Вучиќ : Не доаѓам во Загреб, Хрватите ме напаѓаат

Српскиот претседател Александар Вучиќ реши да не патува за Загреб, каде ќе се одржи Конгресот на Европската народна партија (ЕПП), каде е поканет Вучиќ, како претседател на СНС.

Вучиќ испратил писмо до Претседателот на Европската народна партија.

„Драг претседателе!

Дозволете ми да ви се заблагодарам што ме поканивте да се обратам на Конгресот на Европската народна партија на 20-21 ноември во Загреб.

Српската напредна странка се гордее со припадност кон семејството на европските народни партии и сакам да ја искористам оваа прилика за да ви се заблагодарам, драг претседателе, за сè што направивте, и за позицијата на Србија во Европа и за позицијата на Српската напредна странка во најважното семејство на европските политички партии. Исто така, ве молам, пренесете и ги честитките до нашата партиска колешка Урсула Вон дер Лејен за нејзиниот избор за шеф на Европската Комисија, убеден сум дека во овие тешки времиња ќе и покаже на цела Европа зошто нашата Европска народна партија е најдобриот, најсериозниот и најодговорен избор.

Драг пријателе,

Ви благодарам што ме поканивте лично да се обратам на Конгресот на Европската народна партија во Загреб на 20 ноември. За мене, вашиот повик е голема чест и барање за уште поодговорен пристап за решавање на многу проблеми во регионот во кој живееме. Сакам да ве известам дека подготвив, мислам, сериозна анализа на настаните во регионот, како и што треба да правиме сите заедно во наредниот период. Сепак, неколку недели наназад, и знам дека Јадранка Јоксимовиќ ве извести во нејзиното писмо за ова, постои вистинска медиумска хајка во скоро сите хрватски медиуми против моето пристигнување во Загреб и во Хрватска. Би сакал да додадам дека не постојат вистински причини за ваков вид потера, освен тоа што некои кругови во хрватското општество не можат да се навикнат на посилната улога на Србија и на фактот дека Србија економски расте и веќе не е политички на колена . Исто така, несомнено е дека одењето во Хрватска и јасно претставување на српската политика ќе и донесе значајни поени на Србија, но исто така, го зедов предвид она што е за мене најважен дел од политиката што ја претставувам, а тоа е да пружам рака и да ја отворам вратата за подобрување на односите меѓу Србите и Хрватите, меѓу Србија и Хрватска . Во исто време, во никој случај не сакам да влијаам врз натамошно влошување на позицијата на Србите во Република Хрватска.

Поради сето погоре, ве известувам дека нема да присуствувам на нашиот Конгрес во Загреб, и моето отсуство ве молам да го разберете како доказ за сила и желба да ги промениме работите на подобро, а не доказ за слабост , напиша Вучиќ во писмото до ЕПП , објави белградски Блиц .

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер