Вучиќ: Македонија го смени и името, па не ја примија во ЕУ - Канал 5

Вучиќ: Македонија го смени и името, па не ја примија во ЕУ

Македонија дури и името го смени, а ЕУ ни тогаш со таа земја не ги отвори пристапните преговори, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ:  Македонија го смени и името, па не ја примија во ЕУ

Тој со ова одговори на новинарско прашање во специјална емисија на ТВ Прва, зошто ЕУ нема отворено ниту едно преговарачко поглавје со Србија.

– Навистина има многу работи што треба да ги направиме подобро и поинаку, ги започнавме и ќе продолжиме. Но, да ги поставиме работите сосема отворено. ЕУ не отвори преговори со Македонија која дури и го смени името на државата, а тие им ветуваа кули и градови, и нема со што се не ги измамуваа, а на крајот не ги отворија преговорите, кажа Вучиќ.

Тој изјави и дека Србија забрзано се приближува кон ЕУ кога станува збор за европскиот стандард, но дека не може да го достигне тоа одеднаш, бидејќи заостанувала повеќе од 100 години.

– Ако продолжиме вака, и ако сме број еден во следните три години во однос на економскиот раст во Европа, таа разлика драстично ќе се намали, посочи претседателот на Србија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бугарското МВР го примило известувањето дека Македонија ја бара Михаилова

Бугарското министерство за внатрешни работи го примила известувањето од Македонија дека ја бара Ива Михаилова, откако вчера беше распишана меѓународна потерница по неа..

Бугарското МВР го примило известувањето дека Македонија ја бара Михаилова

Како што објави бугарската национална телевизија – БНТ, дирекцијата за меѓународна оперативна соработка при бугарското МВР примило порака од Интерпол - Скопје со како што се наведува, барање за меѓународна потрага заради апсење и екстрадија на Михаилова, обвинета за кршење на сообраќајни правила..

БНТ пишува дека во моментов, немало издадена црвена потерница и дека бугарските власти не преземаат никакви мерки за да утврдат каде се наоѓа Михаилова..

Од бугарското министерство за внатрешни работи, во одговорот до медиумите, постетува дека согласно уставот, државјанин на Бугарија не може да биде екстрадиран во друга држава или на меѓународен суд заради кривично гонење, освен ако тоа не е предвидено во меѓународен договор ратификуван, објавен и стапен во сила...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот Гоце Димовски во посета на компанијата Гересхајмер во ТИРЗ Скопје 2

Директорот Гоце Димовски денес ја посети Гересхајмер во ТИРЗ Скопје 2, каде оствари средба со менаџментот на компанијата, по што следеше и обиколка на производствените капацитети. 

Директорот Гоце Димовски во посета на компанијата Гересхајмер во ТИРЗ Скопје 2

На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, нејзините развојни планови и можностите за натамошно унапредување на соработката со Дирекцијата за ТИРЗ.

Директорот Димовски посочи дека компаниите како Гересхајмер имаат значајна улога при позиционирањето на Македонија како атрактивна дестинација за странските директни инвестиции. Тој додаде дека ваквата континуирана комуникација и партнерски однос меѓу Дирекцијата за ТИРЗ и сите инвеститори е со цел навремено адресирање на нивните потреби и создавање услови за одржлив раст и понатамошен развој.

Менаџментот на компанијата ги презентираше досегашните активности и резултати, при што беше истакнато задоволство од досегашната соработка со Дирекцијата. Тие ја истакнаа важноста на институционалната поддршка и предвидливата деловна средина што ја нуди ТИРЗ, оценувајќи ја како еден од клучните предуслови за одржување на ефикасноста.

Инаку, на почетокот на годинава, Гересхајмер започна со производство на медицинско стакло во својот втор производен капацитет. Дирекцијата за ТИРЗ и натаму продолжува активно да работи на унапредување на деловната клима, со цел привлекување на нови странски диреДиректорот Гоце Димовски во посета на компанијата Гересхајмер во ТИРЗ Скопје 2ктни инвестиции, како и поттикнување на постоечките инвеститори за проширување на своите проекти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шест повредени полицајци по насилниот протест во Тирана

Шестмина полициски службеници се повредени по насилните инциденти на вчерашниот протест во Тирана, соопшти албанската полиција.

Шест повредени полицајци по насилниот протест во Тирана

16 лица биле уапсени, а против 50-ина е покрената кривична постапка по протестот кој прерасна во судир со полицијата, кога дел од учесниците почнаа да фрлаат камења, бетонски плочи, пиротехнички средства и молотови коктели кон полицајците и кон зградата на министерството за образование.

Протестот го организираа студенти и млади луѓе незадоволни од состојбите во образованието, високите трошоци за студирање, недоволната финансиска поддршка и слабите можности за вработување по дипломирањето, објави Ројтерс.

Приведените се товарат за напад врз службено лице, незаконско постапување со експлозивни и запаливи материи и оштетување и палење имот..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер