Вучиќ-Рама: Стекнавме навика отворено да зборуваме, некогаш се согласуваме, а некогаш не - Канал 5

Вучиќ-Рама: Стекнавме навика отворено да зборуваме, некогаш се согласуваме, а некогаш не

- Го поздравуваме ангажманот на Рама и неговиот личен придонес во Берлинскиот процес, рече Вучиќ

Вучиќ-Рама: Стекнавме навика отворено да зборуваме, некогаш се согласуваме, а некогаш не

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама вечерва по средбата во Белград изјавија дека двајцата по повеќе децении во односите меѓу Србија и Албанија почнале да го менуваат лошото политичко наследство, дека разговарале за Берлинскиот процес, за Отворен Балкан, и за „нивните неретко различни погледи за ситуацијата на Косово“ избегнувајќи да говорат поотворено за оваа тема, јави дописникот на МИА од Белград.

- Го поздравуваме ангажманот на Рама и неговиот личен придонес во Берлинскиот процес, рече Вучиќ и посочи дека Берлинскиот процес е корисен регионален формат, кој ќе придонесе за подобрување на процесот на помирување и надминување на проблемите наследени од минатото. Албанскиот премиер за Берлинскиот процес кажа дека „би можеле да направиме некаков нов план, за да може Европската комисија да ги стави на хартија финансиите за Западен Балкан, за да отвориме нови патишта за интеграција на нашите земји на пазарот на ЕУ, но и за судир на мислења“.

За ОБ Вучиќ рече дека вечерва ќе ги продолжи дискусиите со Рама на ова тема.

- Ние, заедно со Албанија и Македонија, ја започнавме иницијативата Отворен Балкан, која донесе огромни придобивки за секој од нас и за нашите граѓани, и мислам дека оваа иницијатива може да придонесе за натамошно зближување на народите и подобар живот за сите наши граѓани. Ќе имаме заеднички средби во рамките на иницијативата ОБ и во наредниот период. Се подготвуваме за саемот кој можеби ќе биде трет по големина саем во Европа годинава, зборуваме за Винска Визија за ноември, што ќе го организираме како дел од ОБ во Белград, а верувам дека ќе биде и меѓу првите неколку во светот, рече Вучиќ.

Тој кажа дека со Рама разговарал за сите регионални прашања и за нивните често различни ставови за ситуацијата на Косово.

- Но, мислам дека не би било фер ни коректно да изнесам што било пред Рама кога станува збор за нашите разлики во поглед на тоа како да ги решиме проблемите, бидејќи верувам дека ниту тој нема тоа да го направи. Ќе го оставиме тоа за нашите земји и за натамошниот тек на нашите вечерашни разговори, истакна Вучиќ.

Па сепак одговарајќи на новинарски прашања за можноста северно Косово да се претвори во нов „Донбас“ и за деескалација на состојбата, Вучиќ кажа дека „никој нормален не може да се радува на конфликти“ и дека за деескалацијата „се работи уште за истовременото повлекување на градоначалниците на северно Косово, Србија сè останато има исполнето, сакаме мир, колку и да е тешко“.

- Што се однесува до гледањето со Албин Курти, никогаш немав проблем да разговарам со него. Се обидов да разговарам со сите албански претставници. Ме прашувате кога ќе го видам, а не знаете ни вие кога ќе го видат и овие поблиските, рече Вучиќ.

На прашањето за нацрт-статутот на Еди Рама за ЗСО, Вучиќ одговор дека не го видел тој предлог.

- Морам да ве упатам на бриселскиот договор, ЗСО мора да се заснова на тоа што е потпишано и прифатено. Ставете ги принципите во статутот и тоа е тоа, Србите прифатија сè друго, дури и цивилната заштита. Суштината е дека мора да се формира ЗСО. Не видов никаков предлог, рече Вучиќ.

Еди Рама повтори дека предлог-статутот е придонес што тој го дал, а не нешто што страните нужно би го прифатиле.

- Она што е на хартија им е предадено на кумовите на француско-германскиот план, Макрон, Шолц, но и Мишел. На нив е дали ќе го прочитаат или не, ќе го земат или нема да го земат предвид. Јас го сметам за позитивен придонес и сметам дека развлекувањето со процесот на формирање на ЗСО е стратешка грешка. Кога станува збор за Советот за безбедност на ОН, ние сме членки како и на НАТО, но ниту сме суперсила, ниту имаме капацитет, а одлуките во врска со барањата на Србија за седница на СБ на ОН ќе ги носиме во согласност со сојузниците, одговори Рама изразувајќи загриженост „тензиите на северот на Косово да не го нарушат нашиот компас и со нив ќе мора да се справат сите“.

На тоа Вучиќ ја заклучи прес конференцијата со оценката дека „во Србија кумовите ги избираш сам. Ги каниш на крштевка или на свадба, кај нас кумови не се тие што ви наметнуваат одредени одлуки“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и топло време со температура до 33 степени

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.

Утре сончево и топло време со температура до 33 степени

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2)

18 Крива Паланка.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

19 Попова Шапка, 24 Крушево, 27 Берово, 28 Маврови Анови, 29 Крива Паланка, Претор, Прилеп, Виница, 31 Битола, 32 Тетово, Охрид, Штип, Струмица, 33 Демир Капија, Кавадарци, 34 Скопје – Петровец, 35 Скопје – Зајчев Рид, Велес, Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес претпладне беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови во источните делови од државата и тоа најпрво во североисточните, па потоа и во југоисточните, имаше појава на нестабилност со појава на грмежи, пороен дожд и наместа појава на суградица и град. Локално процесите беа во форма на краткотрајно невреме проследени со силен ветер, појава на грмежи, пороен дожд и наместа појава на суградица и град. Во североисточните делови дуваше северозападен ветер кој повремено надминуваше брзина од 60 km/h. Во текот на ноќта се очекува стабилизација на времето.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 33 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До средината на следната работна седмица времето ќе биде сончево и топло со слаба до умерена облачност во текот на денот. До понеделник ќе дува северозападен ветер кој во недела и понеделник долж Повардарието ќе надминува брзина од 40 km/h. Од Вторник ветерот ќе го смени правецот во југозападен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Камен пијан“ 67- годишен жител на Кадрифаково без возачка излетал од патот

Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријава.

„Камен пијан“ 67- годишен жител на Кадрифаково без возачка излетал од патот

На 02.09.2026 во 16:13 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Д.Б.(67) од с.Кадрифаково, светиниколско. Претходно, тој со патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал во село Кадрифаково, излетал надвор од патот.

При преземање мерки било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,09 промили алкохол во крвта, без да поседува важечка возачка дозвола и со измината важност на сообраќајната дозвола. Извршен е увид, за настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Убиен е руски генерал, кој наредил напад на детската болница во Киев- му пукале во лице

Во регионот Саратов во Русија, утрово беше извршен обид за атентат врз воен офицер кој командувал со ракетен напад врз Детската болница Охматдит во Киев во јули 2024 година. 

Убиен е руски генерал, кој наредил напад на детската болница во Киев- му пукале во лице

Според достапните информации, офицерот е во критична состојба, пишува украинска Правда.

Детали за нападот врз генералот

Каналот „Шпио досие Телеграм“ објави дека генерал-мајор Николај Варпаховиќ, командант на 22-та тешка бомбашка дивизија на руските воздухопловни сили, бил застрелан околу седум часот наутро. Истиот извор наведува дека Варпаховиќ е во критична состојба. Според информациите од каналот „Маш“, напаѓачот се упатил кон куќата во селото Пробужденије со мотоцикл со кацига на главата и отворил оган. Едниот куршум го погодил Варпаховиќ во торзото, а другиот во лицето.

Неговиот возач исто така бил ранет, кој успеал да избега, да се скрие, а потоа да повика брза помош. Лекарите ги отстраниле куршумите на Варпаховиќ и го подготвуваат за транспорт со специјален лет до Москва. Рускиот медиум „Астра“ пишува дека селото Пробуждение е наведено како една од адресите на Варпаховиќ.

Истрага и обвиненија

Напаѓачот сè уште не е уапсен. Регионалниот истражен комитет на Русија покрена кривична постапка за обид за убиство на воен службеник, што го потврди и државната агенција ТАСС.

Безбедносната служба на Украина (ССУ) на 31 август објави дека го сомничи Варпаховиќ, заедно со уште еден руски офицер, во отсуство за вмешаност во ракетните напади врз новинарите на „Ројтерс“ во регионот Донецк и Детската болница „Охматдит“.

Украинската истрага утврди дека Варпаховиќ ја издал борбената наредба за нападот врз болницата на 8 јули 2024 година. Војниците под негова команда извршиле целен удар со крстосувачка ракета Х-101, која била лансирана од руски стратешки бомбардер Ту-95МС.

Последици од нападот врз болницата

Во времето на нападот врз Охматдит, во болницата имало повеќе од 600 пациенти. Две лица беа убиени, вклучувајќи и еден лекар, а десетици луѓе беа повредени. Ракетата целосно ја уништи зградата за токсикологија и оштети уште четири згради каде што беа извршени операции и каде што беа лекувани тешко болни деца.

Овој обид за атентат доаѓа кратко откако автомобилот на руски војник експлодираше во Санкт Петербург на 27 август. Неговото име е во базата на податоци „Мировник“, а неговата единица беше обвинета за напади врз украински цивили.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер