Вучиќ објави дека во Србија се случил организиран обид за „вистински државен удар“ - Канал 5

Вучиќ објави дека во Србија се случил организиран обид за „вистински државен удар“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека во Србија се случил организиран обид за „вистински државен удар“.

Вучиќ објави дека во Србија се случил организиран обид за „вистински државен удар“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека во Србија се случил организиран обид за „вистински државен удар“, бидејќи биле вклучени речиси сите државни институции - од јавниот медиумски сервис до полицијата, најавувајќи дека „некои избори во 2026 и 2027 година ќе бидат неизвесни“.

- Војската учествува во пучот и мора да има насилство, а пучот е преку институциите, рече Вучиќ во разговор со студенти кои се во Пионирски парк. Според него, биле направени обиди од градинки и училишта до обиди во здравството и електраните, „да не зборуваме за полицијата“.

-Тука ќе излезат на виделина застрашувачки податоци, како дилерите на дрога и преку кого ја воделе својата политика, и повторно државата издржала, рече Вучиќ.

Тој повтори дека тоа била обоена револуција и дека некои политички лекции, совети и пари дошле однадвор и додаде дека веќе добил понуди од многу земји за ексклузивен договор за неговата книга „Како ја победив обоената револуција“.

Тој додаде рече дека на сите студенти кои сакаат да полагаат државни испити ќе им биде дозволено да влезат на универзитетите и ги повика претставниците на студентите кои се противат на блокадите на факултетите да се откажат од најавениот штрајк со глад.

ФФМ го започна процесот за измена на Статутот

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), во соработка со УЕФА и ФИФА, денеска во Скопје го започна најавениот процес на промена на Статутот на Федерацијата.

ФФМ го започна процесот за измена на Статутот

Формирани се работни групи составени од претставници на ФФМ, УЕФА и ФИФА, кои веќе активно работат на изработка на првичната драфт верзија на новиот Статут. Мариана Трандафир - специјалист за управување со национални асоцијации, Енио Боволента - правен советник за статутарни и регулаторни прашања и Денис Бастари - менаџер на програмата „HatTrick“ се претставници на УЕФА, додека Емили Дом - раководител на активности поврзани со управување на национални асоцијации е преставник на ФИФА.

Процесот се води согласно домашната законска рамка и регулативите на меѓународните фудбалски тела, со цел да се создаде модерен и функционален акт што ќе ја унапреди внатрешната организација и функционирањето на Федерацијата.

-„Верувам дека конечно Фудбалската федерација на Македонија ќе направи исчекор напред и ќе започне со процесот на измена на Статутот. Овој процес е едно од нашите последни ветувања и искрено, се надевам дека на почетокот на 2026 година ќе имаме нов, усвоен статут, изготвен согласно реалните можности во нашата држава.

Наша цел е да изградиме вистински фудбал, вистинска фудбалска организација и заедница на локално ниво. Согласно тоа, новиот статут ќе биде завршен чекор во овој процес и ќе биде усогласен со стандардите на ФИФА и УЕФА. Искрено ја цениме вашата поддршка и се надеваме дека нашата соработка во оваа насока ќе биде успешна. Конечно, по повеќе од 15 години, ќе добиеме целосно нов статут, со нова организациска структура и современа систематизација на ФФМ.“, истакна Масар Омерагиќ - претседател на Фудбалската федерација на Македонија:

Со овој процес започнува ново, суштинско поглавје за Фудбалската федерација на Македонија, кое треба да обезбеди поголема отчетност, ефикасност и вклученост на сите засегнати страни во фудбалската заедница. Очекуваме инклузивна и продуктивна работа на сите учесници и донесување на документи кои ќе го осигураат долгорочниот развој на македонскиот фудбал.

ЕУ се договори со Израел за проширување на испораките на хуманитарна помош во Газа

Европската Унија постигна договор со Израел за проширување на испораката на хуманитарна помош во Газа, објави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.

ЕУ се договори со Израел за проширување на испораките на хуманитарна помош во Газа

Калас напиша на „X“ дека ќе бидат отворени повеќе влезови во Газа и дека ќе влезат повеќе камиони со помош и храна.

Таа додаде дека очекува Израел да ги спроведе сите договорени мерки, кои треба да стапат во сила „во наредните денови“.

Беше договорено дека ќе се поправи виталната инфраструктура и дека хуманитарните работници ќе бидат заштитени. Се предвидува дека патиштата преку кои се доставува помош од Јордан и Египет, исто така, ќе бидат повторно отворени, а прехранбените производи ќе се дистрибуираат преку пекари и народни кујни низ целиот Појас Газа, се вели во текстот.

Испораката на гориво до хуманитарните организации ќе продолжи, „до оперативно ниво“.

Во наредните денови, Калас треба да им достави на земјите-членки на ЕУ список на можни мерки што треба да се преземат по одлуката за преиспитување на Договорот за асоцијација меѓу Израел и ЕУ.

Во извештајот на Европската комисија до министрите за надворешни работи од крајот на јуни се оценува дека Израел го прекршил Член 2 од договорот - за почитување на човековите права.

Затоа, некои земји од ЕУ побараа барем делумно суспендирање на Договорот за асоцијација со Израел, иако неколку земји се спротивставија на ова.

Во Битола ќе бидат ангажирани 30 невработени лица, идни пожарникари

Општина Битола објави повик за ангажирање на 30 невработени лица кои ќе бидат вклучени во работтата на Територијалната против пожарна единица.

Во Битола ќе бидат ангажирани 30 невработени лица, идни пожарникари

Од секторот за односи со јавност соопштија дека ангажманот е во функција на заштитата и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво, односно пошумување.

Работното ангажирање на невработените лица ќе биде реализирано за период од најмногу пет месеци, а кандидатите кои ќе бидат избрани ќе добиваат месечен надоместок од 24.000 денари со вклученоосигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа.

притисни ентер