Вучиќ - Сакеларопулу: Заинтересирани сме за течниот гас од Грција - Канал 5

Вучиќ - Сакеларопулу: Заинтересирани сме за течниот гас од Грција

Важен е и коридорот Белград-Скопје-Солун-Пиреја.

Вучиќ - Сакеларопулу: Заинтересирани сме за течниот гас од Грција

Србија е заинтересирана за купување на одредена количина на течниот гас од ЛНГ терминалот во Александрополис, а многу важен е и коридорот Будимпешта-Белград-Скопје-Солун-Пиреја-Атина, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во разговор со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу во Белград.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Сакеларопулу наведе дека ставот на Атина, кога станува збор за непризнавање на независноста на Косово, останува непроменет и стабилен, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ на заедничката прес-конференција со Сакеларопулу истакна дека разговарале и за енергетското поврзување во наредните години и оти Србија покажала интерес за купување одредени количини течен гас во Александрополис.

Тој кажа дека со претседателката на Грција разговарал и за инфраструктурното поврзување на двете земји и дека ја запознал со она што се гради низ Србија.

- Ќе ја завршиме брзата пруга до унгарската граница за помалку од две години, а почнуваме да ја градиме и брзата пруга до Ниш, а подоцна и до границата со Северна Македонија, многу важен за нас е коридорот Будимпешта-Белград-Скопје-Солун-Пиреја- тина, истакна Вучиќ.

Тој додаде и дека Пиреја и Солун се важни и заради карго сообраќајот, бидејќи е поевтин пристапот до стоки преку море.

Вучиќ рече дека поради поврзаноста на два народа, важен е и патничкиот сообраќај, што тоа би го олеснило.

Вучиќ очекува нов бран грчки инвестиции во Србија, како и српски вложувања во Грција. Тој изјави дека ја информирал претседателката на Грција дека Србија привлекла повеќе од 62 отсто од вкупните странски директни инвестиции во Западен Балкан и оти смета дека овој тренд ќе продолжи.

Српскиот претседател посочи дека ги анализирале состојбите во Југоисточна Европа, но и на целиот континент и во светот, а се разговарало и за билатералните односи.

- Србија и Грција ја потврдија својата посветеност и поддршка на принципите на Повелбата на ОН и резолуциите на ОН за територијалниот интегритет на едни со други, како што тие го поддржуваат нашиот, ние исто така го поддржуваме интегритетот на Република Грција на копно, море, острови и воздух, таа политика нема да се промени, рече Вучиќ и се заблагодари на Сакеларопулу за нејзината јасна поддршка за интегритетот на Србија.

Грчката претседателка Сакеларопулу изјави дека позицијата на Грција кон Косово останува непроменета.

- Мојата земја отсекогаш имаше мислење дека Србија припаѓа на европското семејство. Го поддржуваме дијалогот меѓу Белград и Приштина и неодамнешните разговори. Нашата цел е да ја зајакнеме економската позиција на Србија. Нашата позиција во однос на Косово останува непроменета и стабилна, рече Сакеларопулу. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Откриено зошто портпаролката на Трамп беше отпуштена по само пет дена

Закарија беше отпуштена од функцијата портпаролка на Белата куќа по само пет дена на работа.

Откриено зошто портпаролката на Трамп беше отпуштена по само пет дена

Кејти Закарија беше отпуштена од функцијата портпаролка на Белата куќа по само пет дена на работа, по критиките за нејзиното прво интервју со новинарите и прашањата за нејзиното прикажување како адвокат, иако не го положила правосудниот испит, објавува „CBS News“.

Службеник изјави за „CBS“ дека Закарија била невообичаено изолирана во текот на неделата и не ги извршувала своите должности како портпаролка на очекуваниот начин.

„Никој не мислеше дека ќе остане доволно долго за да биде вклучена во вистинското донесување одлуки“, рече помошник на Белата куќа.

Закарија, која беше избрана од американскиот претседател Доналд Трамп да ја замени Каролин Левит, се најде под оган по нејзиниот прв и единствен брифинг во Белата куќа во вторник, за време на кој таа читаше подготвени изјави околу десет минути, а потоа одговараше на прашања од новинари од три медиуми.

Прашањата за нејзините професионални квалификации привлекоа дополнително внимание.

Закарија дипломирала на Правниот факултет на Универзитетот Пепердин, но не го положила правосудниот испит во Калифорнија во 2011 година, тврдење што го изнела.

Таа ги негираше тврдењата дека се претставила како адвокат, велејќи дека никогаш не тврдела дека има лиценца за практикување адвокатура.

Според извори запознаени со дискусиите, се очекува Закарија наскоро да заземе друга позиција во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Во петокот, Трамп за нејзината позиција рече дека ја советувал да размисли дали сака да продолжи како прес-секретар во Белата куќа.

„Тие беа толку груби кон неа“, рече Трамп, осврнувајќи се на медиумите, додавајќи дека ѝ рекол да ја преиспита својата одлука, со оглед на нејзиното семејство и притисокот под кој се наоѓаше.

Пократок мандат од Скарамучи

Закарија му се заблагодари на Трамп и ја изрази својата поддршка за американскиот претседател во објава на социјалните мрежи.

„Беше чест да работам за него“, напиша таа.

Белата куќа сè уште не објавила кој ќе ја наследи како прес-секретар во Белата куќа.

Нејзиното заминување потсетуваше на краткиот мандат на Ентони Скарамучи, кој помина само 11 дена како директор за комуникации во Белата куќа за време на првиот мандат на Трамп, потсетува американскиот телевизиски канал.

„Рекордите се тука за да се соборат, но јас не уживам во страдањето на другите“, напиша Скарамучи на социјалната мрежа „X“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Microsoft“ ги изненади сите со својот најмал „Xbox“ контролер

Полесен е од вашиот телефон, лесно се става во џеб и сè уште ги има сите копчиња што ви се потребни.

„Microsoft“ ги изненади сите со својот најмал „Xbox“ контролер

„Xbox“ го најави „Nano Controller“, најмалиот контролер што компанијата некогаш го направила. Дизајниран е за деца, гејмери ​​со помали раце и луѓе кои сакаат да играат игри надвор од дневната соба. „Nano“ е долг нешто повеќе од 12 сантиметри и тежи околу 99 грама.

И покрај својата големина, „Xbox“ не отстранил никакви контроли. Ги добивате сите 18 стандардни влезови, така што распоредот на копчињата се совпаѓа со „Xbox“ контролерот со кој веќе сте запознаени.

„Nano“ користи батерија што може да се полни, иако „Xbox“ не откри колку долго ќе трае едно полнење. Исто така, постои и програмабилно копче за акција што можете да го поставите да прави снимки на екранот, да снима игра или да стартува кратенка што често ја користите.

Се поврзува преку „Xbox Wireless“ и „Bluetooth“, така што можете да го користите со кој било компатибилен уред. „Xbox“ го позиционира и „Nano“ како контролер за целото семејство.

„Xbox Nano Controller“ е достапен за преднарачка за 50 долари. Испораката започнува во ноември во 36 земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Канада, Јапонија и Австралија, а дополнителни пазари ќе бидат додадени подоцна. Цените ќе варираат во зависност од пазарот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Паника во Русија: Шпионски авион кружел со часови во близина на границата

Американски шпионски авион денес кружел два часа над Естонија и Латвија, десет километри од нивната граница со Русија, по што се вратил во својата база во Романија, според податоците од летот од авионот.

Паника во Русија: Шпионски авион кружел со часови во близина на границата

Според податоците пренесе РИА Новости, авионот полетал од меѓународниот аеродром „Михаил Когалничеану“ во Констанца, Романија, околу 9:42 часот наутро и прелетал над Унгарија, Словачка, Полска и три балтички земји, каде што неколку пати кружел во близина на нивните граници со Русија.

Авионот, за кој РИА Новости вели дека редовно се користи за летови околу регионот Калининград и над Црното Море, долж Крим и други јужни региони на Русија, се вратил во својата база во Романија денес околу 16:33 часот.

Руските власти изјавија дека во последните години се забележани досега невидени активности на НАТО долж западните граници на земјата и дека НАТО ги проширува своите иницијативи, нарекувајќи го тоа „одвраќање од руската агресија“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер