БалканВучиќ: Ќе имаме предвремени парламентарни избори,а никако преодна влада Претседателот на Србија ,Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ ѝ се обраќаат на јавноста и им соопштуваат на граѓаните важни одлуки.-Тоа што го кажа Ана значи следново. Прилично е јасно дека се надеваат на некои други работи што нема да се случат и никогаш нема да се случи некој на улица да ја преземе контролата. Имаше премногу во оваа земја во минатото, одамна беше готово. Ќе чекаме на разговорите да се појави некој со малку поголема одговорност, а не тој да направи нешто за нивните ситни, партиски потреби – рече Вучиќ. - Верувам дека допрва ќе најдеме соговорници меѓу оние кои треба да покажат одговорност. Ако не најдеме соговорник - ќе одиме на избори затоа што има рокови. Таа се повлекува од Народното собрание, јас имам обврска да го понудам мандатот за претседател. Кога ќе се утврди дека нема мнозинство, можно е и некој друг да го постигне мнозинството, се разбира. Кога ќе истече тој месец, претстојат уставните рокови за одржување избори. Задоволен сум од работата на Ана Брнабиќ. Секогаш сме подготвени да се договориме, но не се работи за нечија партиска волја, туку на сите политички фактори. - Ќе имаме предвремени парламентарни избори, само прашање е на месец, кога ќе се одржат. -Дојдовме до барање Братислав Гашиќ да биде разрешен, премиерката не сака да биде принудена да го разреши министерот за полиција. - Јас како претседател на Републиката ќе ги чекам на разговори. Да повторам, нема да има преодна влада, затоа што тоа бара моја одлука и јас никогаш нема да донесам таква одлука и нема разговори и преговори за тоа прашање. -Не затоа што тоа е нечиј политички каприц, како претседател веројатно би бил уште попопуларен ако го предложам, не ми паѓа на памет, тоа е уништување на Србија, тоа значи дека со Србија владеат тајкун и неколку странски центри. Се заколнав, ќе ја почитувам независноста на Република Србија и никогаш нема да учествувам во такво нешто против моите интереси. - Способни сме да издржиме и толерираме сѐ, да не ги загрозиме демократските правила и да не се повтори 2008 година кога некои не дозволија прошетка до РТС, а Паниќ беше убиен. Се држиме настрана од каква било одлука на државата која може да доведе до каква било примена на физичка сила врз демонстрантите. Обраќање на Ана Брнабиќ - Ова е мојот трет мандат како премиер на Владата. Се трудев да си ја работам работата на најдобар можен начин, се трудев и дадов сѐ од себе. Гордѐ сум на тоа што го направивме и што сум еден од најблиските соработници на Александар Вучиќ. Мислам дека сè што направивме не беше совршено. Некогаш моравме често да носиме некои одлуки во краток временски период, но мислам дека резултатите се неспорни и дека Србија никогаш не напредувала на овој начин, рече Брнабиќ , објави српски Курир.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook