Кои се бенефитите и дали новата стратегија на Брисел ќе го забрза полноправното членство во ЕУ или не?
1Кои се бенефитите и дали новата стратегија на Брисел ќе го забрза полноправното членство во ЕУ или не?
Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
2Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
БалканВучиќ се сретна со претставници на Квинтата, но одби да соопшти деталиПретседателот на Србија Александар Вучиќ се огласи по средбата со претставници на државите од Квинтата, но потенцираше дека не сака да соопшти за деталите од средбата.„Донесов одлука да не кажам ниту еден збор за средбата со претставниците на земјите од Квинтата и шефот на делегацијата на ЕУ во Србија. Мислам дека е подобро за сите“, напиша Вучиќ на Инстаграм. Претседателот на Србија се сретна со претставниците на земјите од Квинтата - САД, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, како и со шефот на делегацијата на ЕУ. Средбата се одржа во зградата на Генералниот секретаријат на Претседателот на Србија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИ денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11
МакедонијаКои се бенефитите и дали новата стратегија на Брисел ќе го забрза полноправното членство во ЕУ или не?Дали новата стратегија за проширување на Европската Унија отвора нови видици за Западниот Балкан и Македонија? Дали новата стратегија на ЕУ за проширување ќе го забрза полноправното членство на земјите кандидатки или ќе стане попатна замена за трајната дестинација? Дел од аналитичарите во однос на позицијата на Македонија со резерва гледаат на документот кој го подготвува Брисел за постепена интеграција за земјите кандидатки, кои до полноправно членство, ќе користат одредени бенефиции во зависност од напредокот во реформите. Според Петар Арсовски, понудата од Брисел е логична, особено во време кога повеќе земји кандидати не гледаат перспектива во членството, но за државава, вели, останува главниот предизвик со уствните измени. - Проблемот е дали оваа понуда ќе стане замена за трајната дестинација. Постои ризик особено имајќи го предвид референдумот во Исланд кој покажа дека постои еден неизвесен златен појас – доволно блиску, а доволно далеку до ЕУ. И постои ризик за многу од земјите кандидати имајќи ги предвид политичките недоследности во ЕУ тоа да стане некакво трајно решение. Тоа за Исланд е во ред, но за Македонија не е, бидејќи нас ни е потребна трансформативната сила на преговорите. Што се однесува до политичката понуда, било која интеграција, забрзана, постепена, итн, важи за земјите кои се во процесот на преговори. Ние не сме во процесот на преговори. Ние би можеле да се надеваме на таква забрзана понуда кога би ги решиле домашните политички проблеми, би ги ставиле Бугарите во Уставот и со тоа би ги откочиле преговорите. Тоа не значи дека нашите предизвици ќе застанат. Но, имаме шанса да се качиме на тој воз до крајот на деценијата, смета Арсовски. Поранешниот амбасадор Ивица Боцевски во вчерашното гостување на Канал 5 оцени дека Македонија треба да прифати бенефиции од ЕУ доколку и се понудат, но прво смета дека треба да се види што точно ќе предложи Брисел за процесот на проширување. -Процесот на европското проширување претрпе еден сериозен удар со референдумот во Исланд. Делуваше на прв поглед дека ѕвездите се наместени Исланд да го продолжи својот пат кон ЕУ, меѓутоа тоа не се случи. Доколку се стави на маса влез во единствениот пазар, членство во Шенген, Македонија тоа треба да го прифати, тука нема никакви дилеми. Да видиме дали тоа ќе биде предлогот. Затоа што, на пример, имавме цела серија на предлози во минатото, каде што се нудеа мед и млеко. На крај ништо не испадна, изјави Боцевски. Еврокомесарката Марта Кос вчера од Даблин дека оваа есен ќе биде историска за проширувањето на Унијата, а ЕК на крајот од месецов ќе го презентира документот во кој ќе биде опфатена новата стратегија за проширување. Фокусот на Брисел е таканаречената постепена интеграција за земјите кандидатки, кои до полноправно членство, ќе користат одредени бенефиции, како пристап до дел од единствениот пазар, финансиски инструменти, енергетскиот систем и други механизми. Освен ова, реформата предвидува построги проверки за земјите кандидатки и нова методологија, документ кој треба да биде официјално потврден од Европскиот Совет на 15 октомври. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУХМР: Топлото време продолжува и следната недела Топлото време и високите температури, според прогнозата на УХМР, ќе се задржат и во наредните денови. Температурите и идната недела ќе останат без позначителни промени со дневни максимални вредности до 37 степени. Утре долж Повардарието се очекува засилен ветер, а во текот на следната недела времето ќе биде сончево и топло, со слаба и умерена облачност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИ денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожариВо Скопје се уште се чуствува мирисот од опожарената шума во близина на границата со Косово.. Противпожарните екипи деноноќно на терен - гори шума и ниска вегетација во повеќе општини низ земјава. Но бројот на пожари е многу поголем од оној кој што се објавува од службите, бидејќи се работи за оган кој се гасне во прва фаза, информира првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување - Стојанче Ангелов. Во Скопје пак, сеуште се чувствува мирисот на чад од огнот кој гори во општина Ѓорче Петров веќе два дена. „Овој пожар денеска се движи во насока на село Никиштане но таму се распределени доволен број на скопски пожарникари со поддршка на огнените тимови на Дирекцијата и не претставува закана за ова село. Овој пожар може да се забележи и доколку некој патува кон Косово // На овој пожар со дејство започна еден полициски хеликоптер и два ер трактори на ДЗС. Активен пожар има и кај село Белица, општина Македонски Брод кој се одвива многу високо на тешко или целосно непристапен терен, но очекувам во текот на денот врз него да биде воспоставена целосна контрола.“ Искра од машина за косење трева управувана од 84 годишен маж утрово предизвикала вистинска драма на територијата на ловиштето Јасен - во гаснењето на пожарот бил вклучен и воздухоплов. Една искра е доволна за трагедија алармира Ангелов. Овој пожар е пример како пламените јазици лесно се распламтуваат и брзо се шират. Кога пристигнавме овде, навидум имаше само безопасен чад, за после само пет минути, убедливо да го зафаќа веќе целиот рид. Позади мене, исто така има хеликоптер кој е дојден да го гасне пожарот кој веќе ја зафати и територијата на Косово. Опасноста од пожари на отворен простор е се уште на многу високо ниво, со оглед на високите температури, предупредува Ангелов. Општинските пожарникари, огнените тимови на ДЗС како и екипа на Национални шуми и денеска продолжуваат со борбата против огнот кој ги демне македонските шуми. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter