „Приштина и Албин Курти се виновни, бидејќи сакаат Србија и НАТО да влезат во судир, што не е во интерес на Србија“, јави дописникот на МИА од Белград. -А кога ќе прашате што е со ЗСО тие велат дека трееба да се работи, а нема што да се работи. Тоа е веќе потпишано. Секој ден може да дојде до ескалација, бидејќи Курти мечтае за војна и мечтае да биде Зеленски. Нему не му е проблем некој друг да војува за него, тој сака НАТО да влезе во судир со Србија, а нас никако не ни е во интерес да војуваме, кажа Вучиќ во интервјуто на ТВ Прва. Вучиќ рече дека во Кишињев имал тежок разговор со францускиот претседател Емануел Макрон и со германскиот канцелар Олаф Шолц и дека тие предложиле нови локални избори на северот на Косово како начин за излез од кризата и ситуацијата да деескалира, додавајќи дека за тоа ќе разговара и ќе преговара бидејќи нема донесено одлука за учество на Србите на предвремените избори во Косово. -Претставниците на САД и ЕУ и посредниците во дијалогот меѓу Белград и Приштина, Габриел Ескобар и Мирослав Лајчак, доаѓаат во Белград на почетокот на следната недела, и дури откако ќе разговарам со нив ќе ги поканам Србите од Косово на консултации за понатамошните чекори, кажа Вучиќ. Тој рече дека Србите сигурно ќе победат на тие избори, но прашање е што добиваат. -Ќе не лажат дека ќе формираат Заедница на српски општини, како што не лажат десет и пол години, рече Вучиќ и додаде дека знае дека за Србите на северот на Косово би било добро да ја имаат „барем таа локална власт“ и малку да се намалат тензиите. Запрашан дали Србија ќе ги прифати тие избори, тој повтори: „Не знам, оставете ме да преговарам, да разговарам. Ќе зборувам за тоа од вторник“. -Во моментов немам решение, немам волшебно стапче. Мора да размислувам за тоа со денови, морам да размислувам за тоа, морам да измерам се... Мора да разговарам со нив во наредните денови и да видам што ќе добијат Србите, истакна Вучиќ, оценувајќи дека не оптимистичен и дека на Србија и престојат „тешки днеови“. Вучиќ изјави дека на Самитот на Европската политичка заедница во Молдавија имал фер разговор со претседателот на Украина Володимир Зеленски и дека во таа прилика не се зборувало за воведување санкции кон Русија и дека во Србија бил критикуван затоа што во средата се ракувал со Зеленски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВозачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34
МакедонијаВозачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притворПријава од граѓанин овозможи откривање и документирање на кривично дело – поведена истрага за примање награда за противзаконито влијание.Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Единицата за корупција при Бирото за јавна безбедност, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице вработено во Службата за општи и заеднички работи на Владата на Македонија. Постои основано сомневање дека осомничениот сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание. Постапката е иницирана по пријава на граѓанин од кого осомничениот, во периодот од 24 јули до 4 септември 2026 година, побарал 1.500 евра за да го искористи своето претпоставено влијание. Осомничениот, кој работел како возач на висок владин функционер, му ветил на оштетениот дека ќе посредува кај службени лица во Град Скопје во врска со вработување по распишан оглас за прием на пожарникари. По пријавувањето, надлежните органи, во координација со предметниот обвинител, презедоа дејствија за обезбедување докази. На 4 септември 2026 година, осомничениот е затекнат при примопредавање на 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра, кои претходно биле обележани. Ценејќи дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоците во постапката, како и околности што го оправдуваат стравувањето дека може да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и со решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена. Навременото пријавување на корупцијата и подготвеноста на граѓаните да соработуваат со надлежните институции е исклучително важно. Пријавувањето на барање или понуда за поткуп и противзаконито влијание овозможува навремена реакција, обезбедување докази и ефикасно постапување на надлежните органи. Јавното обвинителство ги охрабрува граѓаните да ги пријавуваат ваквите случаи и да соработуваат со надлежните институции и останува посветено на одлучно постапување по сите сознанија за коруптивно однесување за кои постојат основи за преземање обвинителски дејствија, соопштуваат од Обвинителството. Неофицијално се дознава дека станува збор з авозачот на гнералниот секретар на Владата, Игор Јанушев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВозачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34
БалканМицотакис со план за зголемување на платите и пензиите: 400 евра повеќе за пензионерите и 500 за јавната администрација Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис вчера објави олеснувања на данокот на доход и зголемување на платите за работниците, пензионерите и самовработените како дел од даночната реформа вредна милијарда евра пред изборите следната година.Мерките, кои ќе чинат 2,2 милијарди евра во 2027 година, што е еквивалентно на околу еден процент од БДП, вклучуваат годишен бонус од 400 евра за пензионерите и 500 евра за државните службеници, укинување на данокот на доход за земјоделците со ниски приходи и семејствата со ниски приходи со три деца и намалување на авансниот данок за самовработените и малите бизниси. Политичка позадина: Поддршката за владата опаѓа Неговата десничарска влада, која беше повторно избрана во 2023 година со 40,5 проценти од гласовите со ветување за зголемување на приходите, останува во водство во анкетите на јавното мислење, но нејзината поддршка падна под 30 проценти поради долготрајната криза со трошоците за живот и обвинувањата за корупција. Посткризно економско закрепнување По финансиската криза од 2009 година, која предизвика стравувања дека Грција ќе мора да ја напушти еврозоната, земјата сега е меѓу најдобро остварените економии во Европа, според Ројтерс. Грчката економија расте со годишна стапка од два проценти, надминувајќи го просекот на еврозоната. Оваа година се очекува примарен суфицит од околу четири проценти од бруто домашниот производ, што е речиси двојно повеќе од првичната прогноза, обезбедувајќи го потребниот фискален простор за финансирање на нови мерки. Раст на минималната плата до 2028 година Мицотакис, исто така, најави ново зголемување на минималната плата на 950 евра месечно и на 1.000 евра во 2028 година, како и намалување на пензиските придонеси за 0,5 проценти.Тагови: Киријакос Мицотакис пензиите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВозачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34
МакедонијаМладеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи – 7 починати и 56 случаи западнонилска треска досегаКлековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената криза од западнонилска треска.Македонија е на првото место во Европа по бројот на заболени во однос на бројот на жители, пред земји како Италија, Грција и Романија. До 1 септември регистрирани се вкупно 56 случаи на западнонилска треска, а седум лица починаа. Не се ова статичките бројки, човечки животи се загубени. Повторно, исто како и со здравствената криза со водата во Гостивар, институциите на Микоцски и Клековски задоцнија со реакцијата. Владата нема капацитет да превенира и навреме да го заштити здравјето на граѓаните, туку реагира дури откако кризата ќе ескалира. Дури ниту прскањето против комарци не беше спроведено навреме. Не функционира системот за превенција, заштита и контрола на вектор-преносливите болести. Не функционираат градоначалниците на ВМРО-ОКГ. Не функционираат здравствените институции. Кога СДСМ бараше системски мерки, Национален штаб, ентомолошкиот мониторинг, национална карта на ризик, власта не игнорираше. Мицкоски и Клековски заминаа на екскурзија кога одговорот на државата требаше да биде најсилен. Истото се случуваше со кризата во Гостивар кога околу 5.000 граѓани завршија во болници. Прво се криеше од јавноста, па институциите задоцнија, на крај создадоа хаос. Осум недели подоцна, јавноста сè уште чека одговори, извештај за водата и одговорност. Со западнонилската треска повторно гледаме задоцнета реакција откако бројот на заболени и починати веќе порасна. Истиот модел, истиот институционален хаос. Задачата на институциите е да превенираат, да контролираат, навреме да реагираат за да го заштитат населението. Кога системот не функционира, кога превенцијата доцни, кога институциите молчат и кога никој не презема одговорност, цената ја плаќаат граѓаните. Со своето здравје, а за жал, и со своите животи. Одговорност мора да има, рече Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter