БалканВучиќ и косовската претседателка Османи избегнуваа и да се погледнат на самитот во МолдавијаИ српскиот претседател Александар Вучиќ и косовската претседателка Вјоса Османи денеска во Молдавија тврдеа дека нивните земји работат на деескалација на кризата во северно Косово.При пристигнувањето во Молдавија, на состанокот на Европската политичка заедница, формат кој собира околу педесетина европски лидери, Вучиќ и Османи не се погледнаа ниту кога стоеја на неколку метри. Двете страни се под меѓународен притисок да ја решат последната од серијата кризи меѓу двата главни града. Неколку десетици војници на КФОР, силите на меѓународната заедница под раководство на НАТО, беа повредени во понеделникот попладне во судир со српски демонстранти во општина Звечан на северот на Косово. Српските демонстранти, меѓу кои има и неколку десетици повредени, се спротивставија на доаѓањето на градоначалниците Албанци во општините по изборите, кои беа бојкотирани од Србите. Османи рече дека Белград се обидува да го дестабилизира Косово бидејќи не може да се справи со прогласувањето независност од Србија во 2008 година. „Сите разбираме дека вистинската закана всушност доаѓа од одбивањето на Србија да го признае постоењето на Косово како суверена држава“, рече таа. Таа го обвини Вучиќ за поддршка на криминалните банди на северот на Косово со мнозинско српско население, кои се одговорни за повредување на силите на НАТО и српските демонстранти. „Претседателот Вучиќ треба да престане да ги поддржува криминалните банди на Косово. Тоа треба да го направи ако навистина сака мир. Само треба да го покаже тоа“, продолжи Османи. Србија ги отфрла тие обвинувања, а Вучиќ во Молдавија бил помирен во реториката од Османи. Тој рече дека косовските власти мора да ги повлечат „наводните градоначалници“ од северот и потврди дека косовските специјални сили се таму илегално. „Србија ќе направи сѐ што може за да ја деескалира ситуацијата, што значи дека ќе се обидеме да ги убедиме Србите да продолжат мирно да живеат“, рече тој. Србите на северот на Косово бараат имплементација на договорот од 2013 година со посредство на Европската унија, кој предвидуваше создавање на заедница на автономни српски општини на северот. Османи и Вучиќ денеска одделно ќе се сретнат со францускиот претседател Емануел Макрон и со германскиот канцелар Олаф Шолц. Нема индикации дека ќе се сретнат заедно. Вучиќ рече дека не знае кој од претставниците на Косово доаѓа на средбата. Движечка сила зад операциите на специјалните единици на север, одржани на денот кога Вучиќ организираше митинг на своите приврзаници во Белград, е косовскиот премиер Албин Курти. Поради ова, меѓународната заедница го критикуваше, вклучително и САД, долгогодишен сојузник на Косово. Сепак, Османи пристигна на средбата и најави разговори со „европските лидери кои се за мир, стабилност и владеење на правото“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДУИ обвинува за непочитување на законот за употреба на јазиците во ИЈЗДУИ обвинува за непочитување на Законот за употреба на јазиците во државните институции, посочувајќи го како последен пример Институтот за јавно здравје. Од партијата тврдат дека директорката Марија Андоновска наредила службената комуникација да се одвива исклучиво на македонски јазик, а раководителите на секторите добиле инструкции преку телефонски пораки да ги известат вработените дека двојазичните документи повеќе нема да се прифаќаат. Бараат Владата и инспекторатот за употреба на јазиците да утврдат одговорност за функционерите, кои според нив, се поставуваат над законот. -Со кое право директорка на државна институција си дозволува да прогласува за неважечки документи што го содржат албанскиот јазик? Кој ѝ дал надлежност да се поставува над законот. Затоа, денес директно ѝ се обраќаме на Владата на Македонија. Внимателно и темелно преиспитајте ги постапките на вашите функционери, кои се осмелуваат да се поставуваат над законот. Бараме конкретна одговорност за непочитувањето на Законот за употреба на јазиците, изјави Хоџа. Директорката на Институтот за јавно здравје, Андоновска, пак, категорично ги отфрла ваквите тврдења од ДУИ. Во изјава за Канал 5 ги оцени како лаги и политички притисоци. Децидна е дека во Институтот целосно се почитува Законот за јазици, а тоа според неа го потврдиле и од Инспекторатот за употреба на јазиците во контролата што ја извршиле во неодамна. -Апсолутно ги отфрлам тврдењата на ДУИ. Во институтот доследно се почитува Законот за јазици. Тоа не е само моја изјава, туку ние имавме и посета од страна на инспектори во изминатиов период од Инспекторатот за употреба на јазиците и тие не утврдија никакви неправилности туку напротив, потврдија дека во Институтот доследно се почитуваат јазиците. Ваквите искази од ДУИ имаат за цел некои други мотиви. ДУИ не можат да разберат дека нема повеќе „како и до сега“. Поминаа времињата кога се земаше плата и не се одеше на работа, изјави Андоновска. Според Андоновска не е првпат ДУИ да политизира нешто кадешто нема политика. Слични реакции од партијата на Ахмети имаше и во јуни кога реагираа поради промовирање натписи или содржини во институтот кои биле испишани само на македонски јазик. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаАД МЕПСО доделува 15 стипендии за студентите по електротехникаНа иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ од по 12.000 денари, наменети за поддршка на младите стручни кадри од областа на електротехниката. Одлуката официјално беше презентирана на денешната средба на која присуствуваа ректори, декани, професори и студенти од факултетите со кои АД МЕПСО има потпишано меморандуми за соработка. Со оваа програма ќе бидат опфатени по тројца студенти од пет соодветни факултети во земјава: Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје, Техничкиот факултет во Битола, Универзитетот во Тетово, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Универзитетот „Мајка Тереза“. „Нашата цел не е само да им обезбедиме финансиска поддршка на студентите, туку да ги запознаеме најдобрите и најмотивираните млади луѓе со работата и можностите што ги нуди МЕПСО. Сакаме да го поддржиме нивниот професионален развој и да создадеме услови тие утре да бидат дел од нашиот колектив“, истакна генералниот директор на МЕПСО, Бурим Љатифи. Иницијативата на министерката Божиновска е директно надоврзување на позитивните искуства на Министерството со програмите за практикантска работа и вработување на млади инженерски кадри. „Верувам дека иднината на македонската енергетика зависи од можностите што денес им ги даваме на младите. Сакам студентите уште за време на студиите да видат како знаењето од факултет се применува во пракса, да учат од луѓе со искуство и да добијат можност да работат на вистински проекти. Затоа ми е важно универзитетите и компаниите да соработуваат. Сакам младите да ја видат својата професионална иднина тука, во својата земја, и да знаат дека имаат место во развојот на македонската енергетика“, истакна министерката Божиновска. Министерството за енергетика останува цврсто посветено на градењето долгорочни мостови меѓу образованието и енергетскиот сектор. Вложувањето во знаењето на младите инженери е наш врвен приоритет за обезбедување енергетска независност, одржлив развој и задржување на најдобрите кадри во нашата земја. Продолжуваме со креирање политики и иницијативи што ќе отвораат нови можности за стручно усовршување и професионална реализација на младите во македонскиот енергетски систем. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: АД МЕПСО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНБ: Денеска реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Струмица и ТетовоОвозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити.Денеска продолжи исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички. Исплатата се врши на шалтерите во Битола, а од денеска и во Тетово и во Струмица, каде што граѓаните можат да подигнат до 20.000 денари. Во текот на денешниот ден, во трите града се реализирани вкупно 750 исплати. Исплатата се одвива непречено, со добра организација и согласно утврдената динамика. Од денеска, клиентите на Банката на шалтерите во Битола, Струмица и Тетово можат да вршат и уплати за комунални услуги, како и да ги намируваат обврските за отплата на кредитите. Со ова се овозможува полесно извршување на дел од нивните тековни финансиски обврски. Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари. Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема активности за постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Приоритет останува обезбедувањето пристап до нивните средства и непречено извршување на платежните услуги за клиентите на Банката.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook