Вучиќ: Сѐ што кажав ќе спроведеме - Канал 5

Вучиќ: Сѐ што кажав ќе спроведеме

- А дали некој друг ќе го спроведе, ќе видиме, вели Вучиќ

Вучиќ: Сѐ што кажав ќе спроведеме

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија не користи трикови и дека ќе го исполни и ќе работи на спроведување на сето тоа што го кажал во Охрид и покрај тоа што не мисли дека Приштина ќе ја исполни својата единствена обврска, а тоа е да ги почитува договорите постигнати во дијалогот, да формира Заедница на српските општини, јави дописникот на МИА од Белград.

-Тоа што веќе го кажав е дека нема говор за членство во Обединетите нации, како и за организации, институции и агенции на ОН и - нема признавање, кажа Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата со шефот на италијанската дипломатија Антонио Тајани дека дел од црвените линии за кои зборува ги гледа како начин да се избегне спроведувањето на договорот.

Ние, за разлика од нив, посочи Вучиќ, никогаш не сме се користеле со трикови, секој ден го повторувам тоа што го кажав во Народното собрание, како и она што им го кажав во Охрид, Брисел и на (западната) петорка во Белград, и мојот став ни јота се нема сменето пред никого.

-За Србија е правно обврзувачко кога на нешто ставам потпис или печат, или кога вербално или усно се согласувам. И никој друг не може да произведе правни последици за Србија освен нејзиниот претседател и во некои случаи премиерот или министерот за надворешни работи. Што се однесува до исполнувањето, Србија ќе го исполни и ќе работи на имплементација на сè што рече дека ќе направи, и покрај тоа што не мислам дека Приштина ќе го исполни она што е единствената обврска, а тоа е да ги почитува договорите постигнати во дијалогот и да формира ЗСО. Значи, се што кажавме дека ќе работиме на имплементација, ќе го направиме, а она што го кажав дека нема, а тоа му го повторив и на Тајани денеска, е дека нема говор за членството во ОН, организации, институции и агенции ОН и нема признавање, рече Вучиќ.

Според него, сè друго што значи вистинска нормализација на односите, нормални односи меѓу Србите и Албанците и многу подобри односи без тензии и конфликти, Србија е подготвена да го спроведе и Србија ќе ги имплементира.

- А дали некој друг ќе го спроведе, ќе видиме, па јас ќе ги прашам кој користел трикови, а кој не, истакна Вучиќ.

Тој посочи дека Србија стои на зборот и дека зборот на Србија нешто и значи и дека се плаши дека дури и нечии потписи не значат ништо до денес, бидејќи, како што рече, „ако не беше така, тогаш 10 години по потпишувањето на договор, не би зборувале за ЗСО како што зборуваме денес“. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп ја изрази својата поддршка за својот сојузник, Бенјамин Нетанјаху, во пресрет на претстојните парламентарни избори во Израел.

Трамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“

Поддршката на Трамп за Нетанјаху

„Биби Нетанјаху беше силен, храбар и брилијантен соочен со огромен отпор – вклучително и отпор од внатрешноста на самиот Израел“, напиша Трамп во објава на платформата „Truth Social“.

„Ова е токму оној вид партнер што Соединетите Држави го бараат во Израел – земја за која направија толку многу. Нека оваа порака послужи како израз на мојата целосна и безусловна поддршка за Биби Нетанјаху во претстојната трка за реизбор за премиер на Израел.“

Избори по две години војна

Националните избори во Израел се закажани за 27 октомври – први по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Тој настан ја потресе нацијата и го втурна Блискиот Исток во хаос, вовлекувајќи го Израел во војни во Газа, Либан и со Иран.

Исходот од изборите би можел да одлучи дали Нетанјаху ќе остане на власт по еден од најкритичните периоди во израелската историја, или пак ќе биде поразен од ривали од центарот кои ветуваат почеток на нова ера.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Многу веројатно ќе има втор круг, водство има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

Прес-конференција за медиуми на која се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Многу веројатно ќе има втор круг, водство има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и источните делови.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време. Во четврток и во петок се очекуваат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и пообилни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер