Вучиќ не коментира написи на српски медиуми дека во следните два месеца ќе поднесе оставка - Канал 5

Вучиќ не коментира написи на српски медиуми дека во следните два месеца ќе поднесе оставка

Српскиот претседател Александар Вучиќ не сакаше да ги коментира наводите на дел од српските медиуми кои објавија дека би можел да поднесе оставка во следните два месеца.

Вучиќ не коментира написи на српски медиуми дека во следните два месеца ќе поднесе оставка

„Не сакам да коментирам, особено не во овој момент. Ќе разговараме за тоа во наредните денови“, изјави Вучиќ за новинарите во Брисел, каде што учествуваше на самитот ЕУ-Западен Балкан. Според српски медиуми, Вучиќ најави обраќање до јавноста в сабота.

Тој додаде дека „не му паѓа на памет“ да ги коментира настаните на седницата на Ректоратот на Универзитетот во Белград, на која, според медиумите, не е прифатен вчера предлогот за генерален штрајк изнесен од студентите кои досега го блокираа факултетите во Србија со денови.

„Тие можат да прават што сакаат се додека не ја загрозуваат безбедноста на луѓето. За разлика од некои други земји, ние нема да го упаднеме универзитетот со полиција или други сили. Ја почитуваме автономијата на универзитетите“, рече Вучиќ.

Тој повтори дека се исполнети сите барања од студентските блокади. Претседателот на Србија вели дека нема да дозволи формирање техничка или преодна влада, додавајќи дека тој е единствениот кој има уставно овластување да одлучува за тоа.

Вучиќ рече дека никој друг освен него не може да назначи мандатар за формирање влада.

„ Нема ништо техничка или преодна влада“, рече Вучиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристијано и Георгина уживаат во базенот: Тој во гаќи, таа во прекрасен бикини

Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, Португалецот Кристијано Роналдо го покажа своето атлетско тело додека плива во долна облека во друштво на својата поубава половина свршеницата Георгина Родригез во црно бикини.

Фото: Кристијано и Георгина уживаат во базенот: Тој во гаќи, таа во прекрасен бикини

Познатиот пар уживаше во снимањето на видеото на кое се гледаат нивните извајани тела.

Кристијано одвои време за својата свршеница откако неговата репрезентација беше елиминирана од Светското првенство.

Иако ова беше неговото последно Светско првенство, 41 годишниот Кристијано се надева дека тоа нема да значи крај на неговата кариера, а дотогаш целосно ѝ се посветува на Георгина, со која е свршен веќе една година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Интернационален успех на македонската театарска уметност- долготрајни овации и аплаузи за Битолскиот театар во Верона

Стоечки овации, долготрајни аплаузи и публика која не престануваше да ја поздравува екипата – тоа е најубавата слика од гостувањето на Битолскиот театар во Верона. 

Интернационален успех на македонската театарска уметност- долготрајни овации и аплаузи за Битолскиот театар во Верона

Меѓународната изведба на „Кориолан“, во режија на Џон Блондел, на Verona Shakespeare Fringe Festival, беше пречекана со исклучителен интерес и воодушевување од публиката. Енергијата што се чувствуваше во салата за време на претставата, а особено по нејзиното завршување, покажа дека театарот навистина нема граници и дека силната приказна допира до секој, без оглед на јазикот и земјата од која доаѓа.

Во Верона се случува и 12. Светски Шекспир конгрес, кој ја одбележува 50 годишнината на Интернационалната Шекспир асоцијација, а покрај тоа на повеќе сцени низ градот се одржува и музичка програма. Со ова градот од 20. до 26.07 прераснува во глобална театарска сцена која пречека илјадници уметници, истражувачи, од целиот свет. Фестивалот е организиран од Центарот Skenè на Универзитетот во Верона. Основачи на оваа платформа се: Џон Блондел кој е уметнички директор на фестивалот, Силвија Биљаци, Сидија Фјорато, Џон Блондел и Дејвид Скалквик. Фестивалот ги спојува делата на истражувачите и уметниците кои ги уриваат граници помеѓу сценската уметност и науката; овозможува нови начини на изведба, рецепција и пренесување; и создава можности публиката да доживее разновиден спектар на имагинативни одговори на делата на Шекспир. Фестивалот се реализира во соработка со Conservatorio di Verona и Teatro Scientifico – Teatro Laboratorio.

„Искрено им благодариме на организаторите на фестивалот за беспрекорното гостопримство, професионалната организација и честа да бидеме дел од ова значајно меѓународно театарско случување“, истакнуваат од НТБ.

Најголемата благодарност, сепак, им припаѓа на актерската, авторската и техничката екипа на НУ Народен театар Битола, која со својата посветеност, дисциплина и талент создаде претстава што достојно ја претстави македонската театарска уметност пред меѓународната публика.

Современата адаптација на безвременската трагедија на Вилијам Шекспир отвора актуелни прашања за власта, политичката одговорност и односот меѓу поединецот и општеството. Во претставата играат: Васко Мавровски, Петар Горко, Марјан Георгиевски, Борче Ѓаковски, Петар Спировски, Јулијана Мирчевска и Сандра Грибовска Илиевска. Асистент на режија е младиот уметник и режисер Дамјан Димовски, сценографијата и костимите се на Благој Мицевски, дизајн на светло: Џонатан Хикс, светло мајстор: Горан Петровски, музика: Александар Димовски, видео: Владимир Переловски, инспициент: Оливер Петровски. Суфлер: Мирјана Христовска.

На овој престижен меѓународен фестивал, Народниот театар Битола гостуваше после премиерата на 66.Охридско лето и ја позиционираше и потврди македонската театарска сцена високо на глобалната театарска мапа. На фестивалот учествуваат театри од Италија, Велика Британија, Малта, Ерменија и Унгарија. Во прилог го споделуваме видеото од поклонот и долготрајните аплаузи – момент кој засекогаш ќе остане запаметен како едно од најсилните сведоштва за успехот на ова гостување.

„Благодариме, Верона! Ова беше вечер што ќе ја паметиме долго“, додаваат од Битолскиот театар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Доналд Трамп сака Инфантино да застане на чело на Обединетите нации

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека првиот човек на светскиот фудбал Џани Инфатнито ги поседува вештините за улогата генерален секретар на ОН.

Доналд Трамп сака Инфантино да застане на чело на Обединетите нации

Според американскиот весник „Њујорк пост“, претседателот на САД, Доналд Трамп, наводно сака претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да го наследи Антонио Гутереш на функцијата генерален секретар на Обединетите нации.

Според извори блиски до Трамп, американскиот претседател смета дека Инфантино „ужива почит кај луѓето ширум светот“ и поседува единствена способност да ги обединува различните страни.

Мандатот на актуелниот генерален секретар на ОН се ближи кон крајот, а оваа година треба да се избере нов челник на организацијата. За да ја обезбеди таа функција, на Инфантино би му била потребна поддршката од Советот за безбедност на ОН, кој брои 15 члена, вклучувајќи пет постојани членки со право на вето.

Потоа, за именувањето би била потребна потврда од Генералното собрание на ОН. Сепак, засега не е познато дали Инфантино воопшто размислува за премин во Обединетите нации или дали разговарал за таа идеја со Трамп.

Паоло Ѕамполи, италијанско-американски бизнисмен и специјален пратеник на Трамп за глобални партнерства, ја пофали идејата, тврдејќи дека Инфантино би можел успешно да ја извршува таа улога. „Тој би завршил одлична работа. Луѓето го сакаат, а постојат и одредени сличности меѓу улогите на претседател на ФИФА и генерален секретар на ОН“, изјави Ѕамполи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер