Вучиќ: Младите ќе добијат помош од државата од 100 евра - Канал 5

Вучиќ: Младите ќе добијат помош од државата од 100 евра

Претседателот на Србија Александар Вучиќ на годишната прес-конференција најави дека на 1 февруари младите од 16 до 30 години ќе добијат помош од 100 евра.

Вучиќ: Младите ќе добијат помош од државата од 100 евра

„Оние кои ќе го исполнат тој критериум, ќе имаат право да аплицираат од 15 до 30 јануари, а на 1 февруари на нивната сметка ќе бидат впишани 100 евра во динарска противвредност. Треба само да се пријават, да остават број на личната карта и број на сметката и парите ќе легнат на 1 февруари“, изјави Вучиќ. Тој најави и помош од 10.000 динари за сите здравствени работници од 15 јануари, како и помош за пензионерите од 20.000 динари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата

Шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен, ги испрати првите пораки од балканската турнеја пред утрешната посета на Скопје.

Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата

На заедничката прес-конференција со Еди Рама, синоќа во Тирана, уште една порача дека местото на Западен е во ЕУ, но под јасни правила. Повторно навести дека ќе следуваат патокази за најуспешните кандидатки но конкретно ја спомена само Албанија.

- Пристапувањето секогаш ќе остане засновано на заслуги, но мерит системот не значи бавно. Тоа е многу важно, особено во денешната геополитичка реалност и затоа ние наскоро ќе ги објавиме овие патокази за нашите најнапредни кандидати. Албанија, секако, е меѓу нив. Овие патокази ќе го претворат патот за членство во конкретни чекори, така ќе се разјасни што останува да се направи, до кога и каков процес треба да следи, изјави Урсула фон дер Лајен.

Откако реномираниот бриселски портал „Политико“ објави дека ЕУ подготвува нови патокази за членство за четири држави, Украина, Молдавија, Албанија и Црна Гора, но меѓу нив не е Македонија, премиерот Христијан Мицкоски изрази скептичност дека Македонија ќе остане без патоказ и најави дека се подготвени да дебатираат со шефицата на Европската Комисија во Скопје, а аргументите од македонската страна се, како што кажа, познати и непроменети.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче, пак, во пресрет на посетата на Фон дер Лајен упати остри критики до премиерот Мицкоски за намерна изолација на земјава, додека други земји според него имаат јасна перспектива за членство во ЕУ.

-Притоа Христијан Мицкоски сè уште глуми патриот. Ќе го бранеше името, јазикот, културата, идентитетот. Па сè е зачувано во меѓународните договори. Тие тоа го признаваат. Па сега некои будалаштини збори дека Исланд не сакал во Европска Унија, па Исланд е дел од заедничкиот пазар. Па може ли таков идиот да е човекот комплетен, да нè изолира целосно. А на Христијан сакам да му порачам нека размисли добро, ако треба вечер нека не спие. Што ќе ѝ каже утре на Фон дер Лајен, да не се игра со иднината на земјата затоа што може да му судат следните генерации, изјави Филипче.

Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ експресно реагираа и го осудија, како што велат, говорот на омраза од Филипче кон Мицкоски, кој според нив не доликува не доликува на професор, доктор и политичар.

-Ова е срам за македонската политичка сцена, за СДС и за Филипче како нејзин претседател. Вакви срамни навреди кон претседател на Влада не и доликуваат на една опозиција која претендира да биде некогаш власт. Секој нека се запраша: дали би му довериле одговорност и управување со вашите животи на човек кој во јавната комуникација употребува вокабулар како „идиот“? Суштината на неговиот денешен испад и недоличното манифестирање и невоспитано однесување, не е во тоа дали Исланд е дел од заедничкиот европски пазар. Прашањето е дали презел политички обврски што сега не може да ги исполни и дали токму тоа е причината за ваквата нервоза, изјави координаторот на ПГ на ВМРО-ДПМНЕ, Мицевски.

По вчерашната посета на Тирана, шефицата на ЕК, денеска е во посета на Приштина и Подгорица, а утре ќе пристигне во Скопје каде ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дресот на Мајкл Џордан од „Последниот танц“ продаден за фантастични 12,26 милиони долари!

Дресот што еден од најдобрите кошаркари на светот во историјата, Мајкл Џордан го носеше на третиот натпревар од финалето на НБА во 1998 година против „Јута џез“ е продаден на аукција за неверојатни 12,26 милиони долари.

Дресот на Мајкл Џордан од „Последниот танц“ продаден за фантастични 12,26 милиони долари!

Дресот што еден од најдобрите кошаркари на светот во историјата, Мајкл Џордан го носеше на третиот натпревар од финалето на НБА во 1998 година против „Јута џез“ е продаден на аукција за неверојатни 12,26 милиони долари, со што стана најскапиот кошаркарски дрес некогаш продаден.

Легендарниот бел дрес на Чикаго Булс со бројот 23, што Мајкл Џордан го носеше на 7 јуни 1998 година во „Јунајтед центар“ во Чикаго, стана дел од историјата и надвор од кошаркарскиот терен.

Дресот е продаден на аукција за вкупно 12,26 милиони долари, со што беше поставен нов рекорд за кошаркарски дресови.

Иако Џордан постави нов рекорд кога станува збор за кошаркарски дресови, неговиот дрес не е најскапиот спортски дрес некогаш продаден. Тој рекорд сè уште му припаѓа на легендарниот бејзбол-играч Бејб Рут.

Неговиот дрес од Светската серија во 1932 година, додека настапувал за „Њујорк Јанкис“, беше продаден за дури 24,12 милиони долари.

На тој меч од финалната серија, таа вечер, Чикаго предводен од Џордан ја декласираше Јута со убедливи 96:54 за водство во серијата од 2-1 во победи. На крајот, Чикаго победи со вкупен резултат 4-2, а Џордан го освои својот шести и последен шампионски прстен во кариерата.

YouTube video

Аукцијата беше организирана од платформата JOOPITER, чиј основач е познатиот музичар Фарел Вилијамс. Интересно е што за овој историски предмет беше добиена само една обврзувачка понуда.

Почетната цена изнесуваше 10 милиони долари, а дополнителните трошоци за купувачот во висина од 2,26 милиони долари ја зголемија конечната цена на рекордни 12,26 милиони долари. На тој начин се остварија предвидувањата на експертите, кои ја проценија вредноста на дресот на Џордан на сума меѓу 10 и 15 милиони долари. Со тоа, Џордан го надмина сопствениот рекорд.

Претходно, најскапиот кошаркарски дрес исто така беше негов – црвениот дрес од првиот натпревар на истото финале во 1998 година, кој во 2022 година беше продаден за нешто повеќе од 10 милиони долари.

Посебната вредност на овој предмет произлегува од фактот што, според аукциската куќа „JOPITER“, тој е единствениот јавно познат бел дрес на Џордан од победата на „Чикаго Булс“ во финалето во 1998 година што се појавил на пазарот.

Третиот натпревар од финалето во 1998 година се памети како една од најубедливите победи во историјата на финалињата на НБА. „Булс“ победија со разлика од дури 42 поени, додека 54-те поени на Јута претставуваа најмал број поени постигнати од еден тим на натпревар од финалето на НБА во тоа време.

За 32 минути поминати на теренот, Џордан постигна 24 поени, остварувајќи и три скока, две асистенции, една украдена топка и една блокада. Победникот беше одлучен многу пред крајот на натпреварот, па на Џордан не му беше ни потребно да игра во четвртата четвртина. Единствениот познат бел дрес на Џордан од финалето во 1998 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седум американски сојузни држави поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп

Калифорнија и шест други американски сојузни држави поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп поради тоа што им ги ускратила средствата одобрени од Конгресот.

Седум американски сојузни држави поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп

Во тој „пакет“ беа вклучени околу 810 милиони долари што Белата куќа се обиде да ги укине пред крајот на фискалната година. Минатата недела, Трамп се обиде еднострано да ги задржи средствата одобрени од Конгресот за трошење во областите на имиграцијата, расните прашања и образованието.

Тужбата претставува нов правен спор околу границите на претседателските овластувања кога станува збор за трошењето јавни пари.

Потегот на Трамп да побара од Конгресот да ги задржи средствата толку блиску до крајот на фискалната година – со што законодавците не би имале доволно време да реагираат – наиде на критики од двете партии.

Имено, критичарите го оценија потегот на Трамп како обид да се заобиколи уставното овластување на Конгресот во однос на федералните расходи.

Во тужбата, поднесена пред окружниот суд во Калифорнија и предводена од јавниот обвинител на Калифорнија, Роб Бонта, се тврди дека одбивањето на администрацијата да ги потроши наменските средства ја нарушува уставната поставеност на власта, како и други одредби од Уставот.

„Сè уште сме згрозени од очигледното непочитување на основните уставни рамки на нашата власт од страна на претседателот Трамп. Тоа што на претседателот не му се допаѓа програмата, не значи дека може да ги скрати средствата за неа“, изјави Бонта.

Уставот му гарантира на Конгресот овластување да троши јавни средства, но Белата куќа минатата недела изјави дека програмите што ги финансираат поттикнуваат нелегална имиграција, расни тензии и непотребни стравови за животната средина.

Федералните држави, пак, тврдат во својата тужба дека напорите на администрацијата на Трамп да ги задржи федералните средства ги поткопуваат ексклузивните права на Конгресот да управува со федералниот буџет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер