3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС повторно се противат на европски проекти, а национален дата центар е обврска од Реформската агенда со ЕУ
БалканВучиќ: Не играм двојни игри, ниту за БиХ ни за КосовоПретседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Србија секогаш го почитува територијалниот интегритет на БиХ, Дејтонскиот договор и Уставот.Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Србија секогаш го почитува територијалниот интегритет на БиХ, Дејтонскиот договор и Уставот, како и правата на трите конститутивни народи и два ентитета во БиХ, нагласувајќи дека не игра двојни игри околу БиХ, како ни за Косово, јави дописникот на МИА од Белград. -Секогаш сум многу чесен и искрен. И никогаш не играм никакви двојни игри, ниту за прашањето за Босна и Херцеговина, ниту за прашањето на Косово и Метохија, ниту за ништо друго, изјави Вучиќ за сараевски „Аваз“. Тој изјави дека Србија е подготвена да им помогне на сите, но дека граѓаните на Република Српска ја бараат и очекуваат нејзината помош и поддршка, додавајќи дека Србија ќе им помогне на луѓето од РС, но и на оние од бошњачката средина. -Да речеме, ако ме прашувате за конзулати, ако сакате да отворите конзулат на БиХ во Ниш, Крушевац, повелете. Во Нови Пазар ги дадовме сите дозволи, ете, што и да посакате, може. За нас тоа е прашање на нормални, рационални национални односи, рече Вучиќ. Претседателот на Србија оцени дека „има непотребни приказни за бесмислени заговори кои ги делат народите“. Запрашан за американските санкции против српските функционери, како и директорот на Безбедносно-информативната агенција (БИА) Александар Вулин, Вучиќ рече дека не сака да зборува повеќе за тоа и само изјави дека треба да се најде решение како да се надминат економските и политичките пречки кои произлегуваат од тоа. Тој ги отфрли шпекулациите дека Србија е „фактор на нестабилност во регионот“ и нагласи дека иницијативата „Отворен Балкан“ е иднината и дека се зависи од тоа колку паметни луѓе во регионот ќе се соберат околу таа идеја. Според Вучиќ, „проблеми создаваат само луѓе кои копнеат по конфликти за да можат конечно да бидат нешто, бидејќи не можат да бидат ништо во мир“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПотврдени 919 загинати во поплавите во Непал, 4.793 се исчезнатиНајмалку 919 луѓе загинаа, а 4.793 се водат како исчезнати по катастрофалните поплави што ги погодија Непал и Тибет, откако огромен одрон на карпи и дел од глечер предизвика ненадејни поплавни бранови во хималајскиот регион.Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани, а десетици луѓе се стравува дека се заробени во тунели на хидроцентрали. Непалските власти ги засилија операциите за пребарување и спасување во погодените области. Во акцијата учествуваат и странски спасувачки тимови, кои им помагаат на локалните екипи во потрагата по луѓе заробени во тунели на хидроцентрали. Според официјалните информации, најмалку 90 лица останале заробени во повеќе тунели.Тагови: Непал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје08:56Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
МакедонијаОпштина Битола: Чествување за војводата Александар ТурунџевБитола одбележа 121 година од погубувањето на Александар Турунџев македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.Во име на Општина Битола пред споменикот кај „Ат Пазар“ и на неговиот гроб во Светонеделските гробишта положи цвеќе и се поклони советникот Александар Јаневски. Се поклонија и оддадоа почит и граѓани, здруженија како и членови на коњаницата Костурска чета Битола. Александар Турунџев беше повеќе од борец, беше симбол на храброст, на жртва и на визија. Ланската година со свечена церемонија и своевидна поворка која го симболизираше погибието на војводата Александар Турунџев, беше откриен споменикот на оваа значајна личност од македонската револуционерна борба под „Ат Пазар“ во Битола. Општина БитолаТагови: Општина Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС повторно се противат на европски проекти, а национален дата центар е обврска од Реформската агенда со ЕУ Талогот на СДС и Венко Филипче продолжуваат со неодговорното политикантство и со критики кон проекти од стратешко значење за иднината на државата.Развојот на индустријата поврзана со дата центри е светски тренд и значаен дел од дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста. Наместо да го поддржи развојот и заштитата на дигиталната инфраструктура и развојот на индустријата која е иднината, Филипче и СДС повторно се поставуваат против интересите на граѓаните и државата. Македонија веќе има секундарен дата центар во Прилеп, кој има важна улога во обезбедувањето резервна инфраструктура и податоци. Тоа значи дека сега секоја институција сама наоѓа начин како да ги чува податоците и во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, тие се чуваат во секундарниот дата центар. Но, на државата ѝ е потребен и основен, примарен национален дата центар, преку кој ќе се обезбеди сигурно и централизирано чување на податоците на сите државни институции. Во делот на Реформската агенда со Европската Унија, Македонија има проект за изградба на националниот дата центар и за неговата реализација се предвидени европска финансиска и техничка поддршка, а обврска на државата е да го изгради овој основен дата центар, што ќе значи современа примарна инфраструктура за безбедно чување на податоците. Ова значи поголема заштита на податоците на граѓаните и институциите, поголема отпорност на сајбер-напади и посигурни државни системи. Токму заради ова СДС и Венко Филипче, како поранешен министер за здравство, треба да бидат првите кои ги поддржуваат ваквите проекти кои ја зголемуваат сајбер безбедноста, ги штитат податоците, а воедно значат и развој на една индустрија која чекори кон иднината. Така, сите паметиме, како за време власт на СДС, системот на Фондот за здравствено осигурување беше цел на сериозен сајбер-напад, по што граѓаните се соочија со проблеми при остварувањето на своите права, исплатата на породилно, рефундацијата на средства за лекови и други услуги. Денес, наместо да извлечат поука од сопствените пропусти, СДС и Филипче се противат на изградба на инфраструктура која треба да спречи вакви ситуации во иднина и ќе донесе развој на државата. Јасно е дека СДС продолжува да се спротивставува на проекти што носат европски стандарди, дигитализација, инвестиции и поголема безбедност за граѓаните. Македонија мора да оди напред, а примарен национален дата центар е инвестиција во дигиталната иднина, сајбер-безбедноста и заштитата на податоците на граѓаните и државата. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter