Вучиќ: Се што чувствувате вие во Скопје го чувствуваме и ние во Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се надева, но не е сигурен дека ќе се најде решение за тргање на бугарското вето и деблокада на евроинтеграцијата на Македонија.

– Разговарав утрово со премиерот Димитар Ковачевски и се надевам, но не сум сигурен, рече Вучиќ во изјава за новинарите во Брисел пред почетокот на самитот ЕУ-Западен Валкан.

Прашан дали за него е прифатлива билатертилација на процесот на пристапување во ЕУ како што бара Бугарија, Вучиќ одговори дека истото му е направено и на Белград со Приштина со поглавјето 35.

– Не можам да кажам дека господинот Ковачевски е среќен, ќе видиме што ќе се случим додаде Вучиќ.

За односот на Белград кон Скопје, Вучиќ рече дека Македонија за Србија е братска и пријателска земја.

– Се што чувствувате вие во Скопје, чувстуваме и ние во Белград. Ние ништо не очекуваме од вас. Очекуваме да ги развиваме пријателските и братски односи и верувам дека секогаш и на европскиот и на сите други патиша ќе бидеме заедно, додаде Вучиќ.

Видео: Крената во воздух браната Какховка, во јужна Украина

Браната висока 30 метри и долга 3,2 километри е изградена во 1956 година на реката Дњепар, како дел од хидроцентралата Какховка.

Масивната брана Какховка, од времето на Советскиот Сојуз, што се наоѓа во јужна Украина а кој е под контрола на Русија, вчера беше крената во воздух, поплавувајќи ги околните области, јавија британските медиуми, повикувајќи се на извори од двете страни.

Непотврдени видеа на социјалните мрежи покажуваат серија интензивни експлозии околу браната Какховка. Друго видео покажува како вода протекува низ остатоците од браната.

Браната висока 30 метри и долга 3,2 километри е изградена во 1956 година на реката Дњепар, како дел од хидроцентралата Какховка.

Содржи резервоар што го снабдува со вода полуостровот Крим, што Русија го анектираше во 2014 година, и нуклеарната централа Запорожје, што, исто така, е под руска контрола.

Украинската војска соопшти дека руските сили ја урнале браната.

Сè уште нема „критична опасност“ за нуклеарната централа Запорожје поради уривањето на браната Какховка, соопшти синоќа руската агенција Тасс, цитирајќи официјален претставник во регионот Запорожје, кој е поддржан од Москва.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски свика итен состанок на Советот за национална безбедност и одбрана поради експлозијата на браната Нова Какховка, во јужна Украина, јави на Твитер секретарот на Советот Олексеј Данилов, цитиран од британските медиуми.

„Руското уривање на ѕидот од браната Нова Какховка е екоцид, но националните и регионалните власти работат на обезбедување на безбедноста на локалните жители“, напиша на социјалната мрежа Телеграм шефот на администрацијата на украинскиот претседател Андриј Јермак.

Тој додаде дека руските активности околу браната, исто така, претставуваат закана и за блиската нуклеарна централа Запорожје, без да наведе конкретни детали.

Харадинај: Постои сомнеж дека Курти сака да го подели Косово за да избегне формирење на ЗСO

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај синоќа изјави дека косовскиот премиер Албин Курти е „заљубен во планот за поделба на Косово“.

-Курти мора да има мака кога сака да поттикне војна, или тоа може да биде фактот дека се заљубил во планот за поделба на Косово. Постои сомнеж дека Курти, за да го избегне формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство, ќе го подели Косово, изјави Харадинај за РТВ Дукаџини.

Тој додаде дека ниту политичарите ниту криминалните банди не можат да го поделат северот.

Тој додаде дека во однос на поделбата на Косово, северот не може да го делат политичарите, тоа е прашање на безбедноста, никој, ниту криминалните банди, не успеале да го поделат.

Во Бутел утрово со експлозив е разнесен банкомат

Во Бутел утрово со експлозив е разнесен банкомат .

Инцидентот се случил кај „Алпи“ на улица „Христијан Тодоровски-Карпош“. Во моментов полицијата е на терен и се врши увид на местото на настанот. Повеќе за инцидентот во следото издание на вестите .

притисни ентер