Вучиќ од Брисел: Ги предупредив за теророт на Курти - Канал 5

Вучиќ од Брисел: Ги предупредив за теророт на Курти

Разговорите ќе продолжат, но што ќе биде понатаму малку зависи од нас и Борел, вели Вучиќ.

Вучиќ од Брисел: Ги предупредив за теророт на Курти

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска, по средбата со европските посредници Жосеп Борел и Мирослав Лајчак во врска со деескалација на ситуацијата на Косово, дека разговорите ќе продолжат на дневна основа бидејќи веруваме дека мирот и стабилноста се од клучна важност, но и дека ги предупредил европските посредници дека Србите се во тешка положба поради теророт на косовскиот премиер Албин Курти, јави дописникот на МИА од Белград.

Запрашан дали европските посредници инсистирале на трилатерална средба на која тој ќе биде на маса заедно со Курти, Вучиќ рече дека секогаш доаѓал на секој разговор и дека смета дека дијалогот е корисен и лековит и дека е важно да се разговара за секој проблем за да тој се надмине.

-Но, во овој момент, не гледам причина да разговарам со човекот кој произведува провокации секој ден бидејќи тоа е неговата фанатична идеологија и мислам дека (трилатералните разговори) ќе донесат штета, и затоа мислам дека тоа е бесмислено, рече Вучиќ.

„Денеска преставив посебен извештај за повредите на лицата кои беа уапсени, а тие не беа виновни за ништо... Им го предадов на Борел и Лајчак, во каква состојба се, кој ги претепа, до тој степен што хирургот Албанец не сакаше да потпише, велејќи дека тоа можеле да го направат само ѕверови.

Кога станува збор за разбирањето на ЕУ, Вучиќ порача дека мора да разбереме едно - дека Косово е независна држава за мнозинството земји од ЕУ.

-Тоа е нивно дете. Го чувале кога бил во лулка, сега тинејџерот е малку палав, но сепак го чуваат. Нашата позиција е многу тешка, сè што се однесува на Украина не важи за Србија, но тоа е право на посилниот на кое треба да се навикнеме, рече претседателот на Србија.

На прашањето дали е постигнат некаков договор, тој рече дека не може да каже дека е направен чекор за деескалација, тие (европските посредници) направија се што е во нивна моќ да разговараат за тоа и добро да разберат што се случува на терен.

-Она што ќе се случи понатаму зависи малку од Борел и нас, а повеќе од оние кои не беа заинтересирани за мир и стабилност. Во секој случај, мислам дека секогаш е добро кога ќе слушнете некого и ќе можете да разјасните нешто. Не гледам ништо штета од состаноците, ако се случи нешто добро, одлично – ако не, што да правиме. Наше е да направиме се што е во наша моќ, да се потрудиме, да сфатиме колку е тоа важно..., рече тој. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот Океан

Пијанист од крузер е спасен откако поминал девет часа во Тихиот Океан, на околу 32 километри од брегот на Калифорнија. 

Пијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот Океан

Мажот, вработен во компанијата „Ројал Карибиан“ (Royal Caribbean), паднал од бродот и пливал сè додека во петокот не го забележале двајца рибари.

Неговиот идентитет сè уште не е објавен, пренесува Би-Би-Си (BBC). Рибарите Грант Герет и Шон Нортон го забележале мажот во близина на островот Каталина. „Си помислив: ’Тоа е човек. Гасете го бродот, повлечете ги сите јажиња‘“, раскажа Герет.

Мажот им кажал дека работи како пијанист на „Овејшн оф д сиз“ (Ovation of the Seas) – крузер со 14 палуби. „Единственото нешто што ни го кажа беше: ’Ви благодарам. Мислев дека ќе умрам‘“, додаде Нортон.

Според американската крајбрежна стража, спасениот пијанист е пренесен во болница и се наоѓа во стабилна состојба.

Крајбрежната стража за Би-Би-Си (BBC) потврди дека ги истражува околностите на инцидентот.

Службите за спасување сметаат дека мажот паднал во морето околу 02:30 часот по полноќ – речиси девет часа пред да биде пронајден.

Адам Јасенда, капетан на спасувачката служба во Њупорт Бич, изјави за Си-Би-Ес (CBS) дека мажот се наоѓал на 25 до 30 километри од брегот – практично среде океанот.

Шон Нортон смета дека пијанистот преживеал исклучиво поради невообичаено топлата вода.

„Ова е година на екстремен ’супер Ел Нињо‘. Човекот веројатно поминал десет часа во водата, а температурата на морето изнесувала 24 степени “, објасни тој.

„Во која било друга година, тој не би имал никакви шанси за преживување.“ Научниците кои го следат Тихиот Океан потврдија дека тековниот климатски феномен „Ел Нињо“ е најсилниот некогаш забележан. Температурите на океанот се за околу три степени Целзиусови над просекот. Компанијата „Ројал Карибијан Груп“ (Royal Caribbean Group) даде коментар за случајот. „Му ја пружаме сета потребна поддршка и помош на нашиот член на екипажот. За да ја заштитиме неговата приватност, не можеме да откриеме дополнителни детали“, изјави портпарол за Би-Би-Си.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Златото и среброто бележат раст на светските берзи

Цените на благородните метали бележат позитивно движење на светските берзи, при што и златото и среброто ја започнаа трговската сесија со раст.

Златото и среброто бележат раст на светските берзи

Фјучерсите на златото со рок на испорака во декември 2026 година достигнаа цена од 4.100,26 долари за унца, што претставува зголемување од 25,36 долари, односно 0,62 проценти. Во текот на тргувањето цената се движеше во распон од 4.062,55 до 4.143,17 долари.

Позитивен тренд бележи и среброто. Фјучерсите за декември се тргуваа по цена од 52,258 долари за унца, со раст од 0,316 долари, или 0,61 процент. Највисоката забележана цена изнесуваше 53,453 долари, додека најниската беше 51,415 долари.

Движењата покажуваат истовремен раст на двата благородни метала, кои традиционално се следат како важни инструменти на меѓународните финансиски пазари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани.

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер