3НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено
БалканВучиќ: Курти сам призна дека ги прекршиле нормите на меѓународното правоСрпскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар на прес-конференцијата, зборувајќи за апсењето на припадниците на косовската полиција.Српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар на прес-конференцијата, зборувајќи за апсењето на припадниците на косовската полиција повтори дека никогаш не се случило припадници на српската војска или полиција да ја преминале административната граница со Косово, јави дописникот на МИА од Белград. - Ако го прашате КФОР, тие ќе кажат дека статистички Србија никогаш не го направила тоа, од друга страна, има неколку работи кои се многу важни што мора да ги знаете, да сметате дека Курти сè што кажал е вистина, дека тој самиот призна да тие ги прекршиле сите норми на меѓународното право. Тој рече дека тие биле 300 метри во административната територија во рамките на Косово, но дали вие знаете дека тие немаат право да бидат таму. Кога ќе дојдат на километар мора 36 часа претходно да се пријават во КФОР, тие немаат право воопшто да бидат таму, не смеат според воено-техничкиот договор, рече Вучиќ. Кога станува збор за средбата со амбасадорите на Квинта, Вучиќ рече дека Србија е подготвена да даде целосен увид во евиденцијата. - Понудив не само да ги погледнат сите снимки, спремни сме да дадам целосен увид, докази, сè да се види и полицијата и војската. Им ги понудивме нашите лицата кои апсеа, да донесат вештачење, да донесат свои полиграфи и да им поставиме две прашања, дали сте учествувале во апсењето на овие лица и дали сте ги уапсиле на територијата на централна Србија или на АП на Косово и Метохија. И сите лица се подготвени да одговорат на тие прашања, рече Вучиќ. Тој додаде дека ситуацијата на Косово е ужасно тешка и дека се обидува да го зачува мирот по секоја цена, но има работа со луѓе кои по секоја цена не сакаат мир и дека се надева дека ЕУ и САД ќе имаат доволно сила да ги вразумат оние кои се однесуваат ирационално. Претседателката на Словенија на прес конференцијата изјави дека би сакала да ја види имплементацијата на ЗСО, дека не гледа причина зошто тоа да не се спроведува. - Во овие тешки моменти за Белград и Приштина, апелирам дека дијалогот е единственото решение за смирување на ситуацијата, не сакаме конфликти во регионот на Западен Балкан, Косово мора да го направи својот дел од работата, рече таа и апелираше дијалогот да мора да продолжи, за ситуацијата да се смири. - Косово мора да го направи својот дел. Во октомври ќе отпатувам за Приштина, каде на овие теми ќе разговарам со Вјоса Османи. Дијалог, дијалог и само дијалог – не сакаме конфликти на Западен Балкан, мислам дека зацртаниот пат треба да биди јасен, истакна Наташа Пирц Мусар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаОд полноќ значително намалување на цените на гориватаНово значително намалување на цените на горивата. Бензините Еуросупер БС-95 и БС-98 поевтинуваат за седум денари по литар, а дизелот за 5,5 денари... Од полноќ, новата цена на 95-ката ќе изнесува 86 денари, а на 98-ката, 88 денари за литар. Дизелот ќе се продава по 94,5 денари за литар. Од регулаторна кажаа дека намалувањето на цените е резултат на падот на берзанските цени на нафтените деривати, понискиот курс на доларот, но и владините мерки за намалување на акцизите за бензините и дизелот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаСДСМ: Мицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во ГерманијаМицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во Германија, додека се распаѓа финансискиот систем, тој на екскурзија.Мицкоски вели дека изминатите денови бил многу лично фокусиран на предметот за Алта банка и дека денеска е голем оптимист. Банката ќе биде спасена. Опозицијата ќе биде разочарана. Лично фокусиран Мицкоски ама во Германија. Додека се распаѓа финансискиот систем на Македонија, додека се воведува присилна управа во банката, а луѓето не можат до своите пари за храна, пензионерите за лекови – тој беше на екскурзија по Германија, толку е фокусиран. Опозицијата не сака црно сценарио. Сценариото веќе е доволно црно затоа што банката е пералница на пари на Вучиќ, од неговиот картел во кој е Мицкоски. 11 месеци предупредуваме на ова сценарио. Сега кога обвинителот Савески добил зелено светло преку медиумите дека шефот Мицкоски му вели дека може да почне да работи, нека почне од Мицкоски и гувернерот. Па да види што се договориле со Вучиќ. Заради вакви работи, ѕвонење по телефон, управување со обвинителството од говорница и телевизија е состојбата во правосудството заради која е таков извештајот на Европската комисија. Важна работа е да се претстават на јавноста сметките и трансакциите пред Мицкоски со насилно преземање од страна на банка на која и се врши притисок. Обвинителството и полицијата да известат за сè што се случувало во банката. Банка со вакво портфолио, под истрага, сопственик во затвор, сметки што се отвораат во Белград, перење пари, истраги во Хрватска, Црна Гора, Австрија, централна банка на ЕУ – ниту една банка не би ја зела освен под притисок, и тоа се знае дека е една банка на која Мицкоски и врши притисок. Денеска Мицкоски повторно ја извртува вистината. Банката во Австрија не дала дозвола за работа, туку НБС и НБРМ. Тоа што преземале банка сега е под истрага. Знае Мицкоски каде води истрагата. Знае дека Вучиќ ќе го повлече со себе. Знае дека по Орбан, Вучиќ доаѓа потоп. Вели „увезен проблем“! Да. Тој го увезе од својот шеф Вучиќ, како што извезе 5 тони за село Коњух. И пак како со фантомските инвеститори, некоја банка, 5, 6 банки. Секогаш лага и само лага. Нека каже која е банката за да не мораме ние да кажеме, бидејќи веќе сè знаеме. Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија. Ако продолжите да ја чувате бандата, ќе одговарате заедно со неа. Вистината излегува. Бандата ќе одговара. Скопје,9.11.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непреченоОд денеска се отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола и во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, коишто работат од 6 ноември. На овие шалтери граѓаните коишто немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари.Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и според утврдениот распоред. Во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имаше краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика. Исплатите ќе продолжат и во следните денови, со цел клиентите на Банката да можат да располагаат со своите средства. Исто така, од оваа недела се зголемува неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари. Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема соодветни активности, приспособувајќи ги мерките во согласност со развојот на состојбите. Приоритет останува обезбедувањето уредно опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter